Маѓар на Фејсбук: Орбан ми ја честиташе победата на изборите - Канал 5

Маѓар на Фејсбук: Орбан ми ја честиташе победата на изборите

Опозицискиот лидер Петер Маѓар преку социјалните мрежи порача  дека Орбан му честитал за „победата“.

Маѓар на Фејсбук: Орбан ми ја честиташе победата на изборите

Петер Маѓар, лидер на опозицијата, изјави дека премиерот Виктор Орбан ѝ честитал на неговата партија за „победата“.

Во објава на Фејсбук, Маѓар напиша: „Премиерот Виктор Орбан ни честиташе за нашата победа преку телефон“. Орбан сè уште не го потврдил ова.

Резулати од изборите во Унгарија по 53,45 % пребројани гласови.

Фидес Виктор Орбан 56 мандата.

Тиса Петер Маѓар 136 мандати .

Наса домовина Ласло Тороцкај 7 мандати.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Рафаел Надал: „14 години го сонувам тој поен против Новак, сè уште ме боли“

Во подкастот „Док Ток“, еден од најдобрите тенисери во историјата , Шпанецот Рафаел Надал зборува за својата кариера и како го гледа поразот од  големиот ривал Новак Ѓоковиќ во финалето на Австралија Опен во 2012 година.

Рафаел Надал: „14 години го сонувам тој поен против Новак, сè уште ме боли“

Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал одиграа дури 60 натпревари во своите кариери, поуспешен во тој судир на гигати е Ноле за две победи. Сепак, Надал сигурно би дал многу само за триумфот во финалето на Мелбурн во 2012 година. Според многумина тоа беше најспектакуларното финале во историјата на овој спорт, кое траеше речиси шест часа и по кое Ноле и Рафа не можеа да стојат на нозе и церемонијата на доделување на пехарите ја дочекаа седнати на столици.

Надал сега се потсети токму на тој неверојатен меч во подкастот „Док Ток“ и не заборава како во петтиот сет водеше со 4:2 и 30:15 на својот сервис гем, а потоа промаши лесен удар и Ѓоковиќ направи пресврт по поклон-поенот.

„Минатото е минато, но јас го гледам како нешто позитивно. Имав многу подобра кариера отколку што можев да замислам. Периодите кога бев повреден беа најтешки за мене. Исто така, тука е и тој „пасинг шот“ против Ѓоковиќ во финалето во Мелбурн кој го сонувам, на пример. Тоа е детаљ на кој се враќам во главата и си мислам „ме боли да го гледам тоа“. Беше навистина лесен удар и практично значеше дека ќе го освојам турнирот“, рече Надал. „Сепак, таа фаза од мојот живот е завршена и тоа е добро. Имам одлични спомени, но повеќе не размислувам како тенисер. Убаво е да се видат некои фотографии во музеј или академија и да се доживее емотивно, но таа епизода е завршена за мене...“ рече Надал.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Зголемена поддршка за младите со Оперативниот план за вработување за 2026 година

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ активно работи на зајакнување на економијата и унапредување на пазарот на труд. Акцентот е ставен на отворање нови работни места и намалување на невработеноста.

ВМРО-ДПМНЕ: Зголемена поддршка за младите со Оперативниот план за вработување за 2026 година

Преку мерката Самовработување-претприемништво се очекува отворање на над 2.000 нови работни места, a со мерката Поддршка за креирање нови работни места ќе се поддржи вработувањето на над 1.500 лица. Со овие две мерки се предвидува поддршка за повеќе од 3.500 лица.

Чекорите што ги презема Владата се насочени со посебен фокус кон младите. Оперативниот план за 2026 година има за цел да создаде долгорочни ефекти преку програми за самовработување, практикантство, обуки и мерки за зголемување на конкурентноста и вештините на работната сила.

Предвидено е стимулација за вработување на млади во производни капацитети, со што околу 3.500 млади лица до 23-годишна возраст ќе добиваат младински додаток во износ од 3.000 денари.

Во 2025 година за првпат беа воведени мерки што директно ги таргетираат младите, а тоа е важен чекор во справувањето со невработеноста.

Резултатите од Програмата за самовработување, преку која беа отворени околу 2.200 нови деловни субјекти, покажуваат дека ваквиот пристап има конкретен ефект во поттикнувањето на претприемништвото.

Оперативниот план за 2026 година опфаќа над 10.000 лица и предвидува буџет од речиси 40 милиони евра, при што значителен дел од средствата е насочен директно кон мерки за вработување.

Фокусот на младите останува конзистентен, со предвидено вклучување на 6.000 млади лица до 29 годишна возраст.

Политиките на Владата во оваа област се насочени кон создавање поактивен и поинклузивен пазар на труд, со зголемена поддршка за младите, јасна ориентација кон економска стабилност и создавање услови за нивно задржување во земјата.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Супер Ел Нињо се движи кон Европа

Огромна маса топла вода широка стотици милји се појави во Тихиот Океан, а експертите предупредуваат дека тоа е јасен знак за претстојниот климатски феномен познат како Супер Ел Нињо.

Супер Ел Нињо се движи кон Европа

Според официјалните податоци објавени од НАСА, сателитите ја регистрирале оваа аномалија во близина на брегот на Јужна Америка. „Брановите со покачени и потопли нивоа на водата се движат кон исток преку Тихиот Океан неколку месеци пред официјално да се манифестира Ел Нињо.

Неколку такви бранови веќе се забележани во сателитските податоци од 2026 година“, соопшти НАСА.

Овие алармантни податоци доаѓаат од сателитот „Михаел Фрајлих Сентинел-6“, кој НАСА го лансираше во 2020 година. На секои десет дена, ова вселенско летало детално ја мери и мапира висината на океанот.

Во случај на развој на Ел Нињо, неговата примарна задача е рано откривање и следење на таканаречените топли Калвинови бранови.

Како што објаснуваат експертите, Ел Нињо се развива кога се формираат неколку последователни Калвинови бранови во текот на неколку месеци, како резултат на тоа што топла вода се акумулира по должината на бреговите на Колумбија, Еквадор и Перу. Кон средината на мај, нивото на морето покрај брегот на Перу беше за повеќе од 15 сантиметри повисоко од вообичаениот просек, што е доказ за огромната енергија што се акумулира во океанот.

„Иако феноменот оваа година започна малку подоцна во споредба со големите бранови на Ел Нињо од 2015 и 1997 година, тој веќе почнува да го достигнува заостанувањето. Ќе видиме колку е навистина силен во наредниот период“, додаде Џош Вилис од Лабораторијата за млазен погон (JPL) во НАСА.

Во исто време, Светската метеоролошка организација предупредува дека со доаѓањето на Ел Нињо се очекуваат температури над просекот во речиси сите делови од светот. Најизразени топлотни бранови се прогнозираат за Европа, Северна Африка, голем дел од Азија, Централна Америка и Карибите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер