Маестро Максим Венгеров и оркестарот „Мењухин“ вечерва на „Охридско лето“ - Канал 5

Маестро Максим Венгеров и оркестарот „Мењухин“ вечерва на „Охридско лето“

Музичката програма на „Охридско лето“ продолжува со настап на едно од највпечатливите имиња на светската уметничка сцена, со концертот на неповторливиот Максим Венгеров, виолинистот за кој светската музичка јавност вели дека ги определува рамките на современиот уметнички израз.

Маестро Максим Венгеров и оркестарот  
„Мењухин“ вечерва на „Охридско лето“
Директорот на „Охридско лето“ Оливер Арсовски, најавувајќи го вечерашниот концерт истакна дека се работи за една од фестивалските содржини кои предизвикуваат огромен интерес кај јавноста, како кај вистинските познавачи на класичната уметност, така и кај пошироката фестивалска публика.

- Како виолинист уверен сум дека сите оние кои вечерва ќе бидат во „Света Софија“ ќе можат да уживаат во музичката дарба на маестро Венгеров. Сите со нетрпение го очекуваме неговиот вечерашен настап, рече Арсовски.

Селекторот на музичката програма на „Охридско лето“ Гордана Јосифова – Неделковска од своја страна изрази задоволството што Охрид и македонската јавност има можност да бидат домаќини на еден од најмоќните музички личности на денешницата.

- По неговиот настап минатата година, огромно е задоволството што се реализираше идејата за оваа година маестро Венгеров да е повторно тука со уметниците од „Мењухин“ камерниот оркестар, формиран 1977 година, оркестар кој веќе 40 години успешно настапува на најпрестижните уметнички сцени низ Европа, САД, Канада, Јапонија Кина. Честа е особено наша што оваа година на 100-годишнината од раѓањето на великиот маестро Јехуди Мењухин, јубилеј што се слави низ целиот свет, а тука вклучувајќи го и Охрид и фестивалот „Охридско лето“, рече таа.

Во рамки на „Охридско лето“, оваа година се одржува и летна музичка академија на која маестро Венгеров има часови и со млади македонски уметници, што се очекува да придонесе на заложбите за реализирање на идејата Охрид да биде промовиран не само како град на уметноста и туризмот, туку и како универзитетски центар во овој дел од Европа.

Маестро Венгеров не го крие задоволството што повторно е тука во Охрид, на фестивалот „Охридско лето“ што секоја година е домаќин на врвни музички и драмски уметници од светски калибар.

- Среќен сум што истворемено како музичар и диригент ја имам привилегијата да ја реазлизирам скромната мисија што ми ја предочи мојот музички отец Јехуди Мењухин. Честа да се настапува тука носи и одговорност, моја лична на секој од овие млади уметници да се обидам да им пренесам дел од моето музичко искуство, рече тој.

Младата уметничка Георгина Поповска не ја криеше радоста што и е дадена можноста да биде дел од „Мењухин“ академијата и да соработува со маестро Венгеров.

- Да се работи со Венгеров и академијата „Мењухин“ е навистина благослов, научивме многу, се дружевме и навистина тоа е животно искуство што не може да се заборави, рече таа.

Инаку, за својот музички пат Венгеров рече дека е негова среќа што имал можност да учи од најдобрите уметници, светски познати имиња.

- Мојот успех им го должам на многу луѓе, меѓу кои на моите први музички учители, моите родители. Но, благодарение на Бога што имав привилегија својот потенцијал да го доградувам кај Мстислав Ростропович, кој не само што ми ја отвори вратата да ја доживеам музиката на повеќе нивоа, туку човек кој ми ја претстави сликата на музиката што треба да ја отсвирам. Музиката е моќен медиум и нашите искуства ние ги претставуваме на сцена, но кога чувствата наши се пренесуваат и кај публиката, тогаш нашата мисија се остварува. Визуалицијата на музиката го прави концертот успешен, доколку нашите слики се пренесат на публиката, тогаш ние уметниците ја издигнуваме нашата мисија на музицирање во своевидна уметничка продуховеност, рече маестро Венгеров.

Концертот на Венгеров и уметниците од Академијата „Мењухин“ е вечерва на сцената во катедралната црква „Света Софија“, со почеток од 21 часот. На програмата се дела на Моцар и Шостакович.

Куриозитет е што маестро Венгеров свири на извонредно редок и вреден инструмент, виолина изработена од големиот Страдивари во 1731 година, која своевремено била сопственост на францускиот Паганини, виолинистот Рудилф Кројцер. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЈП Комунална хигиена-Скопје: Во текот на минатата недела се отстранети 890 кубни метри отпад од диви депонии

Во текот на изминатата седмица, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа 3600 тони комунален отпад од домаќинствата и правните субјекти на територијата на градот Скопје.

ЈП Комунална хигиена-Скопје: Во текот на минатата недела се отстранети 890  кубни метри отпад од диви депонии

Во истиот период се отстранети 890 кубни метри непрописно одложен кабаст и градежен отпад од јавни и сообраќајни површини во сите скопски општини. Најголемо количество непрописно одложен отпад е подигнато во општината Центар, каде што се расчистени вкупно 220 кубни метри отпад од диви депонии.

Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје минатата недела изготви 26 записници за лица и правни субјекти затекнати при кршење на Законот за јавна чистота. Најголем број на записници – вкупно 12, беа врачени на територијата на скопската општина Чаир.

ЈП Комунална хигиена-Скопје реализираше еко-предавања за правилно постапување со отпадот во ООУ „Круме Кепески“ во општината Кисела Вода.

Со едукативните активности беа опфатени вкупно 90 ученици од шестите одделенија во училиштето, а нашите најмлади сограѓани беа запознати на кој начин правилно да го одлагаат комуналниот отпад, како и за придобивките од неговата примарна селекција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Единствено во периодот на власт на Заев и Филипче преку Еуростандард банка, во Македонија се „испрале“ пари од Венецуела

Единствено во периодот на власт на СДС, Зоран Заев и Венко Филипче преку Еуростандард банка, во Македонија се ,,испраа“ пари дојдени од Венецуела.

ВМРО-ДПМНЕ: Единствено во периодот на власт на Заев и Филипче преку Еуростандард банка, во Македонија се „испрале“ пари од Венецуела

Според информациите во јавноста, првата транша од овие трансакции изнесувала 110 милиони евра, додека вкупниот износ на средствата што требало да бидат префрлени преку Еуростандард банка достигнувал неверојатни 1,6 милијарди евра.

Дополнително, во рамки на оваа шема се споменува македонска фирма која за значителна сума купувала вештачко ѓубриво од компанија од Белорусија, земја каде што со години владее Лукашенко, прв другар на рускиот претседател Путин. Средствата потоа биле префрлени на сметка во Србија, каде што потоа, по барање на обвинителството, биле замрзнати.

Тоа се држави, чии олигарси кои во матичните земји се гонат за криминал, од Владата на СДС во Македонија добиваа пасоши, тендери, па дури и дупови се кроеја по нивна мерка.

И, според фројдовската логика на актуелното раководство на СДС, тогашната власт на Заев и Филипче, биле директно вклучени во овие трансакции, по шема од Венецуела, преку Белорусија, Русија и Србија.

Дополнително, остануваат отворени прашањата за кредитирањето на фирмите поврзани со семејството Заеви и нивните деловни партнери од страна на Еуростандард банка. Фирми како „Сара инженеринг“, поврзана со Вице Заев, „Глобал медија груп“, како и „Тритерол“ кои зеле милионски кредити од Еуростандард банка, а потоа не ги враќале.

Овие примери доволно зборуваат дека изворот на криминалот, корупцијата и ароганцијата во Македонија се СДС, Венко Филипче и Зоран Заев.

Македонија не смее да биде држава во која политичката моќ служи за заштита на сомнителни бизнис-интереси и кога тогаш, ќе одговараат.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: За Алта банка Савески да почне од Мицкоски и Славески – сметките и трансакциите мора да се испитаат веднаш

Сега кога Савески преку медиумите доби „зелено светло“ од шефот Мицкоски дека може да почне да работи, нека почне токму од Мицкоски и од гувернерот Трајко Славески.

СДСМ: За Алта банка Савески да почне од Мицкоски и Славески – сметките и трансакциите  мора да се испитаат веднаш

Нека го испита секој можен аспект од влезот на Алта банка во Македонија, сомнителниот капитал, одлуките, кој одобрил и зошто.

Нека утврди што разговарале и договарале со Вучиќ.

Што договарале со Мацура?

Обвинител не смее да чека телефонски повик. Ниту наредба од собраниска говорница или од телевизија.

Токму ваквото однесување ја разјадува независноста на

правосудството и целосно ја руши довербата кај граѓаните.

Потоа следуваат катастрофални оценки во извештајот на Европската комисија.

Независно обвинителство не чека, не работи по сигнал од премиерот, не чека туку постапува.

Бараме веднаш да се обезбедат и испитаат сметките, трансакциите и целокупната документација на Алта банка.

Обвинителството и полицијата да ја известат јавноста за утврдените наоди.

Тоа мора да се направи пред какво било преземање. Продажбата којашто ја договара Мицкоски не смее да стане покритие за заташкување на случајот и избегнување одговорност.

Савески, отворете истрага за Мицкоски, Славески и за сите инволвирани во носењето на Алта банка, обезбедете ги доказите, испитајте ги трансакциите, повикајте ги инволвираните.

Дадовте заклетва на граѓаните, не на оваа мафија.

Вистината излегува на виделина. Бандата ќе одговара.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер