1Уапсени се четири возачи од Тетово и околината- возеле пијани,без дозвола и предизвикале сообраќајки
3Николас Леврат, специјален известувач на ОН: Во регионот постојат силни сили кои сакаат да го негираат македонскиот идентитет
ЗдравјеМАГО по повод Светскиот ден на лупус : Со навремена дијагноза и подготовка, мајчинството е можно и со автоимуни заболувањаМакедонската асоцијација на гинеколози и опстетричари (МАГО) го одбележува 10 Мај – Светскиот ден на лупус.Македонската асоцијација на гинеколози и опстетричари (МАГО) го одбележува 10 Мај – Светскиот ден на лупус, со цел подигнување на свеста за ова комплексно автоимуно заболување кое најчесто ги погодува жените во нивните најпродуктивни години. Годинава, овој значаен ден се совпаѓа со одбележувањето на Неделата на женското здравје, ставајќи посебен акцент на една од најчувствителните теми – интеракцијата помеѓу лупус и бременоста. Лупус не смее да биде пречка за остварување на желбата за мајчинство, но бара исклучително висок степен на свесност, планирање и медицинска поддршка. Статистиките покажуваат дека бременостите кај жени со автоимуни заболувања се во пораст, што ја наметнува потребата од гласно зборување за ризиците, но и за можностите и решенијата. Зошто е важна свесноста на овој ден? Планирањето е клуч на успехот: Најголемиот ризик кај пациентките со лупус доаѓа кога бременоста е непланирана. Стручната јавност укажува дека зачнувањето треба да се случи во фаза на ремисија (смирување) на болеста, со цел да се минимизираат шансите за компликации како прееклампсија, спонтан абортус или предвремено породување. Мултидисциплинарен пристап: Жената со лупус има потреба од координирана грижа од ревматолог, гинеколог-акушер и педијатар, кои заеднички ќе го следат текот на бременоста и евентуалното влијание на специфичните антитела врз фетусот. Справување со стравот и стигмата: Светскиот ден на лупус е можност да се испрати порака дека со современ мониторинг, соодветна терапија и редовни контроли, ризиците можат успешно да се менаџираат, а жените со лупус да имаат здрава бременост и квалитетен живот. Токму во насока на едукација и поддршка на жените, во рамките на Неделата на женското здравје, д-р Ирена Тодоровска ќе одржи стручно предавање на тема „Автоимуни заболувања и бременост“. Преку ова предавање ќе бидат образложени клучните аспекти на внимателното менаџирање на бременоста кај пациентките со лупус и антифосфолипиден синдром, со цел да се осигура здравјето на мајката и новороденчето. На овој 10 мај, Македонската асоцијација на гинеколози и опстетричари ја испраќа пораката: Информираната жена е заштитена жена. Поддршката од околината, мултидисциплинарниот пристап и едукацијата се клучни за жените со лупус да водат квалитетен живот и безбедно да се остварат во улогата на мајки, се наведува во соопштението.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести42-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07Претепаната жена од Гостивар е во стабилна состојба, насилниот сопруг е однесен во Бардовци 10:09Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14Во Охрид состанокот на лидерите во рамките на Процесот Брдо-Бриони15:14Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31
42-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07
Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14
Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31
Црна хроникаУапсени се четири возачи од Тетово и околината- возеле пијани,без дозвола и предизвикале сообраќајки Лишени од слобода четири возачи во Тетово и тетовско, управувале возила под дејство на алкохол, за време на активна забрана и без дозвола и учествувале во сообраќајни незгоди .На 28.11.2026 во 11:00 часот во Тетово, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишија од слобода М.Х.(44) од Тетово. Претходно, тој со патничко возило „шкода“ со тетовски регистарски ознаки учествувал во сообраќајна незгода со телесни повреди, а по преземени мерки било констатирано дека возилото го управувал под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,92 промили алкохол во крвта, како и под активна мерка забрана за управување на моторно возило од Б категорија. На 28.11.2026 во 15:25 часот на регионалниот пат Скопје-Тетово, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишија од слобода Р.А. (30) од с.Церово, тетовско. Тој со патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки учествувал во сообраќајна незгода со повредени лица, при што било утврдено дека го управувал возилото без возачка дозвола. На 29.11.2026 во 02:30 часот на регионалниот пат Тетово-Скопје, во с.Желино, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово ги лишија од слобода А.Љ.(22) од с.Ларце, тетовско, и Б.Ш.(49) од с.Сараќино, тетовско. Тие претходно учествувале во сообраќајна незгода со патничко возило „фолксваген голф“, кое го управувал А.Љ. и патничко возило „сааб“, кое го управувал Б.Ш., двете со тетовски регистарски ознаки. Додека, по преземени мерки било констатирано дека А.Љ. го управувал возилото за време на активна мерка забрана за управување со моторно возило, додека кај Б.Ш. биле измерени 1,94 промили алкохол во крвта. По документирање на настаните, против лицата ќе бидат поднесени кривични пријава по член 297-а од Кривичниот законик, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести42-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07Претепаната жена од Гостивар е во стабилна состојба, насилниот сопруг е однесен во Бардовци 10:09Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14Во Охрид состанокот на лидерите во рамките на Процесот Брдо-Бриони15:14Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31
42-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07
Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14
Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31
РакометГрди сцени по ракометното дерби во Битола- уништени трибините, искршени столчињата (ВИДЕО)Ракометното дерби помеѓу Пелистер и Охрид во Битолa привлече големо внимание, а салата „Боро Чурлевски“ беше преполна до последното место. Сепак, натпреварот го одбележа и непријатен инцидент на трибините. Околу 250 навивачи на Охрид отпатуваа во Битолa за да го бодрат својот тим, кој беше блиску до изненадување во тежок натпревар на гости. Сепак, по завршувањето на натпреварот, фокусот на вниманието беше на штетата на делот од трибините наменет за гостинските навивачи. Според медиумите, навивачите на Охрид, познати како „Рибари“, оштетиле и скршиле голем број пластични столчиња, што предизвикало незадоволство кај домашната публика. Останува да се утврди колкава е материјалната штета и кој ќе ја сноси одговорноста. Постои можност финансиските последици да бидат префрлени и на Ракометниот клуб Охрид, доколку се утврди неговата одговорност за оштетениот инвентар. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести42-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07Претепаната жена од Гостивар е во стабилна состојба, насилниот сопруг е однесен во Бардовци 10:09Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14Во Охрид состанокот на лидерите во рамките на Процесот Брдо-Бриони15:14Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31
42-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07
Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14
Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31
БалканПолицијата во Тирана врз демонстрантите фрла солзавец со дронови (ВИДЕО)Антивладините протести во Тирана, одржани во саботата, на денот кога Албанија ја одбележува 114-годишнината од независноста, ескалираа во едни од најнасилните судири од почетокот на месеците немири. Полицијата користеше водни топови, гумени куршуми и дронови за да ја растера толпата, додека најмалку 30 лица беа повредени во немирите, објави Кликс. Според снимките и извештаите од теренот, безбедносните сили користеа дронови за да фрлаат солзавец врз собраните демонстранти. Демонстрантите одговорија со соборување на најмалку едно полициско беспилотно летало, кое потоа целосно го уништија на улицата. Иако првичните извештаи покажаа дека осум лица се хоспитализирани, вкупниот број на повредени во судирите во саботата се искачи на 30, според ажурираните податоци од Министерството за здравство и социјална заштита на Албанија. Меѓу нив се девет полицајци, 12 демонстранти, шест медиумски работници и тројца минувачи. Министерството потврди дека сите пациенти кои биле лекувани се во стабилна состојба, додека полицијата, според првичните извештаи, уапсила најмалку тројца учесници во протестот. 🚨🇦🇱 WATCH: ALBANIAN POLICE DEPLOY TEAR GAS FROM DRONES DIRECTLY ABOVE PROTESTERS IN TIRANA, PUTTING CITIZENS AT RISK OF BEING STRUCK BY GAS CANISTERS AND EXPOSED TO TOXIC CHEMICAL AGENTS #AlbaniaProtest #Albania #FreeAlbania https://t.co/9wklTD88iV — Anonymous TV 🇺🇦 (@YourAnonTV) November 28, 2026 Илјадници граѓани, кои пристигнаа во главниот град од сите делови на Албанија, како и од дијаспората, првично мирно се собраа на плоштадот Скендербег, извикувајќи „Оставка!“. и носејќи транспаренти со пораки како „Албанија не е на продажба“. Ситуацијата излезе од контрола откако колоната се упати кон Булеварот на мачениците на нацијата и зградата на Владата. Мали групи маскирани лица се одвоија од толпата и фрлаа камења и молотови коктели кон полициските и државните згради, а цел беше и седиштето на владејачката Социјалистичка партија. Демонстрантите кршеа прозорци во зградите на Министерството за транспорт и Централната банка, се обидоа да ја скршат вратата на Министерството за внатрешни работи и да се пробијат до канцеларијата на премиерот Еди Рама, но полицијата ги потисна. Уличните камери за надзор беа исто така уништени, додека силните полициски сили вршеа детални проверки на возилата на сите влезови во Тирана. Европската унија, на која Албанија има за цел да се приклучи до 2030 година, исто така се огласи за новата ескалација на насилството. ЕУ побара истрага за наводите за прекумерна употреба на полициска сила и ги повика сите страни итно да ги деескалираат тензиите. Собраните граѓани изјавија дека нема да се откажат од своето барање за смена на премиерот Еди Рама, кој е на власт од 2013 година, истакнувајќи ја корупцијата, сиромаштијата и масовната емиграција како главни причини за излегување на улица. Пензионерите посочија на тешкиот живот со приход од само 120 евра месечно, додека студентите повикаа на промена на целиот систем. Саботните протести се продолжение на бранот демонстрации што трае од крајот на мај, познат во јавноста како движењето „Фламинго“. Првичната причина беше отпорот кон големиот проект за луксузен туризам на јужниот брег на Албанија, поврзан со инвестициската компанија на Џаред Кушнер, зет на американскиот претседател Доналд Трамп. На движењето во септември му се придружија студенти кои бараат подобро образование и животен стандард, по што барањата прераснаа во директен притисок врз Рама да се повлече.Тагови: Тирана солзавец Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести42-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07Претепаната жена од Гостивар е во стабилна состојба, насилниот сопруг е однесен во Бардовци 10:09Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14Во Охрид состанокот на лидерите во рамките на Процесот Брдо-Бриони15:14Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31
42-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07
Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14
Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31