Маѓар: Унгарија ќе ги почитува налозите на МКС, вклучително и за Нетанјаху - Канал 5

Маѓар: Унгарија ќе ги почитува налозите на МКС, вклучително и за Нетанјаху

Досегашниот премиер Виктор Орбан, кој беше на власт 16 години, минатата година најави повлекување на Унгарија од МКС, откако го прими Нетанјаху во Будимпешта.

Маѓар: Унгарија ќе ги почитува налозите на МКС, вклучително и за Нетанјаху

Победникот на парламентарните избори и следен премиер на Унгарија Петер Маѓар изјави дека неговата земја повторно ќе се приклучи кон Меѓународниот кривичен суд (МКС) и ќе биде подготвена да ги спроведува налозите за апсење, вклучително и оној што се однесува на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Досегашниот премиер Виктор Орбан, кој беше на власт 16 години, минатата година најави повлекување на Унгарија од МКС, откако го прими Нетанјаху во Будимпешта. Повлекувањето требаше да стапи во сила на 2 јуни годинава.

Веднаш по победата на парламентарните избори на 12 април, Маѓар најави дека има намера повторно да ја врати Унгарија во МКС. Истовремено, израелските медиуми објавија дека тој имал телефонски разговор со Нетанјаху, при што го поканил во Будимпешта на 23 октомври, по повод 70-годишнината од востанието против Советскиот Сојуз во 1956 година.

На прашање од новинар дали гледа противречност во овие потези, Маѓар појасни дека поканата ја упатил до сите лидери со кои разговарал телефонски.

- Ако некоја земја е членка на Меѓународниот кривичен суд и лице за кое има потерница влезе на нејзина територија, тогаш тоа лице треба да биде уапсено - изјави Маѓар на прес-конференција по првата средба на неговата пратеничка група во парламентот.

- Не морам сè да кажам по телефон. Претпоставувам дека секој шеф на држава и влада ги познава тие закони - додаде тој.

Меѓународниот кривичен суд со седиште во Хаг во 2024 година издаде налог за апсење на Бенјамин Нетанјаху поради наводни воени злосторства и злосторства против човештвото во Појасот Газа.

Маѓар посочи дека неговиот тим ја разгледува процедурата за запирање на процесот на повлекување на Унгарија од МКС пред 2 јуни.

Тој најави и дека конститутивната седница на Националното собрание ќе се одржи за време на викендот на 9 и 10 мај, кога пратениците ќе положат заклетва.

Маѓар, исто така, повторно ги повика претседателот Тамаш Шуљок и највисоките судии во земјата да поднесат оставки до 31 мај, предупредувајќи дека во спротивно ќе бидат разрешени.

- Очекуваме оставка од марионетите на Орбан - изјави Маѓар на прес-конференција. Тој нагласи дека 31 мај е краен рок за нивно повлекување, по што новата власт ќе ги искористи мандатот и законските можности за нивно разрешување.

Маѓар ги претстави и предлозите за нови министри. За министер за финансии го предложи Андраш Карман, за министерка за надворешни работи Анита Орбан, а за министер за економија и енергетика Иштван Капитани. Сите номинации се во согласност со претходните очекувања. Тој додаде дека новата влада би можела да ја преземе должноста по 11 мај, откако ќе положи заклетва на конститутивната седница на Парламентот, закажана за 9 или за 10 мај.

Партијата од десниот центар „Тиса“ на Петер Маѓар оствари убедлива победа на изборите на 12 април, со што му стави крај на 16-годишното владеење на десничарскиот премиер Виктор Орбан.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кои се елитните севернокорејски хакери што ја извршија најголемата кражба на криптовалути во историјата?

Две водечки фирми специјализирани за анализа на технологија поврзана со криптовалути објавија дека поседуваат цврсти докази што го поврзуваат хакерскиот напад врз Binance, во кој беа украдени 6,3 милијарди долари, со група поддржана од Северна Кореја.

Кои се елитните севернокорејски хакери што ја извршија најголемата кражба на криптовалути во историјата?

Како што пренесува BBC, TRM Labs и Chainalysis – со висок степен на сигурност – ја идентификуваа групата „Лазарус“ (севернокорејски хакерски колектив, познат и како TraderTraitor) како најверојатен извршител на нападот врз најголемата берза за криптовалути во светот. Овој напад далеку го надминува претходниот рекорден грабеж – инцидент од 2025 година поврзан со берзата Bybit, при што беа украдени 1,5 милијарди долари.

Овој инцидент е најновиот во низата напади поврзани со Северна Кореја – една од најсиромашните земји во светот, каде што пристапот до интернет е строго ограничен.

Експертите ја обвинуваат владата на Ким Џонг Ун дека се потпира на сајбер-криминал за финансирање на државата – обвинување што Пјонгјанг долго време го негира.

Според извештаите, земјата систематски ги развива своите сајбер-операции. За таа цел, таа регрутира елитни студенти и ги насочува кон хакерски групи што се под надзор на севернокорејската разузнавачка служба.

Анализите на технолошките компании покажуваат дека дел од овие операции се одвиваат во соседна Кина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Ангел на ВС како „подарок“

Најсекси ангелот на Викторија Сикрет, Кендис Свонпул уште еднаш ја покажа харизмата на вистинска заводничка. Нејзината најнова модна кампања маѓепса многумина.

Фото: Ангел на ВС како „подарок“

Супермоделот Кендис Свонпул е заштитното лице на најновата новогодишна колекција на брендот „Викторијас сикрет“.

По спектакуларниот настап на неодамнешната модна ревија на брендот, не е изненадувачки што таа сега е во центарот на нивната нова модна кампања.

Кендис гордо позира во атрактивни модни парчиња – поточно, долна облека од тантела во електрично сина боја, која совршено ја истакнува нејзината прекрасна фигура.

Изгледот го заокружи со дијамантски ѓердан околу вратот, како и со високи потпетици што ги нагласуваа нејзините витки нозе.

За да ја долови новогодишната магија, една од најпознатите манекенки во светот позираше покрај огромни подароци, украсени со ленти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Познати фудбалер го освои срцето на фатална кантри пејачка

Фудбалерот на Милан, Американецот со потекло од балканот Кристијан Пулишиќ има нова девјка, мегапопуларната канти пејачка Меган Морони.

Познати фудбалер го освои срцето на фатална кантри пејачка

Љубовните животи на познатите спортисти и нивните партнерки повторно се во центарот на вниманието, а две убавици од светот на шоу-бизнисот веќе се шегуваат дека припаѓаат на новата генерација на таканаречени „WAG“ девојки.

За време на гала-настанот „Time100“ во Њујорк, 29-годишната кантри-пејачка Меган Морони се сретна со својата пријателка Еиза Гонзалез. Двете ѕвезди разговараа за своите партнери за време на настанот. Гонзалез е во врска со тенисерот Григор Димитров најмалку од април 2025 година, додека новата романса на Меган Морони со фудбалската ѕвезда Кристијан Пулишиќ (28) неодамна стана предмет на јавен интерес.

„Ние сме новата генерација девојки на познати спортисти“, се пошегува Гонзалез во разговор со Меган.

Само една недела претходно, фановите со остро око забележаа значаен детал дека пејачката на „6 Months Later“ и фудбалерот се во врска.

Меган потоа се појави на модната ревија на „Victoria's Secret“ за 2026 година и беше фотографирана со телефон во раката, на чиј екран можеше да се види фотографија во позадина.

На фотографијата, Меган изгледаше како да е прегрната со ѕвездата на американската фудбалска репрезентација.

Уште во јули, Меган наводно била видена со Пулишиќ во бар во Нешвил, додека пак, профил на обожавател посветен на фудбалерот објавил фотографија од него на нејзиниот концерт на Флорида, заедно со неговиот братучед, пренесува „Пипл“ (People).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер