ВМРО-ДПМНЕ: Едноцифрените рејтинзи и стравот од изборен дебакл, се причина за блокирањето на Изборниот законик од СДС, Левица и ДУИ
2ВМРО-ДПМНЕ: Едноцифрените рејтинзи и стравот од изборен дебакл, се причина за блокирањето на Изборниот законик од СДС, Левица и ДУИ
3САД и Иран повторно разменија напади по што се намали бројот на бродови што патуваат низ Ормутскиот теснец
БалканМАЕИ се повлече од изборната коалиција „Алијанса за величествена Албанија“ МАЕИ се повлече од изборната коалиција „Алијанса за величествена Албанија“ предводена од демократите на Бериша. Единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ се повлече од изборната коалиција „Алијаса за величествена Албанија“ предводена од Демократската партија на Сали Бериша. -Доставивме барање до Централната изборна комисија да не избрише од коалицијата. Тоа од причина што не беше испочитуван договорот наши претставници да бидат на отворените кандидатски листи. Наша цел не е бидеме само декор во некоја коалиција, туку силен политички субјект кој ќе има свој претставник во новиот албански законодавен дом, рече за МИА, Ендрит Фетаху, потпретседател на партијата. Според него имаат интензивни преговори со друг политички субјект, со кој треба да се обезбеди застапеност на кандидати на МАЕИ во отворените кандидатски листи, но сакаше да открие за кој политички субјект станува збор. На последните парламентарни избори МАЕИ беше во коалиција со актуелната владејачка Социјалистичката партија на Еди Рама. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветНајмалку 11 лица загинаа, а 6 се повредени во голем шумски пожар во ШпанијаНајмалку 11 лица загинаа, а шест се повредени во голем шумски пожар во местото Лос Гаљардос, во шпанската покраина Алмерија.Дел од жртвите биле пронајдени во возила зафатени од пламените јазици, додека околу 1.000 жители биле евакуирани поради опасноста од ширење на огнот. Пожарот избувнал за време на силен топлотен бран што ја зафати јужна Европа, со температури кои достигнуваат околу 40 степени целзиусови. Spain wildfire death toll rises to 12....A wildfire that ripped through a hamlet in southern Spain killed 12 people, authorities said on July 10, as a heatwave stifled swathes of the country. Some of the dead in Bedar in Almeria province were found in vehicles, the regional… pic.twitter.com/Q3oe7DMwMD — PRATEEK BAJPAI (@prateekbajpai07) July 10, 2026 Во гаснењето се вклучени околу 150 пожарникари, како и шпанската воена единица за итни интервенции, додека властите сè уште ја истражуваат причината за пожарот. Шпанија ова лето се соочува со зголемен ризик од шумски пожари поради екстремните горештини. Според научниците, климатските промени придонесуваат за почести и поинтензивни топлотни бранови и пожари, а Европа останува континентот што се затоплува најбрзо во светот.Тагови: Шпанија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Едноцифрените рејтинзи и стравот од изборен дебакл, се причина за блокирањето на Изборниот законик од СДС, Левица и ДУИЛошите едноцифрени рејтинзи на ниво на статистичка грешка на СДС, Левица и ДУИ е причина што го опструираат и го блокираат новиот Изборен законик.Ваквиот нивен однос нема друго оправдување, затоа што консензусот помеѓу политичките партии за носењето на овој закон со месеци се градеше во работната група. Изборниот законик е дел од Реформската агенда и наместо да седнат на маса со сите политички чинители и да се постигне договор за негово носење во македонското Собрание, СДС, ДУИ и Левица избраа да блокираат и како раштиман оркестар да создадат какофонија во јавноста. Откако во Левица увидоа дека рејтингот им се намалува и не им оди како што посакуваат, со непотпишувањето на договорот за носењето на ИЗ, се обидуваат пред своето членство да се покажат како тврдокорни кои не прават компромис. СДС како добар препишувач, откако видоа дека Левица го блокира законот, смислија начин како да го блокираат ИЗ со поднесување на 10 илјади амандмани, со изговор дека гласањето на дијаспората по електронски пат бил недемократски и неевропски чин. И ДУИ, да не останат покуси, се приклучува на блокирање на овој реформски закон, со свој изговор и барање сите одлуки кои се носат во ДИК да бидат носени со консензус, наместо досегашниот мнозински модел. Тоа што е заедничко за овие партии е тоа што сите се исплашени, а до некаде и убедени, дека на следните избори им следи дебакл и убедлив длабок пораз и сегашните нивни постапки, не се ништо друго, освен создавање алиби за изборниот дебакл. Друго заедничко за истите овие партии е што и едните и други прстот го вперуваат во ВМРО-ДПМНЕ, како партијата да им е крива за тоа што граѓаните не гледаат опција во нив и не ги поддржуваат нивните политики. ВМРО-ДПМНЕ, повторно јасно и гласно кажува, неформалните опозициски коалициски партии нека седнат заедно и нека се договорат, тоа што тие ќе предложат, тоа ќе прифати, само начинот на остварување на правото на глас на дијаспората, да се олесни. А, опозицијата, со ваквото однесување, докажува дека за нив важен е само партискиот интерес, не и иселениците и враќањето на македонските граѓани во сопствената татковина. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветСАД и Иран повторно разменија напади по што се намали бројот на бродови што патуваат низ Ормутскиот теснецСАД и Иран повторно разменија напади по што се случи „драматичен“ пад на бројот на бродови што патуваат низ Ормутскиот теснец.Сад велат дека погодиле 90 воени цели, некои во близина на протокот. Иран вели дека 14 лица се убиени во последните два дена. Државните ирански медиуми, исто така, објавија дека биле погодени цели во близина на нуклеарната централа Бушер, повикувајќи се на заменик-гувернерот на покраината. САД не коментираа за последните напади. Иран соопшти дека како одговор ги таргетирал американските објекти во Кувајт, Бахреин и Катар. Синоќа Техеран започна со повеќе напади врз локации во Кувајт, Јордан и Ирак, објавија државните медиуми. Нападите се случија откако Иран го погреба својот убиен врховен лидер Ајатолахот Али Хамнеи во светилиште во Машхад, со што заврши една недела погребни поворки и собири. Нападите врз катарските и саудиските бродови претходно оваа недела го нарушија примирјето, а американскиот претседател Доналд Трамп прогласи дека примирјето е „завршено“Тагови: Иран САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook