Мадуро се изјаснил како невин, се соочува со доживотен затвор - Канал 5

Мадуро се изјаснил како невин, се соочува со доживотен затвор

Еве кога започнува судењето на поранешниот претседател на Венецуела.

Мадуро се изјаснил како невин, се соочува со доживотен затвор

Екс претседателот на венецуела, Николас Мадуро и неговата сопруга повторно се појавуваат пред судот во Њујорк по обвиненија за трговија со дрога. Предложено е судењето на поранешниот претседател на Венецуела да започне во јуни 2027 година.

Поранешниот венецуелски претседател Николас Мадуро повторно ќе се појави пред судот во Њујорк; ова ќе биде негово трето рочиште по апсењето во јануари.

Мадуро и неговата сопруга, Силија Флорес, кои се наоѓаат во притвор во Бруклин, се обвинети за трговија со дрога, поседување оружје и други кривични дела. Двајцата се изјаснија дека не се виновни, пренесува „Еуроњуз“.

Во судски поднесок доставен доцна во вторникот вечерта, обвинителството и одбраната заеднички предложија судењето да започне во јуни 2027 година. Се очекува судијата Алвин Хелерстајн да го потврди тој датум на процедуралното рочиште во среда.

Доколку поротата ги прогласи за виновни за учество во организирање шверц на кокаин во САД, на Мадуро и Флорес им се заканува доживотен затвор.

Обвинителите тврдат дека Мадуро се договарал со венецуелски полициски службеници за да им помогне на нарко-картелите да шверцуваат илјадници тони кокаин во САД. Адвокатот на Мадуро, Бери Полак, најави дека ќе ја оспори законитоста на апсењето, кое го нарече „воено киднапирање“.

Одбраната истакна дека постојат сложени правни прашања што мора да се решат пред почетокот на судењето. Досега, Мадуро и Флорес не побарале пуштање со кауција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Орце Ѓорѓиевски: Водата во Скопје е безбедна за пиење

Скопје има една од петте најдобри води за пиење во Европа. 

Орце Ѓорѓиевски: Водата во Скопје е безбедна за пиење

- Водата во Скопје е безбедна за пиење. Јас не сум монструм да им дозволам на граѓаните да пијат загадена вода, порача првиот човек на Скопје откако на вонредната прес конференција во градот Скопје свикана поради пораките на социјалните мрежи дека скопската вода е загадена , побара и се напи чаша вода наполнета од чешма.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Зошто власта бега од анализа на водата во целата држава и објава на резултатите?

Пет недели Гостивар нема безбедна вода за пиење. Во повеќе од 50 населени места низ државата водата не е безбедна. 

СДСМ: Зошто власта бега од анализа на водата во целата држава и објава на резултатите?

Во околината на Рашче тлее нова потенцијална еколошка и здравствена катастрофа.

Загадена е водата за пиење и во Свети Николе - утврдени се микробиолошки отстапувања во водата од водоводната мрежа.

Затруени се реките Тополка и Бабуна, бела хемиска материја имаше во реката Лепенец и Вардар.

Граѓаните од цела држава се во грч за тоа каква е водата.

Во оваа ситуација, се поставува прашањето зошто власта на Мицкоски не прифаќа да се направи анализа на водата во цела држава и јавно да се објават резултатите?

Луѓето имаат право да знаат каква е водата што ја пијат.

Станува збор за нивното здравје.

Владата нека ги направи анализите и нека ги објави резултатите.

Видовме до што доведе криењето на информации во Гостивар - 5000 луѓе затруени, секојдневно нови случаи, па дури и реинфицирани граѓани.

Не чекајте, направете ги анализите и објавете ги резултатите!

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

УХМР: Утре и задутре следуваат пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме

Како што информира УХМР, локално процесите ќе бидат во форма на невреме со силен ветер и услови за појава на град. температурата ќе опадне за неколку степени.

УХМР: Утре и задутре следуваат пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме

Утре и во петок времето на некои места од источна и југоисточна Макеоднија ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Како што информира УХМР, локално процесите ќе бидат во форма на невреме со силен ветер и услови за појава на град. температурата ќе опадне за неколку степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со постепен пад на температурата...

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер