Маѓар постави услов за Украина - Канал 5

Маѓар постави услов за Украина

На заедничката прес-конференција со полскиот премиер Доналд Туск, Маѓар рече дека го покренал прашањето за унгарското малцинство во Украина.

Маѓар постави услов за Украина

Унгарскиот премиер Петер Маѓар изјави дека Украина мора да обезбеди унгарското малцинство да ги ужива истите права како и малцинствата во другите земји од ЕУ пред Будимпешта да се согласи да го отвори првиот кластер во преговорите за пристапување кон ЕУ со Киев.

На заедничката прес-конференција со полскиот премиер Доналд Туск, Маѓар рече дека го покренал прашањето за унгарското малцинство во Украина со Туск и нагласи дека формирањето на владата на Тиша нуди можност за отворање нова фаза во односите меѓу Украина и Унгарија.

„Испративме порака до украинската страна, а исто така рековме дека започнаа консултации на техничко ниво во врска со јазичните, културните и другите права на унгарското малцинство што живее во Закарпатија, со цел да се добие она на што имаат право сите малцинства во Европската Унија“, рече тој.

Маѓар рече дека се надева дека оваа серија разговори ќе продолжи брзо и успешно.

„Секако, му кажав и на премиерот, она што го кажав и во Брисел, дека за нас ова е condicio sine qua non (основен, суштински услов), ова е предуслов за давање одобрение за отворање на првото поглавје во пристапувањето на Украина кон ЕУ, бидејќи ова поглавје се однесува конкретно на владеењето на правото и демократијата.

Верувам дека ова би бил силен сигнал од украинската страна дека пред да го отворат ова поглавје ќе можат да ја решат ситуацијата на унгарското малцинство за своите граѓани.“

Унгарската министерка за надворешни работи Анита Орбан, украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха и Тарас Кача, вицепремиер за европски интеграции, денес започнаа консултации на експертско ниво за правата на националните малцинства.

Анита Орбан очекува дека унгарско-украинските експертски консултации за правата на унгарското малцинство ќе станат почеток на „нов процес“.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Три значајни медали за Јулијана Петровска од Ѓорче Петров на Европско првенство на Специјална олимпијада во Малта

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски ја пречека шампионката Јулијана Петровска, која од Европското првенство на Специјалната олимпијада во Малта се врати со три медали и со уште еден голем спортски успех за Македонија.

Три значајни медали за Јулијана Петровска од Ѓорче Петров на Европско првенство на Специјална олимпијада во Малта

Јулијана освои сребрен и два бронзени медали, меѓу кои и историскиот бронзен медал во штафетата 4×50 метри.

-Нејзиниот успех е резултат на огромниот труд, посветеност, истрајност и љубов кон спортот, но и доказ дека кога постојат волја и силен дух, границите не постојат - рече Стојкоски на средбата со Петровска.

Општина Ѓорче Петров, додаде Стојкоски, е горда што меѓу своите жители има спортистка која со своите резултати го промовира Ѓорче Петров и Република Македонија и испраќа силна порака дека спортот е простор во кој сите можат да ги остварат своите соништа и потенцијали.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Петрушевски: Филипче со багажот од криминални тендери и десет илјади мртви за време на короната, не може реално да расудува за ништо

На Венко Филипче, како главен во талогот на СДС, откако направи низа на криминали му текна да се грижи за работниците и минимална плата.

Петрушевски: Филипче со багажот од криминални тендери и десет илјади мртви за време на короната, не може реално да расудува за ништо

И секако, Филипче како специјализиран за криминал заедно со неговиот учител, Зоран Заев, и партиски другар се противи на се што значи економски раст и економски напредок. Се противи на секаков вид инвестиција, на се што ќе придонесе за реално минималната плата да се зголеми.

Но, што знае Филипче за реално покачување на минималната плата. Ништо.

Филипче за време на владата на СДС и додека тој беше министер, знаеше само за спроведување на сомнителни тендери во здравството како оној за вакцините, потоа сомнителни проекти за клинички во Скопје, а сакаше и неколку области во здравството да ги приватизира. Дополнително, на негово конто се десеттина илјади починати во корона кризата, 14 пациенти кои живи изгореа во модуларната болница во Тетово.

Почитувани,

Филипче по сето ова, многу е јасно дека не може реално да расудува, не може да носи реални одлуки. Затоа, на Филипче му останува само да глуми грижа за граѓаните.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува за грижата за секој еден граѓанин преку помагање на локални проекти, носење на инвестиции, подобрување на економската ситуација.

YouTube video

Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мисајловски на состанок на Централноевропската одбранбена соработка

Македонскиот придонес кон колективната безбедност и сигурноста на регионот и инвестициите во одбраната се реалност.

Мисајловски на состанок на Централноевропската одбранбена соработка

„Македонската Армија не само што е гарант на мирот и безбедноста на земјата, туку и активно придонесува кон зацврстувањето на регионалната и колективната безбедност, а одбраната силно инвестира во развојот на капацитетите на Армијата“, рече министерот Владо Мисајловски на денешната министерска средба во Брдо, Словенија, во формат министри за одбрана на Централноевропската одбранбена соработка и Западниот Балкан.

Министерот Мисајловски се задржа и на севкупните инвестиции во одбраната и активностите поврзани со одбраната и безбедноста.

„Со инвестиција од 2 проценти во одбранбениот буџет и силните инвестиции во воената мобилност преку изградбата на коридорите 8 и 10, земјава не само што ги исполнува во целост своите обврски кон заедничката Алијанса, туку и на терен ја зацврстува безбедноста и стабилноста на поширокиот регион“, рече Мисајловски и додаде дека „воената мобилност ја сметаме за еден од клучните фактори што ја овозможуваат европската и евроатлантската безбедност“.

Во контекст на европската поддршка, министерот Мисајловски го спомена четвртиот европски пакет кој за прв пат вклучува активности за развој на инфраструктурата на армискиот полигон „Криволак“ кој е исклучително важен ресурс за обука и извежбување за македонската Армија, сојузниците и партнерите.

Во своето обраќање Мисајловски се осврна на потребата од континуирано зацврстување на регионалната безбедност при што нагласи: „Стабилен Балкан значи стабилна Европа“, посочувајќи ги мисиите на НАТО, КФОР, на Косово и на ЕУ АЛТЕА во Босна и Херцеговина во чии рамки придонесуваат и македонските војници и додаде дека низ годините регионот се трансформираше од увозник во извозник на мир, стабилност и безбедност.

„Интеграцијата на земјите од Западен Балкан во одбранбените иницијативи на Европската Унија дополнително ќе ја зајакне регионалната стабилност и севкупната безбедност на Европа“ рече Мисајловски во контекст на одбранбената соработка во Централна Европа и Западниот Балкан и додаде дека земјава „поддржува поголема вклученост на балканските партнери во релевантните одбранбени иницијативи и инструменти на Европската Унија.“

Министерот Мисајловски денеска учествуваше и на средбата во формат земји – учеснички во Балканските медицински наменски сили, каде говореше за успешноста на оваа иницијатива, но и за потребата од носење на одлуки со кои ќе се зголеми визибилноста на овие регионални сили.

„Земјите-членки на Балканските медицински наменски сили влегуваат во период во кој се потребни конкретни чекори за преземање поголема одговорност. Безбедносните случувања влијаат врз приоритетите на партнерите на БМНС, при што фокусот сè повеќе се насочува кон други региони. Токму затоа, сега е потребно заеднички да покажеме и јасно да изразиме силна волја, посветеност и визија за понатамошниот развој на БМНС“, рече Мисајловски. Тој потврди дека нашата земја ја поддржува идејата за разгледување на можностите БМНС да даде свој придонес и надвор од балканскиот регион, за што ќе бидат потребни позитивен пристап, заедничка волја и посветеност од сите земји-членки.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер