Мачорот Ахил , официјален пророк на Мундијалот во Русија - Канал 5

Мачорот Ахил , официјален пророк на Мундијалот во Русија

Мачорот Ахил е избран за официјален пророк на Светското првенство во фудбал што ќе се одржи во Русија.

Мачорот Ахил , официјален пророк на Мундијалот во Русија

Како и многу други заљубеници во фудбалот кои се обидуваат да го погодат резултатот на натпреварите , и Ахил се занимава со проучување на тимовите , но пред се се раководи од неговиот мачји инстинкт.

Според руските медиуми , Ахил е во предност пред другите пророци зашто има изострен инстинкт за фудбал. Мачорот , кој живее во музејот Ермитраж во Санкт Петерсбург , ќе ги предвидува реултатите на најважните натпревари на првенството што почнува за две недели.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Народен правобранител: Утре од 7:00 до 19:00 часот ќе биде отворена подрачната канцеларија во Тетово

Покрај лично во канцеларија, граѓаните  ќе може да пријават повреда на нивното избирачко право и на телефонскиот број 044 344-082

Народен правобранител: Утре од 7:00 до 19:00 часот  ќе  биде отворена подрачната канцеларија во Тетово

Во недела ( 18 октомври ) на денот на одржувањето на предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница во периодот од 7:00 до 19:00 часот ќе биде отворена подрачната канцеларија во Тетово, со цел граѓаните да можат да пријават каква било повреда на избирачкото право.

Покрај лично во канцеларија, граѓаните ќе може да пријават повреда на нивното избирачко право и на телефонскиот број 044 344-082,

Народниот правобранител, правата на граѓаните ќе ги штити со преземање на итни мерки за ефективно постапување од странa на надлежните органи во изборниот процес и другите институции кои се должни да им обезбедат заштита на нивните загарантирани права.

И во оваа пригода, народниот правобранител потенцира, дека, избирачкото право е уставно загарантирано како еднакво, општо и непосредно и се остварува на слободни избори со тајно гласање и дека никој не смее да биде повикан на одговорност заради остварување на ова право, поради што не случајно повредата на слободата на определувањето на избирачите како и други повреди на избирачкото право се казниви дела.

НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре сончево со мала до умерена облачност

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност.

Утре сончево со мала до умерена облачност

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 8, а максималната ќе достигне од 12 до 23 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 21 степен.

До средината на следната седмица времето ќе биде сончево со мала локална облачност во текот на денот. Во среда облачноста ќе се зголеми и ќе преовладува променливо облачно време, со краткотрајни сончеви периоди. Во четврток и петок ќе преовладува претежно облачно време со врнежи од дожд.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зеленски: Можна е средба со Русите во Мајами

Официјални лица од Украина, САД и Русија би можеле да се сретнат за време на самитот на Г20 во Мајами во декември.

Зеленски: Можна е средба со Русите во Мајами

Сепак, Вашингтон и Москва не ја потврдија средбата, изјави денес украинскиот претседател Володимир Зеленски, додавајќи дека се можни и други места.

„Средбата би можела да се одржи во САД за време на самитот на Г20. Сепак, засега нема потврда ниту од Русија ниту од САД. Може да се одржи и во некоја европска земја“, рече Зеленски во разговор со новинарите преку апликацијата „WhatsApp“.

Тој додаде дека средбата би можела да се одржи и во една од земјите од Блискиот Исток, објави Ројтерс.

„САД постојано ги споменуваат Обединетите Арапски Емирати или Саудиска Арабија“, рече Зеленски, додавајќи дека украинските преговарачи разговарале со американски претставници во петокот, но не даде детали.

Тој рече дека на Европа ѝ е потребен свој колосек за разговори со Русија, со која односите се затегнати поради војната во Украина. Групата од 20 водечки економии, во која се вклучени САД и Русија, но не и Украина, треба да одржи самит во Мајами во декември.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер