СДСМ: Резултати за градоначалник на Брвеница: Пад на гласовите на ВМРО и раст на гласовите на СДСМ за 46%
2СДСМ: Резултати за градоначалник на Брвеница: Пад на гласовите на ВМРО и раст на гласовите на СДСМ за 46%
Шоу бизМадона им вети орален секс на сите мажи кои ќе гласаат за Хилари!? Светската поп дива Мадона, отсекогаш знаела како да ја шокира јавноста, но сега се надминува и самата себеси.Мадона на еден стенд ап настап на комичарот Ејми Шумер го зела микрофонот и ја шокирала присутната публика. Според „Маил онлајн“ , Мадона ги предупредила мажите дека нема да погледне ниту една фотографија со машки полов орган, кои и ги испраќаат, доколку не ја поддржат кандидатурата и кампањата на Хилари Клинтон, потоа следувала и шокантната понуда. „Ако гласате за Хилари од мене ќе добиете „ blowjob".- Океј? Баш сум добра. Не сум некоја глупачка, но , не сум ниту обична „алатка“. Работам полека, со многу контакти со очите...“ изјавила Мадона пред да се повлече од сцената. Ваквата изјава на Мадона предизвика лавина од коментари на социјалните мрежи. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветКрст падна врз свештеник за време на миса и го усмрти (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)Католички свештеник почина во црква во Еквадор откако врз него падна крст закачен на ѕидот, за време на миса која се пренесуваше во живо преку интернет, објави денеска порталот „InfoVaticana“.Надбискупијата во Гвајакил истиот ден објави соопштение, во кое се наведува дека отец Санчез Молинари – кој служел како парохиски свештеник во црквата „Богородица од Постојана Помош“ – „заминал во домот на Отецот за да ужива во Неговото присуство и слава“. Од Надбискупијата упатија молитви за покој на неговата душа и изразија солидарност и сочувство до заедницата, неговото семејство и пријателите. Во соопштението на Надбискупијата не беа наведени околностите под кои свештеникот починал. Според мексиканскиот весник „El Heraldo de Mexico“, свештеникот служел секојдневна миса – која се пренесувала во живо преку неговиот профил на социјалните мрежи – кога, околу 27-мата минута од преносот, крст закачен на ѕидот зад него се откачил и паднал врз него. Од истиот медиум на социјалните мрежи наведоа дека на снимката се слушаат извиците на верниците кои присуствувале на мисата. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: ВИДЕОТО Е СО ВОЗНЕМИРУВАЧКА СОДРЖИНА Terrible!! Tragedia en la iglesia Perpetuo Socorro, sur de Guayaquil. El sacerdote Patricio Sánchez falleció tras caerle encima una cruz mientras oficiaba una misa. El lamentable suceso causa gran conmoción entre los fieles y la comunidad católica. https://t.co/647JgyCrA5 — Emergencias Ec (@EmergenciasEc) October 18, 2026 Тагови: свештеник Крст Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Резултати за градоначалник на Брвеница: Пад на гласовите на ВМРО и раст на гласовите на СДСМ за 46%Првичните резултати од Аналитичкиот центар на СДСМ за изборите за градоначалник на Брвеница покажуваат дека во споредба со изборите од 2025 година гласовите на ВМРО се намалиле за 13% а гласовите на СДСМ се зголемиле за 46%.Односно од 3.388 гласа освоени за градоначалник во 2025 година сега кандидатот на ВМРО, Стојанчо Радичевски освил 2.944 гласа. Тоа е пад на поддршката за 13%. Падот на ВМРО е уште поголем, над 20% ако се има предвид дека и ЗНАМ и Левица го поддржаа кандидатот на ВМРО. СДСМ во 2025 година освои 481 глас за кандидатот за градоначалник а сега, 2026 година, кандидатот на СДСМ, Јовица Радески освои 706 гласа што е зголемување за 46%. Резултатите во Брвеница го потврдуваат трендот дека поддршката за ВМРО се намалува, а довербата во СДСМ расте. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ТехнологијаДобри вести за гејмерите: „Nintendo“ донесе одлука за која сите зборуваат„Nintendo“ објави дека нема намера да се откаже од издавањето физички копии на игри, иако индустријата сè повеќе се насочува кон дигитални содржини.Компанијата изјави дека останува посветена на тоа да им понуди избор на играчите на конзолата „Nintendo Switch 2“, поддржувајќи ги и физичките касети и дигиталните преземања. Во разговор за „YouTube“ каналот „Coelho no Japão“ за време на настанот „Brasil Game Show“, Бил ван Зијл, потпретседател на „Nintendo“ и генерален директор за Латинска Америка, беше прашан за ставот на компанијата по ова прашање и дали таа останува посветена на физичките медиуми. „Знаете, историски гледано, секогаш сме биле прилично флексибилни во однос на ова, нели? Се водиме според преференциите на потрошувачите и сериозно ги земаме предвид“, објасни тој. „Исто така, имаме платформа што штотуку е лансирана. Што се однесува до конзолата „NS2“, поминаа само нешто повеќе од една година од почетокот на нејзината ера. Таа нуди две опции – знаете, и дигитална и физичка.“ Потоа, Ван Зијл директно одговори на прашањето: дали „Nintendo“ има намера да се откаже од физичките изданија? „Значи, нема планови за напуштање на физичките изданија. Знаеме колку фановите ги сакаат. Така што, да – нашиот став е да останеме флексибилни.“ Иако Ван Зијл јасно стави до знаење дека „Nintendo“ моментално нема планови да престане со издавање физички игри, сепак не ја исклучи целосно можноста тоа да се промени во иднина. Покрај физичките игри, „Switch 2“ користи и картички од типот „Game-Key“ – еден вид хибриден медиум кој не ја содржи целосната игра, туку клуч за нејзино преземање од интернет. За да се играат вакви игри, касетата мора да остане во конзолата, дури и откако играта ќе биде преземена. Извор: Б92Тагови: Nintendo Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook