МАЕИ со повик до Македонците од Албанија, кои живеат надвор од државата да се регистрираат - Канал 5

МАЕИ со повик до Македонците од Албанија, кои живеат надвор од државата да се регистрираат

МАЕИ со повик до Македонците од Албанија, кои живеат надвор од државата да се регистрираат за гласање на изборите и да го поддржат македонскиот глас.

МАЕИ со повик до Македонците од Албанија, кои живеат надвор од државата да се регистрираат

Единствената македонска партија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) упати повик до Македонците кои живеат надвор од границите на Албанија да го искористат своето право на глас и да го поддржат македонскиот глас на парламанетарните избори што ќе с еодржат на 11 мај.

-Вашиот глас е клучен за зајакнување на македонската заедница во Албанија и за поддршка на политичката програма на МАЕИ, која се залага за заштита на македонскиот идентитет, култура и права. Со секој ваш глас, ја гарантирате иднината на Македонците во Албанија и го продолжуваме нашето заедничко патување кон европска интеграција. Не дозволувајте вашиот глас да остане неслушнат! Регистрирајте се и гласајте за Македонска алијанса за европска интеграција – вашата сила за посветла иднина, повикува МАЕИ.

Исто така во повикот стои дека овие избори за првпат имаат можност да гласат од странство преку пошта.

-Процесот на регистрација за гласање е веќе отворен и се врши преку Националната платформа на Централната изборна комисија. За регистрацијата ви е потребен електронски уред (паметен телефон, лаптоп, компјутер со предна камера) за верификација преку фотографирање на лицето за регистрација и скенирање (фотографирање) на идентификацискиот документ и другиот документ за потврда на адресата, стои во повикот на партијата, во кој детално се објаснува начинот на аплицирање.

Аплицирањето за остварување правото на глас на албанската дијаспора почна на 11 овој месец и ќе трае до 4 март. Посебна комисија, која работи 24/7 ги разгледува пријавите и во рок од пет дена апликантот добива одговор дали е прифатена или одбиена. До вчера за гласање се пријавиле 14 261, а прифатени се барањата на 2 352 лица.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ

По кривичните пријави од Народна банка за функционери на СДСМ, од партијата поднесоа кривична пријава против гувернерот Трајко Славески и други одговорни лица во НБРМ за случајот со Алта банка..

По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ

Од СДСМ бараат Јавното обвинителство да определи мерки на претпазливост за Славески и сите инволвирани, како и привремена забрана за вршење должноста за да се спречело влијание врз сведоци и можно уништување на документација.

-Трајко Славески и пријавените лица се теретат дека со своите дејствија на сторување и несторување, пропуштање должен надзор, во периодот од втората половина на 2025 година до октомври/ноември 2026 година. „Несовесно работење во службата“ по член 353-в и „Злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353. Бараме да се утврди зошто не била проверена репутацијата на сопственикот, потеклото на парите и ризиците за сигурноста и стабилноста на банката?, изјави Александар Саша Димитријевиќ – генерален секретар на СДСМ.

Лидерот на СДСМ Венко Филипче на социјалните мрежи напиша дека опозицијата нема да дозволи Мицкоски и Славески да го сокријат скандалот и да избегаат од одговорноста..

Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, реагираат за наводите на Филипче и СДСМ дека Алта банка и нејзиниот сопственик имале некаква забрана за работа во ЕУ оценувајќи ги како лажни и манипулативни.

Според владејачката партија македонскиот регулатор и институции, немале никаква можност да забранат Алта банка да влезе во Македонија, затоа што истата не само што не била забранета во ЕУ, туку била дел од сопственичките структури на банка токму во Унијата.

-Се што кажа СДС за Алта банка е лага. Не само што Алта банка не била санкционирана од ЕЦБ, туку напротив до самиот чин на нејзино затворање таа имала удел во банка во ЕУ. Токму ова е извадок од официјалната страна на Адико банка од Виена, од кое се гледа дека токму Алта банка поседува 9,63% од акциите на Адико банка. Патем, овој удел Алта банка го поседува и ден денес и се уште е во сопственост на Алта банка Србија. Алта банка влегува во Македонија како банка која што има удели во банка во ЕУ, изјави Манасиевски.

Се огласија и од ДУИ од каде бараат јавно извинување од ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН за наводите дека Владата на СДСМ и ДУИ во 2023 година побарала од Државното правобранителство да стапи во деловни односи со Алта банка Србија. Во спротивно, велат, ДУИ ќе ги преземе сите правни чекори и ќе поднесе тужби против оние што клеветеле.

Државниот јавен обвинител Ненад Савески на вчерашната надзорна расправа во Собранието изјави дека обвинителството постапува во секоја ситуација кога ќе утврди постоење на кривично-правен настан, но не каќа дека не моќе да открие дали во случајот со „Алта банка“ е отворена предистражна постапка.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Манчестер Јунајтед ќе плати милионско обесштетување за Покетино

Великанот од „Олд Трафорд“ Манчестер Јунајтед се раздели со клупската легенда, менаџерот Мајкл Керик.

Манчестер Јунајтед ќе плати милионско обесштетување за Покетино

Како негов наследник медиумите од Британија го промовираат селекторот на САД, Маурисио Покетино.

Аргентинецот моментално ја предводи репрезентацијата на Соединетите Држави, но неговиот договор содржи клаузула која му овозможува да си замине од американскиот тим со плаќање одредена отштета.

Според британските медиуми, овој износ – кој се однесува на Покетино и неговиот стручен штаб – надминува 10 милиони евра, а Јунајтед се согласи да го плати. Останува уште официјална потврда, но нема сомнеж: Покетино се враќа во Премиер лигата, каде што претходно ги водеше Саутемптон, Тотенхем и Челси.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Предавање за јапонскиот чај „Сенча“ на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје

На 13 ноември 2026 година, во Аулата на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, ќе се одржи настанот „DISCOVERY: Јапонски чај – Сенча“, посветен на историјата, културата и традицијата на јапонскиот чај.

Предавање за јапонскиот чај „Сенча“ на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје

Гостинка на настанот ќе биде Курита Јунко, специјалистка за јапонски чај, која ќе одржи предавање за историјата и културното значење на јапонскиот чај, ќе претстави јапонски изрази поврзани со чајната традиција и ќе им овозможи на присутните да учествуваат во дегустација на јапонски чај.

Настанот ќе се одржи од 10:00 до 12:00 часот, а предавањето ќе биде на англиски јазик. Учеството е бесплатно и не е потребна претходна регистрација.

Настанот е во соорганизација на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и Јапонската фондација од Будимпешта.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер