3Средба Николоски - Акташ: Македонија и Турција имаат одлична соработка, економијата, туризмот и поврзувањето се областите од интерес на двете земји
СветМадуро одобри продолжување на американските депортациски летови за ВенецуелаВенецуелскиот претседател Николас Мадуро го одобри барањето од Вашингтон за продолжување на прифаќањето на летови за депортација од САД, изјави вчера венецуелскиот министер за транспорт Рамон Целестино Веласкез, јави ДПА.Овој потег доаѓа во услови на драматично зголемување на тензиите меѓу двете земји. Во текот на викендот, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека воздушниот простор на Венецуела треба да се смета за затворен. Каракас одговори велејќи дека Вашингтон еднострано одлучил да ги запре натамошните летови за депортација на мигранти. Во последните недели американскиот претседател ја заостри својата реторика и постапки кон јужноамериканската земја. САД го распоредија носачот на авиони USS Gerald R Ford и дополнителни воени бродови во Карибите, велејќи дека мисијата има за цел борба против трговијата со дрога, потсетува ДПА. Набљудувачите шпекулираат дека Вашингтон можеби подготвува напади врз цели во Венецуела или се обидува да наметне промена на владата во Каракас. Неколку меѓународни авиокомпании ги прекинаа услугите до Венецуела откако Федералната администрација за воздухопловство на САД (FAA) предупреди на зголемена воена активност и зголемени безбедносни ризици. Според венецуелските власти, од март досега со 75 лета се вратени околу 14.000 мигранти, дури и кога тензиите со Вашингтон ескалираа. Најновиот лет, од американската држава Аризона, слета во петокот со 136 вратени, објавија локалните медиуми, пренесени од ДПА.Тагови: Николас Мадуро Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДенеска продолжува судењето за дискотеката „Пулс“Денеска продолжува судењето за дискотеката „Пулс“. Судскиот процес го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, а обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители. Пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани се случи на 16 март 2025 година за време на концерт на групата ДНК. Во трагедијата загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени, што претставува една од најтешките несреќи во поновата историја на државата,Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КултураМНТ: Награда за режија за Нела Витошевиќ и три признанија за „Змеј“ на меѓународната сценаПретставата „Змеј“, во режија на Нела Витошевиќ и продукција на Младинско гледалишче од Љубљана (МГЛ), освои три награди на Меѓународниот фестивал „Театар на раскрсница“. Жирито, предводено од Ирфан Менсур, ѝ ја додели наградата за најдобра режија на Нела Витошевиќ. Признанието за најдобра сценографија му припадна на Игор Васиљев, а за најдобра костимографија беше наградена Јелена Проковиќ. Витошевиќ ја истакна важноста на заедничкиот придонес на сите учесници во создавањето на претставата, упатувајќи благодарност до директорката на МГЛ, членовите на жирито, актерскиот ансамбл, како и до авторскиот и техничкиот тим. Таа нагласи дека успехот е резултат на посветеноста и соработката на целата екипа. Најновата режија на Витошевиќ во нејзиниот матичен театар, Македонскиот народен театар, е претставата „Три сестри“ - современо сценско читање инспирирано од истоименото дело на Чехов, кое наиде на одличен прием кај публиката. Интересот за претставата го потврдува и исполнетата сала на секоја изведба, позиционирајќи ја како едно од најактуелните остварувања на репертоарот на МНТ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСредба Николоски - Акташ: Македонија и Турција имаат одлична соработка, економијата, туризмот и поврзувањето се областите од интерес на двете земјиЗаменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски оствари средба со новоименуваниот амбасадор на Република Турција, Алпер Акташ.Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски оствари средба со новоименуваниот амбасадор на Република Турција, Алпер Акташ, на која беа разгледани билатералните односи меѓу двете земји, како и можностите за унапредување на меѓусебната соработка. Посебен акцент беше ставен на трговската размена и економската соработка, особено во областа на транспортната политика и инфраструктурното поврзување. На средбата, министерот ги претстави развојните политики на Владата и плановите за подобрување на инфраструктурната поврзаност во регионот. Николоски нагласи дека Македонија претставува поволна дестинација за инвестиции и претставува порта за поврзувањето со Централна Европа. Во таа насока, беше истакнато дека присуството на голем број турски компании кои инвестираат во земјава претставува потврда за развиените пријателски односи меѓу двете држави, како и за потенцијалот за натамошно унапредување на економското партнерство. Соговорниците ја потврдија важноста на продолжувањето на соработката меѓу Македонија и Турција во повеќе области, со посебен акцент на економијата, поврзувањето на граѓаните и развојот на туризмот. Во делот на туризмот, беше нагласено дека постојат огромни потенцијали за поврзување меѓу двете земји, со цел поттикнување на туристичките посети и продлабочување на меѓусебните врски. Средбата претставува можност за зајакнување на партнерството меѓу Македонија и Турција, во интерес на економскиот развој, новите инвестиции и унапредувањето на севкупните билатерални односи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook