МАЕИ стана полноправна членка Европската слободна алијанса ЕФА - Канал 5

МАЕИ стана полноправна членка Европската слободна алијанса ЕФА

-Горди сме и голема чест ни е што станавме полноправна членка на ЕФА. Веруваме дека нашето членство ќе ја збогати и нашата партија и Алијансата, рече тој.

МАЕИ стана полноправна членка Европската слободна алијанса ЕФА

Единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, денеска стана полноправна членка на Европската слободна алијанса ЕФА, за што е донесена едногласна одлука од делегатите на Генералното собрание на Европската слободна алијанса во Брисел, информираше за МИА, Васил Стерјовски, лидер на партијата.

-Горди сме и голема чест ни е што станавме полноправна членка на ЕФА. Веруваме дека нашето членство ќе ја збогати и нашата партија и Алијансата, рече тој.

Според него, етосот на партијата „длабоко резонира со принципите на кои се темели на Европската Унија, како што се зацртани во член 3 од Договорот за Европската унија“.

-Посветени сме на промовирање на овие вредности во Албанија и низ Европа. Нашата соработка со партиите членки на Европската слободна алијанса, како што се „Виножито“ од Грција и ОМО „Илинден Пирин“ од Бугарија, ја нагласува нашата посветеност на овие идеали. Инспирирани од визијата на Европската слободна алијанса, ние сме желни да придонесеме со нашите уникатни перспективи и искуства во Алијансата, рече Стерјовски, кој ќе има обраќање на овој собир.

Тој заедно со координаторот за меѓународна соработка во партијата, Генти Јанкула, вчера имаа средба со претставници на Советот на Европа и советодавниот комитет на Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства што ја оценија како „историска пригода, која означува значајна пресвртница за нашата партија и за Македонците во Албанија“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

76-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров

Влегле низ задната врата, ја извлекле од постела, ја врзале и малтретирале, а потоа ја ограбиле и убиле, ова се неофицијално деталите од убиството на 76 годишна жена од Ѓорче Петров, која утринава беше пронајдена мртва во својот дом.

76-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров

Станува збор за грабеж кој резултирал со убиство, второ во Ѓорче Петров за само пет дена, откако во населбата во Хром, исто така со траги на насилство, беше пронајден мртов 62 – годишен маж. Жртвата, жителка на улицата Ѓурчин Кокале, утринава околу 9 часот ја пронашна нејзината ќерка, која дошла да ја посети и да и помогне околу домашните обврски. Убиството, според неофицијални информации, не е извршено со огнено оружје.

Токму ова е куќата, белата во позадина каде утринава била пронајдена жената од страна на својата ќерка. Според неофицијалните информации, била убиена во дневната соба.

Убиената била мирна и тивка жена со здравствени проблеми, велат соседите кои се шокирани што на оваа улица, на која немало поголем инцидент, се случило убиство, бидејќи истата важи за една од најбезбедните и најмирните улици во Ѓорче Петров. Сега велат, стравуваат за себе и најблиските.

На оваа улица јас живеам можеби 30-40 години, вакво нешто не се случило, немало ни грабежи, ни ништо. Девојченцето, ете се случило тој ден да одат во Маврово, кога се вратиле, кога ја затекнале, мртва. Значи треба да се заклучуваме и денски и навечер, ниски се оградите. Ова е прва случка ваква, немало досега, не знам за понатаму што да кажам.

Канал 5 ги затекна екипите на МВР кои вршеа увид на местото на злосторството, по сторителите во моментов се трага.

-Во 09:18 часот во СВР Скопје, М.А. пријавила дека во куќа на ул. Ѓурчин Кокале ја пронашла нејзината мајка О.А. без знаци на живот. Од страна на итната медицинска помош констатирана е смрт со видливи траги од насилство,- - Гоце Андреевски – Портпарол на МВР.

Неофицијално, според извори на Канал 5 од истрагата, полицијата истражува дали има можна поврзаност помеѓу двете убиства во изминативе пет дена. Според информациите, и 62 годишникот е убиен по разбојништво. Од обвинителството посочуваат дека се преземаат сите дејствија за расчистување на убиствата.

Неофицијално, едно лице осомничено за двете убиства во скопската населба Ѓорче Петров е приведено и во моментов се наоѓа во полициска станица.. За ова нема официјална потврда од МВР...

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Песков : „Сè уште не сме разговарале за за можната номинација на Орбан за генерален секретар на ОН. “

Вака портпаролот на Кремљ одговорил на прашањата во врска со медиумските извештаи дека американската администрација го промовира Орбан за оваа функција. 

Песков : „Сè уште не сме разговарале за за можната номинација на Орбан за генерален секретар на ОН. “

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека за време на последниот телефонски разговор, рускиот лидер Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп не разговарале за можната номинација на поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан за генерален секретар на ОН.

Вака портпаролот на Кремљ одговорил на прашањата во врска со медиумските извештаи дека американската администрација го промовира Орбан за оваа функција. Песков исто така напомена дека „доколку се појави таква кандидатура, таа ќе биде разгледана“.

„Волстрит џурнал“, повикувајќи се на извори од три земји, објави дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп го предложила Орбан за генерален секретар на Обединетите нации.

САД го повика поранешниот премиер на Унгарија, Виктор Орбан да се кандидира и го охрабрија да го стори тоа.

Планот во моментов чека конечна одлука.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Jан Облак стана татко, неговата свршеница тенисерката Олга Даниловиќ роди син

Српската тенисерка Олга Даниловиќ се породи и доби син. 

Jан Облак стана татко, неговата свршеница тенисерката Олга Даниловиќ роди син

Таа и нејзиниот свршеник,ѕвездата на Атлетико Мадрид, словенечкиот голман Јан Облак, уште претходно го избраа името Максим.

Олга направи долга пауза во кариерата поради бременоста, а последниот натпревар го одигра на 4 февруари на еден турнир во Романија.

Србинката падна на 390-тото место на ВТА-листата, но, се разбира, тоа сега не е важно. Олга Даниловиќ и Јан Облак се во врска од 2023 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер