МАЕИ со барање до албанските власти за намалување на премијата за „зелен картон“ - Канал 5

МАЕИ со барање до албанските власти за намалување на премијата за „зелен картон“

МАЕИ со барање до албанските власти за намалување на премијата за „зелен картон“ за патување во Македонија и Грција.

МАЕИ со барање до албанските власти за намалување на премијата за „зелен картон“

Партијата Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) ја поздрави новата одлука на Албанското биро за осигурување која им овозможува на албанските граѓани да патуваат во Црна Гора со осигурителната полиса „зелен картон“ по значително намален премиум од 50 евра годишно, наместо претходните 400 евра. Во овој контекст, партијата бара од Владата и Одборот за финансиски надзор итно да започнат процес на консултации и координација со Албанското биро за осигурување, со цел истата мерка да се примени и за Македонија и Грција.

Според партијата, ова е значаен чекор кон олеснување на движењето и намалување на трошоците за сите албански граѓани.

-Во овој контекст, партијата Македонска алијанса за европска интеграција бара од Владата и Одборот за финансиски надзор итно да започнат процес на консултации и координација со Албанското биро за осигурување, со цел истата мерка за намалување на премијата за „Зелен картон“ на 50 евра годишно да се примени и за Македонија и Грција, рече Васил Стерјовски, претседател на партијата, на денешната прес-конференција одржана во Корча.

Оцени дека оваа одлука ќе донесе директни придобивки за албанските граѓани, посебно за „жителите на Округот на Корча, кои имаат тесни семејни, економски и културни врски со Македонија и Грција“.

-Намалувањето на оваа тарифа ќе овозможи поголема слобода на движење, ќе го олесни секојдневниот живот на илјадници граѓани и ќе помогне во продлабочување на регионалната соработка меѓу Албанија, Македонија и Грција. Македонска алијанса за европска интеграција внимателно ќе го следи овој процес и ќе продолжи да ја поддржува секоја иницијатива што има за цел подобрување на животните услови и олеснување на слободното движење на граѓаните. Ги повикуваме надлежните институции да преземат брзи чекори за да обезбедат еднаков третман за нашите граѓани кои патуваат кон Македонија и Грција, со што ќе се намали големиот економски товар врз граѓаните и бизнисите што работат во регионот, рече Стерјовски.

Со оваа одлука, нагласи тој, која ексклузивно ја покрива територијата на Црна Гора, албанските граѓани може да се снабдат со осигурителната полиса „зелен картон“, со важност од 12 месеци од денот на издавањето.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Одраз“ вечерва во Битола: Делата на Наташа Божарова првпат пред македонската публика, музички перформанс на Нико Ѓоргиевски од „Мизар“

Вечерва, 3 октомври, со почеток во 20 часот, во кафе „Тигре“ во Битола ќе се одржи уметничкиот настан „Одраз“, на кој за првпат пред македонската публика ќе бидат претставени сликарски дела на македонската скулпторка и сликарка Наташа Божарова.</

„Одраз“ вечерва во Битола: Делата на Наташа Божарова првпат пред македонската публика, музички перформанс на Нико Ѓоргиевски од „Мизар“

Покрај сликарските дела, публиката ќе има можност да види и дел од скулптурите на Божарова, чиј скулпторски опус во најголем дел се наоѓа во Италија, додека дел од нејзините дела се наоѓаат во Македонија.

„Одраз“ ќе биде надополнет со музички перформанс на битолчанецот Нико Ѓоргиевски, македонски тенор и вокал на рок-бендот „Мизар“.

Ѓоргиевски ќе изведе интерпретации на дела од светската андерграунд музичка сцена кои влијаеле врз неговиот уметнички развој и музички израз.

Настанот ги обединува сликарството, скулптурата и музиката преку творештвото и уметничките влијанија што го обликувале патот на Наташа Божарова и Нико Ѓоргиевски.

„Одраз“

Вечерва, 3 октомври, во 20:00 часот

Кафе „Тигре“, Битола

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Рама: „Европската Унија ја лаже Украина“

Албанскиот премиер Еди Рама остро го критикуваше пристапот на ЕУ кон преговорите за пристапување на Украина во интервју за германскиот „Велт“.

Рама: „Европската Унија ја лаже Украина“

Рама зборуваше за процесот на пристапување на Западен Балкан. Тој истакна дека од Источна Германија не се барало да ги исполни барањата од сите 33 преговарачки поглавја во 1989 година.

Рама рече дека ЕУ веројатно ќе бара уште поголеми напори од земјите од Западен Балкан, но дека тие сепак сакаат да бидат нејзин дел.

„Украина е земја која е измамена“, рече Рама.

Рама додаде дека Украина никогаш нема да биде примена преку стандардниот процес на пристапување, со исполнување на сите критериуми, и дека сите се свесни за ова.

Тој рече дека реално решение би било Украина веднаш да се приклучи на преговорите и да добие полноправно членство врз основа на заслуги.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

31-година од атентатот врз претседателот Глигоров, се уште нема разврска

Поминаа 31-година од атентатот со автомобил-бомба врз претседателот Киро Глигоров.

31-година од атентатот врз претседателот Глигоров, се уште нема разврска

На 3 октомври беше извршен атентат врз првиот претседател на Македонија, Киро Глигоров, кој со тешки повреди на главата ,го преживеа напaдот.

На местото на атентатот загина неговиот возач Александар Спировски, а беше повреден телохранителот на глигоров, Илчо Теовски. Како последица од повредите почина и случајниот минувач Христо Христоманов.

Истрагата утврди дека атентатот врз македонскиот претседател, бил добро подготвен и организиран. Остана непознато кој стоел зад атентатот, а истражната постапка која се води против непознат сторител се уште е отворена. Нападот беше извршен со автомобил-бомба во 1995 година во 9:50 часот на улицата „Македонија“ пред хотелот „Бристол“ во Скопје кога Глигоров со службено возило се движеше од неговата резиденција на работното место во Собранието. Киро Глигоров почина од природна смрт на 94 годишна возраст на 1 јануари 2012 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер