Петрушевски: На ВМРО-ДПМНЕ му одговара филмот кој Филипче го продава секој ден затоа што тоа е филм кој носи порази на СДС
2Петрушевски: На ВМРО-ДПМНЕ му одговара филмот кој Филипче го продава секој ден затоа што тоа е филм кој носи порази на СДС
Бела ноќ 2026 во Скопје: Игор Џамбазов и „Гуру Харе Бенд“, „Допамин“, електронска музика и уметност низ Скопје
1Бела ноќ 2026 во Скопје: Игор Џамбазов и „Гуру Харе Бенд“, „Допамин“, електронска музика и уметност низ Скопје
СветМадбули: Египет внимателно ја следи ситуацијата во регионот по израелската операција во ИранЕгипет внимателно ја следи ситуацијата во регионот по израелската воена операција во Иран, изјави египетскиот премиер Мостафа Мадбули, цитиран од весникот „Ал Масри Ал Јум“.Тој додаде дека во координација со гувернерот на Централната банка, Хасан Абдула, и министерот за финансии, Ахмед Кучук, се работи на зголемување на залихите на стратешка стока во земјата. Закажан е состанок со министрите за електрична енергија и нафта и минерални ресурси за да се разгледаат сценаријата за последиците од воените случувања во регионот. Тагови: Израел Иран Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: 60 милиони евра за автобуси со помал капацитет — за чии интереси ВМРО-ОКГ го крои тендерот?Криминална власт на Мицкоски под радарот договора тендер вреден речиси 60 милиони евра за автобуси во Скопје. Скопјани чекаат превоз, а власта им ги намалува и местата во автобусите! Според анализата на Центарот за граѓански комуникации, наместо првично бараните 76, во следните постапки се бараат 66 патници по автобус. Тоа е 20 места помалку од последно купените автобуси на Град Скопје и 30 помалку од донираните од ЕУ. Две поевтини понуди биле отфрлени. Значи поскапи. Класичен рецепт за корупција и шеми со местење тендери. Очигледно намерно тендерот се повторувал трипати за да се наместат условите и да се усогласат играчите. Омилените компании на ВМРО од Унгарија и Кина од остри конкуренти преку ноќ станале „партнери“ со заедничка понуда. Наместо да го реши ѓубрето во Скопје, наместо да го реши проблемот со јавниот превоз, Орце мисли на провизии и дилови и со автобусите. Помалку места за Скопјани повеќе пари за арамиите. Вака функционира организирана криминална група. Ќе отвори ли истрага Јавното обвинителство или екскурзијата уште трае? Скопје, 30.09.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПетрушевски: На ВМРО-ДПМНЕ му одговара филмот кој Филипче го продава секој ден затоа што тоа е филм кој носи порази на СДСНа ВМРО-ДПМНЕ му одговара филмот кој Филипче го продава секој ден затоа што тоа е филм кој носи порази на СДС, нам ни останува да се грижиме за граѓаните и државата.Контрашот Венко Филипче полека, но сигурно се губи на политичката сцена. Секојдневно исти приказни, лажна загриженост, ширење паника во јавноста и секако не поминува ден без лаги. Филипче треба да разбере дека овој негов филм не поминува кај граѓаните. А зошто не поминува? Затоа што фактите постојано го демантираат. Фактите укажуваат на сосема поинаква слика од онаа која ја има во неговиот филм. На кратко, во најголемата енергетска криза дизелот има најниска цена во Македонија. Пензиите растат. Платите во сите сектори од образование, здравство, МВР се покачуваат редовно според планот. Талогот од СДС знае само за марихуана економија, а истата им носи добивка само на неколкумина или на контрашот Филипче, неговиот учител Заев кој продаде се што можеше да се продаде од државата. И да нема дилема кај Филипче, тој може да продолжи со неговиот филм. На ВМРО-ДПМНЕ тој филм му одговара затоа што овој филм на Филипче го носи СДС кон порази. И да е јасно, секако, тоа не е добро за државата, затоа што е потребна здраво поставена опозиција. Но, работата на ВМРО-ДПМНЕ е да се грижи за граѓаните и државата и да повика да се консолидира опозицијата. Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалВидео: Овации за Лука Модриќ во Севиља Момент за паметење во Севиља, стоечки овации за легендата на светскиот фудбал, Хрватот, Лука Модриќ која синоќа на дербито Шпанија- Хрватска влезе во игра дури во 81-вата минута.Шпанската фудбалска публика дефинитовно добро го памети и почитува поранешниот ас на Реал Мадрид. Капитенот на Хрватска доби громогласни овации од шпанската публика, иако играше за противничкиот тим. Лука Модриќ го започна натпреварот против Шпанија од клупата за резерви, но неговото влегување во завршницата на мечот донесе еден од највпечатливите моменти на вечерта во Севиља. Славен Билиќ одлучи да го внесе капитенот во игра дури во 81-вата минута, на местото на Петар Сучиќ, а публиката го поздрави со громогласни овации. Речиси сите на трибините станаа за да го поздрават со аплауз хрватскиот играч за врска, кој најдобрите години од својата кариера ги помина во Шпанија, играјќи за Реал Мадрид. Иако сега беше на спротивната страна, домашните навивачи му покажаа голема почит. Ovación a don Luka Modric. Menuda leyenda 🙏🏻 https://t.co/KFMhUsGNgU — (fan) Yihi (@YihiRM) September 29, 2026 Отсуството на Модриќ од почетниот состав беше едно од изненадувањата што Билиќ ги подготви за натпреварот против актуелните европски и светски шампиони. Хрватска губеше со 3–1 кога тој влезе во игра, а натпреварот заврши со победа на Шпанија од 4–1.Тагови: Лука Модриќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter