МАЕИ, МД „Илинден“ и градоначалникот Колефски, упатија честитка по повод новогодишните празници - Канал 5

МАЕИ, МД „Илинден“ и градоначалникот Колефски, упатија честитка по повод новогодишните празници

 Единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, до сите Македонци, членови и пријатели на партијата упати честитка за среќна и успешна Нова година.

МАЕИ, МД „Илинден“ и градоначалникот Колефски, упатија честитка по повод новогодишните празници

-Нека 2025 година донесе здравје, среќа и благосостојба во вашите домови, сплотеност во нашата заедница и напредок во нашата борба за зачувување и унапредување на македонскиот идентитет и култура во Албанија, стои во честитката.

Се додава дека годината што е зад нас „беше исполнета со предизвици, но и со моменти на заеднички успеси и гордост“.

-Остануваме решителни во нашите напори за јакнење на положбата на Македонците во Албанија и зајакнување на врските со нашата татковина Македонија. Ви посакуваме празниците да ги поминете во кругот на вашите најмили, со радост и љубов, а Новата година да ни донесе нови можности за заеднички успеси. Среќна Нова година, посакува МАЕИ во честитката потпишана од претседателот Васил Стерјовски.

Честитка за среќна Нова година упати и претседателот на македонското друштво „Илинден“- Тирана, Никола Ѓурѓај како и градоначалникот на општина Пустец, Пали Колефски.

-Новата 2025 нека ви биде исполнета со многу здравје, радост, успеси и незаборавни моменти на среќа. Посакуваме подобра и помирна година насекаде, хуманоста и разбирањето да надвладеат во светот. Среќна Нова 2025, стои меѓу другото во честитките.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ин мемориам: Почина великанотТрајан Јовковски

Вчера на ден 17.07.2026, по кратко боледување почина Великанот на МОК, кајакарот Трајан Јовковски. 

Ин мемориам: Почина великанотТрајан Јовковски

Погребот ќе се одржи утре на ден 19.07.2026 на гробиштата во Бутел од 9:30 - 10:30 часот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Разоткриена голема европска мрежа за дрога: Разбиени тајни лаборатории за производство на амфетамин

 При претресот на просториите и домовите што ги користеле осомничените, истражителите заплениле големо количество докази.

Разоткриена голема европска мрежа за дрога: Разбиени тајни лаборатории за производство на амфетамин

Голема меѓународна група за организиран криминал, осомничена за управување со повеќе лаборатории за масовно производство на амфетамини, е разбиена во обемна прекугранична операција поддржана од Европол.

Операцијата била предводена од германското Јавно обвинителство во Крефелд и полицијата во Менхенгладбах, при што во раните утрински часови на 15 јули беа спроведени координирани рации.

За време на операцијата беа претресени десет локации во Германија и три во Холандија, а беа уапсени и неколку осомничени лица.

Истрагата е насочена кон девет лица осомничени за набавка на прекурзори – конкретно основни хемикалии – во количини од неколку тони од 2025 година наваму, наменети за нелегално производство на амфетамини, како и за управување со мрежа од тајни лаборатории.

За време на претресите на просториите и домовите што ги користеле осомничените, истражителите заплениле големо количество докази кои ќе бидат подложени на форензичка анализа.

Полицијата особено се фокусираше на лоцирање на производствените капацитети.

Како резултат на тоа, темелно беа прегледани два магацина во германските градови Калденкирхен и Нидеркрихтен; истражителите веруваат дека тие се користеле за производство и складирање на синтетички дроги.

На денот на операцијата, Европол ангажираше двајца специјалисти обучени за откривање и демонтирање на лаборатории за производство на дрога.

Нивните тимови беа опремени со модерна технологија за откривање хемиски супстанции и обучени за работа во услови на висок ризик, карактеристични за нелегалните лаборатории. Ова овозможи безбедно ракување со опасни материи, како и прибирање клучни докази што ќе се користат во понатамошните правни постапки.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Две авионски бомби од Втората светска војна уништени во близина на Дунав во Хрватска

Две авионски бомби, заостанати од Втората светска војна, денес биле успешно уништени во Дунав, во близина на Батина во Хрватска.

Две авионски бомби од Втората светска војна уништени во близина на Дунав во Хрватска

Поради големата опасност, полициски пиротехничари извршија контролирана детонација на местото на пронаоѓање, додека целата област беше обезбедена со посебни безбедносни мерки, соопшти Полициската управа на Осиек-Барања.

Хрватската полиција вчера, околу 10 часот, добила пријава за експлозивни направи на 1.430-тиот километар од реката Дунав. На терен веднаш биле упатени припадници на Регионалната единица за противминско дејствување од Осиек и на Службата за противминско дејствување при Полициската управа.

Утврдено е дека станува збор за две авионски бомби од советско производство, опремени со соодветни оклопни детонатори.

Според проценката на пиротехничарите, тоа биле експлозивни направи со голема разорна моќ. Секоја бомба тежела околу 150 килограми и содржела приближно 50 килограми експлозив.

Поради специфичните детонатори, секое поместување или транспорт претставувало исклучително висок безбедносен ризик. Затоа е донесена одлука бомбите да се уништат на местото каде што биле пронајдени, се наведува во полициското соопштение.

Двете бомби се уништени со контролирани експлозии во 11:52 часот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер