Маѓар им ги крати платите на министрите, градоначалниците, пратениците- ќе има и ревизија на дипломатските пасоши - Канал 5

Маѓар им ги крати платите на министрите, градоначалниците, пратениците- ќе има и ревизија на дипломатските пасоши

Унгарскиот премиер Петер Маѓар изјави дека платите на министрите, пратениците и градоначалниците ќе бидат значително намалени, а исто така рече дека и платата на премиерот ќе биде значително намалена.

Маѓар им ги крати платите на министрите, градоначалниците, пратениците- ќе има и ревизија на дипломатските пасоши

Во интервју емитувано на RTL вчера вечер, Маѓар, зборувајќи за намалувањето на платите, рече дека истото може да се очекува од менаџерите, членовите на управните и надзорните одбори на државните претпријатија и дека сето тоа ќе го заокружи со намалување на буџетот на пратениците.

„Ќе можеме да заштедиме 50 милијарди форинти само во Националното собрание“, рече Петер Маѓар, наведувајќи дека според новите прописи, платата на премиерот ќе биде 2,3 милиони форинти бруто (околу 6.400 евра), на што во неговиот случај се додава основната плата на пратениците, што заедно изнесува 3,8 милиони форинти (околу 10.500 евра).

„Само министрите и државните секретари можат да имаат пониски плати“, рече тој, додавајќи дека „воопшто не е важно каква слика, каков пример покажуваме пред унгарскиот народ, пред нашата сопствена земја и пред надворешноста, пред пошироката јавност“.

Маѓар рече дека „човечноста, воздржаноста и скромноста не само што мора да се покажат, туку и да се живеат, и дека претставниците и членовите на владата мора да ги извршуваат своите должности“.

Укинување на ротациите

Тој спомена дека во иднина само премиерот и Министерството за внатрешни работи ќе имаат право да користат сини ротирачки светла, и тоа само во најитните случаи, и дека системот на дипломатски пасоши ќе биде ревидиран бидејќи, според прелиминарните истраги, повеќе од илјада вакви документи се издадени без оправдување.

Зборувајќи за преговорите со институциите на Европската Унија во врска со средствата што ѝ припаѓаат на Унгарија, Маѓар рече дека е нормално да има разлики во мислењата меѓу страните.

„Ќе ги прифатиме само оние промени што се добри за унгарскиот народ и унгарските компании“, рече Маѓар, додавајќи дека преговорите напредуваат добро, дека веќе се одржани консултации и дека лидерите на ЕУ се „многу позитивни по ова прашање“.

Тој нагласи дека задачата не е лесна, бидејќи „владата има три месеци да ја заврши работата што претходната не ја заврши за три години“.

Петар Маѓар рече дека вистинскиот предизвик е да се состават проектите што ќе се финансираат од овие средства.

„Сакаме комисијата да усвои програми што навистина му помагаат на унгарскиот народ“, рече тој, наведувајќи како пример дека, покрај транспортните и енергетските проекти, планирана е и голема програма за домување.

Додаде дека за ова треба да се изгради систем и да се усвои законска рамка, така што „никој во владата и министерствата да не оди на одмор ова лето“.

„Ова е многу, многу голема сума пари; тоа се пари на унгарскиот народ. Нашата цел е да ги собереме сите 10,4 милијарди евра што се блокирани во унгарскиот фонд за закрепнување“, рече тој.

Тој нагласи дека не тврди дека ќе можат да обезбедат 100%, туку зборуваше за средствата потребни за потпомагање на унгарската економија.

Тој ги нарече преговорите во Брисел за повлекување на 10,4 милијарди евра од фондовите за закрепнување и неколку илјади милијарди форинти од кохезионите фондови се клучни. Покрај тоа, постои кредитна линија од 16 милијарди евра за развој на одбранбената индустрија, која претходната влада ја побара, но не успеа да ја повлече, и ова исто така мора да се земе предвид, нагласи тој.

Маѓар, исто така, рече дека школскиот надоместок ќе биде воведен во август 2026 година. Тој нагласи дека Тиса партијата го одредила бројот на деца кои би можеле да бидат опфатени со оваа мерка на 700.000, но дека подоцна се проценило дека може да има малку помалку деца.

Во интервјуто, премиерот рече дека е голема задача да се развие систем на услови што всушност би им ја обезбедил оваа поддршка на децата од сиромашни семејства. Што се однесува до тоа кој се смета за сиромашен, тој рече дека тоа ќе биде одлука на владата и дека ќе зависи од неколку критериуми.

Потоа тој ја нападна владата на поранешниот премиер Виктор Орбан, тврдејќи дека „земјата работи многу расипнички, не само поради корупција, непотребни престижни инвестиции, стагнација на фондовите на ЕУ или скапо финансирање, туку и затоа што, на пример, детски додаток и одредени социјални бенефиции им се даваа и на семејствата со високи приходи по член“. Тој нагласи дека социјалните нееднаквости мора да се намалат и дека, на пример, пензиската картичка може постепено да се воведува и да се поврзува со одредено ниво на приход. Додаде дека новиот буџет за 2026 година ќе треба да се усвои на почетокот на септември, а исплатите би можеле да започнат од четвртиот квартал.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зајкова: Да не ви паднало на памет да ги штитите!

„Да не ви паднало на памет да ги штитите!!! Итно да се постапи и да одговара за обид за убиство, а сите што му давале инструкции во неговата паника (согласно сведочењата неговиот татко и мислам беше тетка) да одговараат за помагање….

Зајкова: Да не ви паднало на памет да ги штитите!

По последниот случај на насилство врз жена, во кој девојка претепана и без свест беше оставена на улица пред маркет во Охрид, а според пишувањата на медиумите, членови на семејството на насилникот се обиделе да ја „заташкаат“ работата, со објава на социјалните мрежи се огласи и претседателката на ЛДП и пратеничка во Собранието, Моника Зајкова.

„Да не ви паднало на памет да ги штитите!!! Итно да се постапи и да одговара за обид за убиство, а сите што му давале инструкции во неговата паника (согласно сведочењата неговиот татко и мислам беше тетка) да одговараат за помагање…. Не ме интересира што функции имаат неговите, ниту од која партија се! Девојката можеше да заврши како следна жртва на фемицид! “, пишува Зајкова во својата објава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026

Тројца млади спортисти ја претставуваа државата во атлетика, пливање и триатлон. Ева Митевска го освои осмото место на 100 метри, Петар Цеков заврши на 21. место во пливање, а Марио Брезовски на 24. место во триатлон.

Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026

Со посветеност, борбеност и достоинствено претставување на државата, македонските спортисти го завршија своето учество на Младинските олимписки игри Дакар 2026, оставајќи зад себе спортски достигнувања и искуство што претставуваат важен чекор во нивниот понатамошен развој.

Младинските олимписки игри кои се одржаа во Сенегал обединија 2.655 спортисти на возраст од 14 до 18 години од 204 национални олимписки комитети. Натпреварувањата се одржаа во 25 спортови, а за секој спорт беа одредени квалификациски критериуми за учество од страна на соодветните меѓународни федерации и Меѓународниот олимписки комитет.

Дакар 2026 беше историски момент за олимпиското движење, бидејќи за првпат еден олимписки настан се одржа на африканскиот континент.

Македонија учествуваше со седумчлена делегација составена од тројца спортисти, тројцата нивни тренери и шеф на делегацијата, кои ја претставуваа државата во атлетика, пливање и триатлон.

Највисок пласман оствари Ева Митевска во атлетската дисциплина 100 метри, освојувајќи го осмото место во финалната трка и вбројувајќи се меѓу осумте најдобри млади спринтерки на Игрите. Особено значајно е што во финалето Ева истрча 12,28 секунди, подобрувајќи го својот најдобар резултат. Овој настап е потврда за нејзиниот напредок и способноста да го даде најдоброто токму на најважната трка.

Во пливање, Петар Цеков настапи во дисциплината 400 метри слободно, со време од 4:10,60 минути, освојувајќи 4. место во својата група и 21. место во генералниот пласман. Неговата главна дисциплина, 800 метри слободно, која претставуваше негов најсилен адут, беше откажана поради високата температура на водата во базенот. Одлуката беше донесена од организаторите во интерес на безбедноста и здравјето на натпреварувачите.

Марио Брезовски е првиот македонски триатлонец кој се квалификувал на едни Младински олимписки игри. Тој настапи во спринт триатлон (750 метри пливање, 20 километри велосипедизам и 5 километри трчање) и го заврши натпреварувањето на 24. место со време од 59:06 минути. Особено впечатлив беше неговиот пливачки дел, во кој Марио излезе прв од водата, пред сите останати натпреварувачи. Неговиот настап беше обележан со висока конкурентност и борбеност, потврдувајќи го потенцијалот што го носи.

„Младите спортисти навистина ме воодушевија со својата посветеност, дисциплина, одговорност и односот кон обврските во текот на целиот престој. За мене, како шеф на делегацијата, беше особено задоволство да ги следам не само нивните тренинзи и настапи, туку и начинот на кој се претставуваа надвор од спортските терени. Ова беше многу повеќе од натпреварување, беше можност да растат како спортисти и личности. Настапите во Дакар треба да се вреднуваат не само низ призмата на конечните пласмани, туку и преку постигнатите лични резултати, конкурентноста, спортскиот напредок и искуството стекнато во меѓународна конкуренција. Финалето и најдобриот резултат на Ева, настапот на Петар во изменети околности и историското учество на Марио се три различни, но подеднакво важни приказни за младинскиот спорт во Македонија“, истакна Елена Зисовска Апостолска, шефица на македонската делегација.

Зад настапите на македонските спортисти стоеше и посветен тренерски тим, составен од Горан Стаменов, тренер по пливање, Данчо Ѓорѓијевски, тренер по триатлон и Божурка Ѓошевска, тренерка по атлетика, чија стручна работа и поддршка беа важен дел од подготовките и настапите на спортистите.

Македонскиот олимписки комитет им честита на спортистите, нивните тренери и националните спортски федерации за вложениот труд, посветеноста и достоинственото претставување на државата.

Младинските олимписки игри се завршени, но за овие млади спортисти тие се само една важна станица на патот кон нови спортски предизвици. Македонија беше дел од историјата, а иднината на македонскиот спорт продолжува да се гради токму преку ваквите генерации.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Николоски ќе зборува за економските политики и предизвиците на регионот на 23-тиот Виенски економски форум

Заменик претседателот на Владата, Александар Николоски e во работа посета на Виена, Австрија, каде учествува на 23-от Виенски економски форум.

Николоски ќе зборува за економските политики и предизвиците на регионот на 23-тиот Виенски економски форум

Оваа година Виенскиот економски форум се реализира под мотото “ Виенски дијалог за иднината 2026- заедничка визија за заедничка иднина, стратешки предизвици “

Во рамки на Форумот предвидено е обраќање на заменик претседателот на Владата, Александар Николоски, на панел сесијата “Заедничка визија за долгорочна економска соработка” – на кој ќе се осврне на економските политики и соработката со земјите од регионот. Николоски ќе зборува и за стратешките инфраструктурни проекти кои се градат во државава.

На Форумот предвидено е учество на членови на Бордот на Виенскиот економски форум, министри од земјите од Западен Балкан, преставници од ЕУ како и високи претставници на меѓународни финансиски институции.

Покрај промоцијата на регионалните економски политики и соработка, на Форумот ќе се разговара и за предизвиците и проширирувањето на ЕУ.

Виенски економски форум - „Виенски дијалог за иднината 2026“ е официјално признат од Европската Комисија во рамки на глобалниот настан на „Форумот за проширување на ЕУ 2026“.

Целта на Виенскиот економски форум е промоција на развојот на регионалната економија од Јадранското до Црното Море и пошироко, како составен дел од европската и глобалната економија и нивно залагање за регионална економска соработка, европска интеграција и остварување на заедничките европски вредности во целиот регион.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер