ЕСЕ: За 84 отсто здравствените работници корупцијата е делумно или многу распространета во секторот во кој работат
1Алиу: Брзата помош во Скопје ќе стане посебна институција, пристигнуваат 100 нови амбулантски возила
2ЕСЕ: За 84 отсто здравствените работници корупцијата е делумно или многу распространета во секторот во кој работат
КултураМаестра Дијана Имери Илкоска ќе диригира во Грузија Македонската диригентка, маестра Дијана Имери Илкоска, на 6 ноември ќе диригира во Грузија, каде што ќе настапи заедно со Младинскиот оркестар „Гија Канчели“ во Тбилиси. Имери Илкоска, доби специјална покана од престижниот Камерен фестивал на Тбилиси, кој секоја година од 2 до 6 ноември се одржува во Државниот конзерваториум „Вано Сараишвили“. На концертот, заедно со Младинскиот оркестар „Гија Канчели“, како солисти ќе настапат тројцата пијанистите со зад себе завидна кариера: Давид Аладашвили (Грузија), Мариана Ахба (Грузија/Франција) и Луис Швицгебел Ванг (Швајцарија), а ќе бидат изведени и, уверирата од „Дон Џовани“ од Волфганг Амадеус Моцарт, Концертот за две пијана од Моцарт, како и Концертот за две пијана од Франсис Пуланк. -Со нетрпение го очекувам моето гостување во Тбилиси, пред се, поради тоа што ме очекува соработка со врвни солисти и престижниот оркестар кој ме покани со концерт свечено да го затворам Камерниот фестивал за класична музика. Ваквите покани за мене се потврда дека она што го работите со огромна љубов, посветеност и стремеж кон вистински квалитет, надалеку се слуша и не може да остане незабележано, вели маестра Имери Илкоска. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДимитровски: Планот за раст и Инвестициската рамка го забрзуваат европскиот пат на регионот Димитровски денес учествуваше на конференција во организација на Европскиот суд на ревизори во Луксембург.Заменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски, денес учествуваше на конференција во организација на Европскиот суд на ревизори во Луксембург, на која учествуваа високи претставници на институциите на Европската Унија, европските финансиски институции, претставници на владите на земјите од Западен Балкан и други меѓународни партнери. Конференцијата беше посветена на европската финансиска поддршка за земјите од Западен Балкан, со посебен осврт на неодамна објавениот Специјален извештај на Европскиот суд на ревизори за имплементацијата и резултатите од проектите поддржани преку Инвестициската рамка за Западен Балкан и Инструментот за реформи и раст. Заменик министерот Димитровски имаше свое обраќање на панелот посветен на имплементацијата на европската финансиска поддршка, со фокус на искуството на нашата земја како корисник на овие европски финансиски инструменти, предизвиците во реализацијата на проектите и улогата на Планот за раст во процесот на пристапување кон Европската Унија. Димитровски истакна дека Инвестициската рамка за ЗБ и Планот за раст на ЕУ претставуваат значајни инструменти за забрзување на реформите, реализација на стратешки инфраструктурни инвестиции и постепена интеграција на нашата земја во единствениот европски пазар. Тој посочи дека нашата земја е меѓу првите земји кои добија позитивна оценка за Реформската агенда, што претставува потврда за посветеноста на земјата во спроведувањето на реформите и ефикасното користење на европските финансиски инструменти. Додаде, дека и покрај тоа што средствата од Инвестициската рамка на ЕУ се ограничени, а во нашата земја и регионот во тек се крупни инфраструктурни проекти од повеќе милијарди евра, како што е брзата железница на Коридорот 10 од Солун до Будимпешта, учеството на Европската Унија во нивното финансирање, макар и симболично, останува значајно бидејќи обезбедува стандарди и сигурност за нивна успешна реализација во интерес на нашите граѓани.Тагови: Зоран Димитровски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветСуперјахтата на Путин забележана кај ДанскаКонвој од три руски бродови пловеше покрај Данска претходно оваа недела, вклучувајќи ја и суперјахтата Грејсфул, за која се верува дека му припаѓа на рускиот претседател Владимир Путин.Суперјахтата влезе во данските територијални води во недела навечер и помина во близина на островот Анхолт во понеделник наутро, објави данскиот медиум „DR“. Грејсфул наводно била придружувана од разурнувач и патролен брод. Преминувањето привлече внимание затоа што, според „DR“, суперјахтата Грејсфул го исклучила својот „AIS“ предавател на 30 август 2022 година, по почетокот на руската инвазија на Украина. Ein ungewöhnlicher russischer Schiffskonvoi sorgt derzeit vor der dänischen Küste für enorme Aufmerksamkeit. Mittendrin befindet sich die Luxusjacht "Graceful", die als persönliche Jacht von Kreml-Chef Wladimir Putin gilt. https://t.co/bSNymOcAok — oe24.at (@oe24at) June 29, 2026 Оттогаш, бродот е практично „под радарот“, иако оттогаш е забележан во близина на Санкт Петербург. Откако конвојот беше забележан во близина на Данска, тој беше под постојан надзор. „Вооружените сили редовно ги следат бродовите, вклучително и бродовите на странски држави, кои минуваат низ данските теснеци и територијални води, користејќи соодветни можности“, соопшти Данската одбранбена команда. Според претходните извештаи на списанието „Форбс“, суперјахтата „Грејсфул“ е долга околу 80 метри и се проценува дека вреди околу 100 милиони евра. Извор: Б92Тагови: Владимир Путин Данска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоУтре сончево и топло со мала до умерена облачностВремето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.Попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и наместа појава на краткотрајно невреме со град. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 22, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Попладне ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 35 степени. Под влијание на серија влажни воздушни бранови во четврток и во петок времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, наместа со повремени врнежи од дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 15 l/m²), електрични празнења, силен ветер (над 60 km/h) и појава на град. Температурите ќе бидат во опаѓање. Во деновите од викендот ќе се задржи посвежо време и ќе дува умерен до засилен северен ветер.Тагови: Сончево и топло Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook