Судот го извести Обвинителството и Судскиот совет дека граѓански судија не извршил одлука на Уставниот суд за слободи и права на новинарката Наташа Стојановска
1Судот го извести Обвинителството и Судскиот совет дека граѓански судија не извршил одлука на Уставниот суд за слободи и права на новинарката Наташа Стојановска
3ВМРО-ДПМНЕ: Предавникот Филипче и талогот од СДС кога биле власт, ниту ги решавале, ниту понесоа, ниту пак повикаа на одговорност за случаите со небезбедна вода
КултураМагична вечер со светски познатиот виолинист Стефан Миленковиќ и камерниот оркестар „Профундис“Во преполното Предворје на црквата „Света Софија“, светски познатиот виолинист Стефан Миленковиќ и камерниот оркестар „Профундис“ приредија незаборавна музичка вечер.Во преполното Предворје на црквата „Света Софија“, светски познатиот виолинист Стефан Миленковиќ и камерниот оркестар „Профундис“ приредија незаборавна музичка вечер која ја одбележаа врвни интерпретации, силни емоции и извонредна атмосфера. Концертот се одржа во рамки на програмата на 66. издание на фестивалот „Охридско лето“. Сцената, внимателно уредена и осветлена со стотици свеќи, создаде посебен амбиент кој совршено ја надополни музичката програма и на публиката ѝ понуди несекојдневно аудиовизуелно доживување. На програмата беа изведени „Серенада за гудачи“ оп. 48 од Петар Илич Чајковски, „Возлет на чучулигата“ од Ралф Вон Вилијамс, „Интродукција и Рондо капричиозо“ од Камиј Сен-Санс, како и виртуозната „Кармен“ фантазија оп. 25 од Пабло де Сарасате, едно од најсложените и највпечатливи дела во виолинската литература, кое бара исклучителна техничка подготвеност и уметничка зрелост. Под диригентската палка на маестра Ѓурѓица Дашиќ, Миленковиќ уште еднаш ја потврди својата репутација на еден од најистакнатите виолинисти на денешницата. Со сигурност, прецизност и длабока музикалност тој ја воодушеви фестивалската публика, која со долги аплаузи и овации ја наградуваше секоја негова изведба. Миленковиќ, кој е миленик на фестивалската публика на „Охридско лето“ и овојпат ја покажа својата виртуозност над виолината со која владее уште од неговата најрана детска возраст. – Секогаш со големо задоволство настапувам со „Профундис“. Тоа е оркестар со извонреден квалитет, но пред сè, со исклучителна енергија, карактер и ентузијазам. Секогаш сум среќен кога повторно доаѓам на „Охридско лето“. Овој фестивал има посебно место во моето срце, а охридската публика секогаш ме пречекува со голема топлина и љубов. Вистинско задоволство е повторно да се биде дел од оваа прекрасна фестивалска атмосфера, вели Миленковиќ. Камерниот оркестар „Профундис” е формиран во 2019 година од страна на диригентката Ѓурѓица Дашиќ. Во него членуваат некои од најистакнатите македонски инструменталисти од повеќе различни генерации. Идејата на „Профундис” е да се создаде висококвалитетен професионален ансамбл кој покрај изведбите на капитални дела, ќе поставува праизведби на дела од современи автори од класичната музика, да биде во функција на македонските врвни изведувачи, како и на македонските современи автори, да носи светски имиња од светот на класичната музика како солисти и да ги поместува границите на креативноста како во смисла на изведбата, така и во смисла на сценскиот настап.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиШокантни податоци за намалувањето на бројот на првачиња08:47Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04Сончево и многу топло,температурата до 39 степени08:23Македонија во портокалова фаза поради екстремно топлото време15:00
Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00
Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04
ФудбалМанчестер Сити го продаде резервниот голман за 50 милиони евра Манчестер Сити го продаде голманот Џејмс Трафорд на Лидс. Според „Атлетик“, Сити ќе добие 50 милиони евра, вклучувајќи ги и бонусите, за својот резервен голман. Покрај тоа, Сити задржа клаузула од 20% од наредната продажба. Овој трансфер претставува нов клупски рекорд за Лидс.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеМЗ: Осигурениците повторно ќе можат да го подигнат лекот Фостер од аптеките без доплатаМинистерството за здравство е известено од компанијата – носител на одобрението за ставање во промет на лекот Фостер, што се наоѓа на Позитивната листа на лекови, дека се направени промени во интерес на пациентите што го користат овој лек.Почнувајќи од овој месец, осигурениците повторно ќе можат да го подигнат лекот од аптеките без доплата, односно само со плаќање на законски утврдената партиципација за услугата по рецепт. Тоа важи и за другите лекови што ги содржат истите активни компоненти и се користат во третманот на хроничната опструктивна белодробна болест (ХОББ). Министерството за здравство во континуитет спроведува активности насочени кон обезбедување поголема достапност на лековите за пациентите по поприфатливи цени.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиШокантни податоци за намалувањето на бројот на првачиња08:47Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04Сончево и многу топло,температурата до 39 степени08:23Македонија во портокалова фаза поради екстремно топлото време15:00
Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00
Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04
ЗабаваКога чаршијата пее...Битола добива свој фестивал на чалгијатаБИТ ФЕСТ, со уште еден посебен настан, посветен на чалгијата, потврдува дека, визуелниот идентитет на фестивалот соодветствува со културата, историјата и музичкото богатство на градот.Долгогодишната чалгиска традиција, која во Битола зазема истакнато место уште од крајот на минатиот век, оваа година добива своја посветена манифестација. Оригиналните песни, инструменти и препознатливиот звук, кои за Битола и битолските боеми значеле многу и денес оставаат силен печат во секојдневието на градот. Оваа година чалгијата на посебен начин ќе ја заживее Битола, а посебно Старата битолска чаршија. Во организација на Културно-информативниот центар (КИЦ), а во рамките на Битолското културно лето БИТ ФЕСТ, од 14 до 16 август ќе се одржат „Битолски Чалгиски Денови“ - првиот фестивал во градот посветен само на оваа специфична музичка форма. Чалгиската музика во Битола потекнува од богатата градска музичка традиција, којашто со векови комуницирала со големите светски музички центри. Влијанијата од Истанбул, Солун, Дамаск, како и од Виена и Париз, го обликувале она што денес го знаеме како чалгиски звук. Слично на модата од тоа време и музиката се делела на „Ала Турка“ и „Ала Франга“. За Битола и битолските боеми, оваа музика со нејзините оригинални песни и инструменти значела премногу, што е потврдено и од бројните преданија и легендарни музички имиња кои оставиле неизбришлив траг во културното наследство на градот. Овогодишното прво издание на фестивалот „Битолски Чалгиски Денови“ го претставува идејниот концепт кој означува патување низ времето, инспирирано токму од боемскиот живот и музичката традиција кои со децении претставуваат препознатлив дел од идентитетот на Битола. Целта на овој настан, кој е во организација на Културно-информативниот центар е да се оживее автентичната атмосфера и духот на Старата чаршија. Реконструкција на некогашниот амбиент Во текот на фестивалот, Старата битолска чаршија ќе се претвори во вистинска, жива сцена на старото битолско боемство. Вечерната програма ќе биде резервирана за концертни настапи на главната сцена, додека во текот на денот, во чаршијата ќе се движат седум пајтони со мали чалгиски состави. Десетина чалгиски оркестри ќе настапуваат на повеќе локации, исполнувајќи го просторот со автентични звуци. Свеченото отворање ќе биде означено со впечатливо дефиле што ќе тргне од Офицерскиот дом (КИЦ) и ќе се движи кон чаршијата. Во дефилето ќе учествуваат седум пајтони со музичари и околу сто статисти облечени во староградски носии, создавајќи впечатлива реконструкција на некогашниот градски амбиент. Како дел од фестивалската понуда, во централниот дел на чаршијата, кај Монмартарот, ќе биде поставен угостителски простор со неколку традиционални кафеани. Промоција на новиот албум „Песни од Офицерски“ Музичкиот врв на фестивалот се очекува да биде на 15 август, кога публиката ќе има можност да го проследи концертот на Оливер Јосифовски и неговите пријатели. На овој настан ќе биде официјално промовиран новиот албум „Песни од Офицерски“, дело кое директно ја продолжува оваа музичка традиција. Претходниот ден, на 14 август, на главната сцена ќе настапи Битолскиот чалгиски оркестар. Завршницата на фестивалот ќе се одржи на 16 август, кога во утринските часови, на Тумбе Кафе, ќе се одржи последниот концерт „На кафе со чалгиите“, со што ќе биде заокружено ова уникатно културно искуство. Првиот фестивал „Битолски Чалгиски Денови“ претставува значајна можност за вреднување и промоција на ова музичко богатство, со директна организација на Културно-информативниот центар, укажувајќи на посветеноста на локалните институции кон зачувувањето и промоцијата на културното наследство во рамките на Битолско културно лето. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиШокантни податоци за намалувањето на бројот на првачиња08:47Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04Сончево и многу топло,температурата до 39 степени08:23Македонија во портокалова фаза поради екстремно топлото време15:00
Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00
Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04