ФудбалМафео: Би го нокаутирал Винисиус за десет секундиЌе го нокаутирам Винисиус за 10 секунди. Ова би можело да биде најгледаната борба во историјата, изјави Пабло Мафео, одбранбениот фудбалер на Мајорка за евентуален бокс меч со крилниот напаѓач на Реал Мадрид.Секако ова е шеговита изјава на Мафео на каналот на „YouTube INDÓMITOS TV“. Изјавата на Мафео е одговор на прашање за неговата стратегија за настап против бразилското крило на Реал Мадрид. -Ќе се обидам да го заплашам за да видам дали можам да го извадам од игра, додаде Шпанецот. Познато е дека Винисиус лесно се провоцира, па останува да се види неговата реакција на изјавата на Мафео./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаЖена загина во нападот на „Парадата на гордоста“ во Берлин- полицијата трага по напаѓачот Едно лице загина, а 16 се повредени, некои од нив критично, соопштија пожарникарите, откако вооружен човек со возило влета во толпа на парадата на гордоста во Берлин.Полицијата објави дека го идентификувала напаѓачот, велејќи дека тој им е познат на властите и дека е дел од исламистичката сцена во Берлин. Според првичните информации, бел автомобил удрил неколку луѓе во паркот Тиергартен во Берлин пред да се судри со дрво, изјави портпаролот на полицијата Флоријан Нат. Потоа возачот го напуштил возилото и избегал во непознат правец. Осомничениот ѝ е познат на полицијата Полицијата идентификуваше осомничен за нападот на маргините на парадата на гордоста во Берлин, велејќи дека човекот им бил познат на властите и се верува дека е дел од исламистичката сцена во Берлин, објавија ДПА и Ројтерс. „Го идентификувавме осомничениот сторител. Се преземаат мерки против осомничениот сторител, кој сè уште не е уапсен. Сепак, овој осомничен ѝ е познат на полицијата како член на исламистичката сцена тука во Берлин“, изјави портпарол на полицијата за новинарите на местото на настанот. Полицијата го бара 21-годишниот Абдул Б. Тој е опишан како маж со витка градба, висок приближно 190 см, со црна коса, облечен во црна маица со качулка и бели панталони. Предупредено е дека Абдул Б. може да биде вооружен и опасен. Полицијата, исто така, објави негова фотографија. Портпаролот на полицијата, Нат, претходно изјави дека се во тек истраги за тоа дали имало втора фаза од инцидентот, вклучително и дали некој го напуштил возилото и нападнал луѓе со можно остро оружје. „Ова ни го кажаа сведоците, дека луѓето наводно лежат таму со убодни рани“, рече портпаролот на полицијата. Тројца повредени, се борат за живот Како што објави Билд, една жена е убиена во нападот. Портпаролот на противпожарната служба, Доминик Прец, изјави дека тројца од 16-те повредени лица се здобиле со опасни по живот повреди, осум лица се сериозно повредени, а петмина имаат полесни повреди. Најмалку десет возила за итни случаи беа видени на местото на настанот, а полицајци патролираа низ паркот. Последната парада на гордоста во Берлин, вклучувајќи ги и концертите, беше откажана по инцидентот, а организаторите ги замолија учесниците да се вратат дома. „Ве молам одете си дома“, објавија на Инстаграм организаторите на парадата на гордоста во Берлин, позната како Ден на улицата Кристофер (CSD). Според полицијата, „најмалку неколку стотици илјади луѓе“ се собраа во Берлин во саботата. Денот на улицата Кристофер се слави во спомен на немирите од 1969 година, кога членовите на хомосексуалната сцена и полицијата се судрија на истоимената улица во Њујорк. Реакции: „Напад врз слободното општество“ Градоначалникот на Берлин, Каи Вегнер, го опиша инцидентот како „напад врз нашето слободно и отворено општество“. „По мирниот и жив CSD, овој митинг за толерантен и мирен Берлин беше нападнат на најбрутален начин“, рече Вегнер во соопштението. Германскиот министер за внатрешни работи, Александар Добриндт, им ја понуди поддршката на федералните власти на берлинските власти, изјави портпаролот на владата. Канцеларот Фридрих Мерц и неговиот министер за внатрешни работи „ќе се ангажираат со посебна решителност за целосно расветлување на овој гнасен чин и да се осигурат дека ќе биде казнет“, рече портпаролот во соопштението, објави АФП.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСкопје одбележува 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-та08:43Клековски: Заразата во Гостивар се смирува, анализите и истрагата продолжуваат 15:04Забранета за пиење и водата во Крушево, може да се користи само како техничка15:00Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47Тошковски: Секој што се огрешил пред законот ќе одговара18:20
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47
КултураНезаборавна Шпанска вечер на „Охридско лето“ со триото „Вибрарт“Бурни и стоечки овации за пијано триото „Вибрарт“ од публиката што вчеравечер го проследи нивниот концерт во рамки на традицоналната Шпанска вечер на „Охридско лето“.Вечерта ја отвори амбасадорот на Кралството Шпанија во РС Македонија, Рафаел Сориано Ортиз кој нагласи дека главната цел на заедничката културна програма е да се изградат мостови кои ќе ги зближат двете земји уште повеќе. -Оваа година имаме неколку работи за прославување. Во 2026 година се одбележуваат 40 години откако Шпанија се приклучи на Европската унија, проект што целосно ја трансформираше нашата земја и шпанското општество. Како што знаете, Шпанија цврсто ги поддржува европските аспирации на вашата земја. Во 2026 година исто така се одбележуваат 20 години од отворањето на нашата амбасада во Скопје, со обновена посветеност на зајакнување на нашите билатерални односи. Поради сите овие причини, ми е драго што државниот секретар за ЕУ, господинот Сампедро, ни се придружи вечерва, рече амбасадорот Рафаел Сориано Ортиз, упатувајќи посебна благодарност до директорот на фестивалот, Ѓорѓи Цуцковски, за како што кажа, одличната културна соработка што ја одржува со шпанската амбасада. Тројцата исклучителни музичари, пијанистот Хуан Перез Флористан, виолончелистот Фернандо Ариас Фернандез и виолинистот Мигуел Колом Куеста со искрен и автентичен пристап му се посветија на репертоарот и оставија силен уметнички печат врз публиката која час и половина колку што траеше концертот , уживаше во секоја отсвирена нота. -Ова ни е првпат не само на фестивалот, туку и во Македонија. Никогаш не сме биле во овој регион и се заљубивме во Охрид, навистина е преубав. Навистина е неверојатна црквата, еден од најубавите православни храмови. Акустиката помага особено на трио како нас да го дадеме најдоброто на концертот. Сакавме да одбереме голем репертоар како , големото клавирско трио на Бетовен во де-дур, клавирското трио бр.1 во де-мол од Менделсон и помалку познатото и ретко изведувано дело „Ноктурно“ оп. 148 на Шуберт кое е недовршено и стои како кратко дело. За бис отсвиривме дело на големиот шпански композитор и пијанист од првата половина на 20.век Мануел де Фаља. Годинава се одбележуваат 150 години од неговото раѓање и затоа направивме аранжман по тој повод, истакнаа харизматичните и виртуозни шпански музичари од триото „Вибрарт“. Освен во овој состав, членовите на триото „Вибрарт“ градат и индивидуална уметничка кариера. Образувани на Високата школа за музика „Кралица Софија“ во Мадрид и во Берлин, тие ја комбинираат нивната кариера со педагошка активност и со оркестарски проекти. Шпанската вечер на 66. „Охридско лето“ заедно со македонската претседателка, Гордана Сиљановска- Давкова, која е и покровител на фестивалот, ја проследи и државниот секретар за Европска унија во Министерството за надворешни работи на Шпанија, Фернандо Мариано Сампедро Маркос, соопштуваат организаторите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСкопје одбележува 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-та„Траеше кратко, но се чинеше како вечност“, се потсетуваат скопјани на катастрофалниот земјотрес од пред 63 години.Над илјада и загинати, над три илјади повредени, плач, паника, трагање по најблиските, рушевини и прашина – е сликата на главниот град од 26-јули, 63-тата... Скопјани се потсетуваат за загубата на своите блиски и на скопските улици на кои владеел вистински хаос, за подоцна, да бидат однесени во привремени сместувања низ државата. Многу подоцна се преселиле во новите населби, подарок од стотиците земји кои во првите моменти по трагедијата масовно пристигнаа во Скопје и го претворија во Град на солидарноста. За прв пат рамо до рамо среде Стидената војна работеа американски и советсаки војници, за прв пат си подадоа рака работниците и хуманитарците од сите европски земји, па дури и Мексико, Канада, Јапонија... Градот убав повторно никна, благодарение на човечноста и солидарноста од целито свет. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСкопје одбележува 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-та08:43Клековски: Заразата во Гостивар се смирува, анализите и истрагата продолжуваат 15:04Забранета за пиење и водата во Крушево, може да се користи само како техничка15:00Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47Тошковски: Секој што се огрешил пред законот ќе одговара18:20
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47