СветМадуро: Венецуела ќе продолжи со трговијата со нафта и покрај најавата за блокада на ТрампВенецуелскиот претседател Николас Мадуро денеска изјави дека земјата ќе продолжи со трговијата со нафта, еден ден откако американскиот претседател Доналд Трамп објави „блокирање“ на санкционираните танкери за нафта.Венецуелскиот претседател Николас Мадуро денеска изјави дека земјата ќе продолжи со трговијата со нафта, еден ден откако американскиот претседател Доналд Трамп објави „блокирање“ на санкционираните танкери за нафта што влегуваат или излегуваат од Венецуела. Мадуро рече дека намерата на Трамп е промена на режимот во Венецуела и рече дека тоа нема да се случи, објави Еј-Би-Си. Тој нагласи дека нафтата и природните ресурси, според Уставот, им припаѓаат на народот на Венецуела. Во вторникот, Трамп објави на својата социјална мрежа „целосна блокада на сите санкционирани танкери за нафта што влегуваат и излегуваат од Венецуела“ и побара враќање на нафтата и средствата за кои тврди дека претходно биле запленети од САД. Тој не прецизираше за кои средства се однесува ова тврдење. Венецуелската влада ја опиша изјавата на Трамп како „неодговорна и сериозна закана“ и рече дека ваквите најави го кршат меѓународното право, слободната трговија и слободата на навигација. Таа објави дека нејзиниот амбасадор во Обединетите нации ќе продолжи да го осудува она што го нарече кршење на меѓународното право и ја повика меѓународната заедница да ја отфрли најавата на Трамп. САД моментално имаат 11 воени бродови во Карибите, но според проценките, ова нема да биде доволно за да се воспостави целосна поморска блокада во традиционална смисла, што би вклучувало затворање на брегот на земјата. Најавата на Трамп дојде откако САД минатата недела запленија санкциониран танкер за нафта покрај брегот на Венецуела, за кој американските претставници рекоа дека бил вклучен во нелегална мрежа за шверц на нафта и дека транспортирал нафта помеѓу Венецуела и Иран, на пат кон Куба. Мадуро го нарече запленувањето „чин на меѓународно пиратство“. Министерството за финансии на САД минатиот четврток воведе санкции за уште шест танкери и шест превозни компании за наводен транспорт на венецуелска сурова нафта. Министерството за финансии соопшти дека мерките се насочени кон нафтениот сектор на Венецуела, за кој вели дека го финансира нелегитимниот режим на Мадуро. Санкциите се дел од поширок пакет кој вклучува и членови на семејството на Мадуро и еден соработник. Според извештаите, флотата на санкционирани бродови вклучени во транспортот на венецуелска нафта брои околу 30, додека повеќе од десетина санкционирани танкери моментално се наоѓаат во венецуелските води. Венецуела има најголеми познати резерви на нафта во светот, а извозот на нафта е главен извор на приходи на владата. Трамп постојано ја осудува владата на Мадуро како „непријателски режим“, а минатиот месец го назначи Мадуро за шеф на странска терористичка организација, тврдејќи дека приходите од нафта се користат за финансирање, како што вели тој, на тероризам, трговија со дрога и други криминални активности. Тагови: Венецуела Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПротестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
Македонија Љубомир Гајдов вечерва во „Само вистина“Вечерва во „Само вистина“ гостин ќе биде Љубомир ГајдовКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија„На кавга со Иван“ - Слаѓана ТасеваВечерва, во оригиналното шоу „На кавга со Иван“ ќе гостува Слаѓана ТасеваКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваКога обврските ја потиснуваат романтиката – Како повторно да внесете блискост во односотСтресот поради работата, семејните обврски и секојдневните проблеми не влијаат само на сонот и расположението, туку може да ја ослабат и желбата за блискост. Кога сме исцрпени и постојано размислуваме на обврските, тешко ни е да се опуштиме и да уживаме во времето што го минуваме со партнерот. Зошто стресот влијае на желбата за интимност? Кога сме под притисок, организмот се подготвува да се соочи со предизвиците, па тешко се опуштаме. Повишеното ниво на кортизол и адреналин влијае на сонот, расположението и енергијата, што се одразува на партнерскиот живот. Долготрајната напнатост често носи умор и раздразливост, и чувство дека немаме доволно време за себе. Кога сме исполнети со грижи, често немаме енергија за нежност, романтика и заеднички моменти. Хормонaлните промени, особено симптомите на перименопауза и менопауза, промените во нивото на естроген, како и физичките тегоби за време на односот, кои не треба да се занемаруваат, влијаат на желбата, Сепак, намалената желба не значи автоматски дека привлечноста исчезнала или да врската е во криза. На неа влијаат и здравствената состојба, квалитетот на сонот, одредени лекови и емоционални проблеми поради што важно е да се согледа целокупната ситуација. Како повторно да се разбуди блискоста? Првиот чекор е да најдете начин да ја намалите секојдневната напнатост. Прошетка, вежби со дишење, јога или активност која ви причинува задоволство, сето тоа може да ви помогне да се опуштите и да се одвоите од проблемите што ве преокупираат. Важно е да разговарате со партнерот без обвинување и создавање дополнителен притисок. Објаснете како се чувствувате, сослушајте ја неговата перспектива и заедно размислете што би можеле да промените за да имате повеќе време еден за друг. Не мора веднаш да планирате големи романтични гестови. Заедничката прошетка, вечера, прегратка или разговор без телефони може да ви помогне повторно да се поврзете. Нежноста не мора секој пат да води кон интимен однос, а токму отсуството на очекување може да помогне во опуштањето. Обидете се да го подобрите квалитетот на сонот и да најдете рамнотежа помеѓу обврските и одморот. Редовното движење, сонот и времето посветено на себе може да придонесат за подобро расположение и поголема енергија, што позитивно се одразува на односот со партнерот. Ако намалената желба трае, предизвикува незадоволство и влијае на вашиот однос, разговарајте со лекар за можните причини. Особено е важно да побарате помош ако се јавува болка и изразена непријатност во текот на интимниот однос. Блискоста не се мери со честите интимни односи, туку со чувството на сигурност, разбирање и поврзаност. Кога ќе си дадете доволно време себеси и на партнерот, ќе разговарате отворено без да создавате дополнителен притисок, полесно ќе најдете начин повторно да уживате во заедничките моменти, пренесува Ordinacija.hr Извор: srecne.republika.rsКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook