КултураМагија на 2218 мнв на Пелистер, изведена претставата „Ноќта кога ја убив месечината“Претставата „Ноќта кога ја убив месечината“, својата 26-та изведба ја доживеа синоќа на полна месечина на Големо Езеро (2218мнв), Пелистер. Совршениот спој на вечноста отсликана низ отсјајот на полната месечина на површината на езерото и моќната енергија на актерите инспирирани од мирот и спокојот на природната сцена, надополнети со желбата на публиката да се доживее едно ново патување низ реалноста на секојдневието, ја направија оваа изведба многу повеќе од обична театарска уметност. Убавините на природната сцена на моменти делуваа и помалку нереално, а присутните ја проследија театарската претстава во неверување дека и тие се дел од еден магичен миг на вечноста. Настанот беше организиран од НУ Народен Театар Битола, Битолскиот камерен оркестар, јавната установа Национален парк Пелистер со поддршка на Општина Битола. „Голема благодарност до ТППЕ Битола и до сите кои помогнаа овој настан успешно да се реализира“, истакнаа организаторите. Драмската претстава е во режија на Марјан Георгиевски, кој и настапува во истата заедно со актерот Александар Копања. Музиката за претставата беше во живо во изведба на членови од Битолскиот камерен оркестар. Претставата отвора суштински теми за човековата егзистенција, осаменоста, слободата, маските што ги носиме и загубените вредности во современото општество. Тоа е психолошка и филозофска драма која патува од интимно до општествено, од реалност до апсурд.Тагови: Пелистер Марјан Георгиевски Ноќта кога ја убив месечината Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНиколоски: Избран е конзорциум, почнуваме со изградба на нов автопат Скопје-БлацеКонзорциум предводен од македонската фирма “Гранит“ ќе го гради автопатот Скопје-Блаце – информираше вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, кој оцени дека, ова е сигнал за целиот градежен сектор во Македонија.Информацијата николоски ја соопшти по средбата со директорот на канцеларијата на Европската банка за обнова и развој Фатих Туркменоглу, со кого како што информираа од министерството за транспорт била изразена заедничката подотвеност за продолжување на партнерството и поддршка на идните инфраструктурини проекти кои се од стратешко значење за државата. Николоски по средбата порача и дека очекува проектот за автопатот Скопје-Блаце да биде завршен за три и пол години. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветДоговор САД–Иран на повидок, но тензиите не стивнуваат„Мирот никогаш не бил поблиску„ - позитивни сигнали од медијаторот Пакистан во преговорите за завршување на војната помеѓу Соединетите Американски Држави и Иран. Пакистанскиот премиер – Шехбаз Шариф како и шефот на иранската дипломатија, Абас Аракчи, без притоа да откријат повеќе детали за содржината, соопштија дека меморандумот за разбирање е во финална фаза. -Поблиску сме до мировен договор од кога било досега. Со финализирање кое веројатно се очекува во следните 24 часа, Пакистан се подготвува за електронско потпишување на мировниот договор веднаш потоа, по што ќе следат разговори на техничко ниво следната недела.Уверени сме дека овој историски мировен договор ќе формира силна основа за траен мир.- Шехбаз Шариф, премиер на Пакистан Сепак, засега остануваат конфликтните изјави на Аракчи и американскиот претседател Доналд Трамп околу делот за Иранската нуклеарна програма во договорот. Според Аракчи, нуклеарното прашање ќе биде одложено за втората фаза од разговорите која би траела околу 60 дена. Додека пак, Трамп тврди дека Иран веќе се согласил да ја напушти својата нуклеарна програма. Дополнително не е прецизирано и како евентуален договор ќе влијае врз Ормускиот теснец и поморскиот сообраќај во тој дел од светот. -Од различни причини, што беше невозможно да се дискутираат во сегашната ситуација и барањата што ги имаа беа неприфатливи, се согласивме на втора фаза од разговорите. Во втората фаза ќе се постигне конечен договор, заедно со разговори за ублажување на санкциите на Иран и неколку други прашања што ќе ги дискутираме подоцна, и ќе се постигне конечен договор. Во сегашниот договор, кој е познат како Меморандум за разбирање од Исламабад, војната ќе заврши.- Абас Аракчи, министер за надворешни работи на Иран Аракчи додаде дека во меморандумот за разбирање тие инсистираат да биде вклучен и прекин на израелското бомбардирање врз Либан, кое засега продолжува. Во меѓувреме, откако Трамп посочи дека потпишувањето на мировниот договор би се одвивало во Европа иако мировните преговори ги води Пакистан, Швајцарија веќе се понуди да биде домаќин на церемонијата на потпишувањето што според светските медиуми, би можело да се случи за време на Самитот на Г7 земјите што започнува утре.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: СДС се сети на младите кога е во длабока опозицијаСДС да не ги потценува младите и да не се обидува повторно да им продава бајки.СДС повторно продава илузии како во минатото со предизборните бајки за младите, истите оние млади кои токму за време на нивното владеење масовно ја напуштаа Македонија во потрага по подобар живот. По седум години власт, СДС нема кредибилитет да зборува за младински политики. Ако навистина знаеле како да ги задржат младите, зошто десетици илјади си заминаа токму во периодот кога тие ја водеа државата? Зошто тогаш немаше 30.000 евра грантови, помош за студентите, евтини кредити и гарантирани работни места? Граѓаните знаат дека СДС секогаш ветува сѐ, а кога е на власт заборава на ветувањата. Денес ветуваат по 30.000 евра за бизнис, утре ќе ветат и по 50.000 евра, но младите бараат реални политики, а не маркетиншки кампањи и празни слогани. Младите си заминаа поради корупција, партизација, ниски плати и изгубена перспектива, проблеми кои токму СДС ги продлабочи додека беше на власт. Разликата е јасна. СДС нуди брошури со неостварливи ветувања, а Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи на отворање нови работни места, привлекување инвестиции, економски раст и создавање услови младите да ја гледаат својата иднина дома. На Македонија не ѝ требаат нови шарени лаги. На младите им треба сигурност, перспектива и држава која создава можности преку работа и резултати, а не бајки и фантазии на СДС. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДоговор САД–Иран на повидок, но тензиите не стивнуваат15:00Николоски: Почнуваме изградба на нов автопат, Скопје - Блаце ќе биде главна артерија за поврзување со Косово и Црна Гора12:37Пожар и панична евакуација на станарите, изгореле електрични кабли пред зграда во Кисела Вода 15:00Пожар избувна во орманче за струја пред зграда во Кисела Вода – изгореле кабли11:08Во Собрание ќе се одржи јавна расправа по предлог на законот за оружјето09:02
Николоски: Почнуваме изградба на нов автопат, Скопје - Блаце ќе биде главна артерија за поврзување со Косово и Црна Гора12:37