Холандската полиција и Европол издадоа потерница по атрактивна Србинка поради учество во грабеж од 40 милиони евра
СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ: Одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски
1Холандската полиција и Европол издадоа потерница по атрактивна Србинка поради учество во грабеж од 40 милиони евра
2СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ: Одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски
3Форум на жени на ЛДП: Жените не се партиски плен за тепање - срамниот блам на телевизија бара итни оставки!
3Турција ги претстави вратените 100 бесценети културни артефакти од САД, бронзените ремек-дела од Бубон повторно обединети
МакедонијаМ-НАВ: Претседателот на ССКЛ Александар Тасевски призна дека штрајкот што го најави е незаконски М-НАВ АД Скопје денеска преку соопштение повтори дека Струковиот синдикат на контролори на летање ССКЛ, евентуалното организирање на штрајк како заштита на права од работен однос. М-НАВ АД Скопје денеска преку соопштение повтори дека Струковиот синдикат на контролори на летање ССКЛ, евентуалното организирање на штрајк како заштита на права од работен однос, може да го остварува единствено преку Независниот синдикат чија што подружница е. Во врска со штрајкот што требаше да се одржи на 20 месецов во периодот од 10 до 15 часот, но Граѓанскиот суд донесе мерка за времена забрана, завчера прес-конференција одржа правниот застапник на М-НАВ адвокатот Горан Николоски, по што прес-конференција имаше и претседателот на ССКЛ Александар Тасевски. М-НАВ денеска во реакција на завчерашната изјава Тасевски наведува дека „јавно му се заблагодарува за неговото признание дека штрајкот најавен од страна на ССКЛ – Подружница на Независен синдикат за сообраќај и врски за ден 20.10.2025 година, и забранет како незаконит од страна на Основниот граѓански суд Скопје, е незаконит и дека е свесен дека постапува надвор од закон“. - На тој прес г-динот Александар Тасевски изјави дека: - Барањата за заштита на работнички права од работен однос, како причина за организирање на штрајк се доставени уште во 2023 година и директорите да ги побараат преку архивата на М-НАВ Воедно запрашан од страна на новинарите дали ако повторно одат на штрајк во следното известување ќе бидат наведени барањата за заштита од работен однос и ќе биде спроведена постапката за помирување, г-динот Александар Тасевски изјави дека дека не може да ги наведат барањата за заштита на праава од работен однос, од причина што во тој случај ќе треба да почне нова постапка за помирување.Во врска со изнесените наводи на Александар Тасевски јавно му се заблагодаруваме за неговото признание дека штрајкот најавен од страна на ССКЛ – Подружница на Независен синдикат за сообраќај и врски за ден 20.10.2025 година, и забранет како незаконит од страна на Основниот граѓански суд Скопје, е незаконит и дека Александар Тасевски е свесен дека постапува надвор од закон, се вели во соопштението од М-НАВ. Александар Тасевски, стои во соопштението, јавно призна дека свесно спроведува незаконски атак врз М-НАВ АД Скопје, односно дека свесно ја загрозува и внесува несигурност во секторот авиосообраќај и свесно го руши угледот на М-НАВ АД Скопје и на државата во целост. - Со ваквите признанија уште еднаш се потврдува дека станува збор за лично политикантство и желба за самопромоција на Александар Тасевски. Исто така наводите на Александар Тасевски дека во законот се предвидува дека кој било синдикат вертикално, дали е тоа синдикат на работодавачи, синдикат на гранка или сојузот на синдикати има право да организира штрајк, се однесуваат исклучиво на Независниот синдикат за сообраќај и врски, а не и на Подружницата ССКЛ со оглед дека Подружницата не е синдикат, нема правен субјективитет и евентуалното организирање на Штрајк како заштита на права од работен однос може да ги остварува единствено преку Независниот синдикат чија што подружница е, соопшти М-НАВ. ССКЛМ најави дека ќе ја обжали одлуката на Граѓанскиот суд за времена мерка за забрана на штрајкот, како и дека ќе побара предметот повторно да биде вратен на рочиште за да ја изложат својата одбрана. ССКЛ бара почитување на Спогодбата потпишана по најавата за штрајк во 2023 година. Клучни барања на ССКЛ се ангажирање консултантска фирма којашто професионално ќе изврши функционална анализа за подобрување на функционирањето на претпријатието, вработување на стручни, а не, како што тврдат, партиски кадри на конкурсите за кои бараа поништување, како и подобри услови за работа.Тагови: МНАВ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканХоландската полиција и Европол издадоа потерница по атрактивна Србинка поради учество во грабеж од 40 милиони евра Холандската полиција распиша меѓународна потрага по Нинослава Јовиќ (41) од Ниш, која се сомничи дека учествувала во еден од најголемите грабежи на накит во Европа. Станува збор за спектакуларна кражба на престижниот саем за уметност и антиквитети „TEFAF“ во холандскиот град Мастрихт, што се случила на 28 јуни 2022 година, при што бил украден накит во вредност од околу 40 милиони евра. Нинослава Јовиќ се наоѓа на листата на најбарани бегалци во Европа, а нејзината фотографија и опис се објавени на веб-страниците на холандската полиција и на Европол. Според истражителите, таа моментално живее во Србија, а последен пат е видена во Ниш. Сепак, полицијата не ја исклучува можноста таа да патува и во други земји. За информации што би довеле до апсење на осомничените, обвинителството во холандската провинција Лимбург понуди награда од 20.000 евра. Според холандската полиција, Јовиќ не е обвинет за директно учество во кршењето на излозите и одземањето на накитот, туку е осомничен дека имал помошна улога во грабежот. Таа е еден од петмината државјани на Србија кои холандските власти ги бараат поради оваа кражба. Покрај неа, на потерниците се наоѓаат и Александар Цениќ (50), Александар Стојиљковиќ (50), Душко Димитријевиќ (50) и Братислав Стојановиќ (41). Истражителите се сомневаат дека четворицата мажи се членови на криминалната група „Пинк Пантер“, позната по грабежи на луксузни продавници и вредни предмети ширум светот. Холандската полиција исто така објави детален опис на Нинослава Јовиќ, со цел да се олесни нејзиното идентификување. Според достапните податоци, станува збор за 41-годишна жена, со српска националност, која има кафеави очи и коса што може да биде природно кафеава или обоена во руса боја.Тагови: Европол Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38Мицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата09:00
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00
МакедонијаСДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ: Одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на МицкоскиКако што најавивме СДСМ поднесе интерпелација за поранешниот вицепремиер, сега министер за локална самоуправа во владата на Мицкоски - Иван Стоилковиќ.Време е за политичка одговорност на еден од извршителите на Вучиќ, на кинеските и руски агенди, за ширењето омраза и величењето воени злосторници. Основите на интерпелацијата се јасни: недозволиво и недолично однесување кон пратениците со што се руши достоинството на Собранието и политичко дејствување кое е спротивно на националните и стратешки интереси на Македонија. Стоилковиќ не им служи на граѓаните на Македонија а за неговото останување во Владата директно е одговорен Христијан Мицкоски. Неговата поврзаност со српски разузнавачки структури и неговите јавни настапи и активности поврзани со Русија отвораат сериозно прашање: чии интереси застапува како член на македонската Влада? Македонија е членка на НАТО и земја со надворешна политика усогласена со надворешната политика на Европската Унија. Промовирањето спротивни геополитички агенди ја поткопува довербата кај сојузниците и им нанесува штета на нашите национални интереси. Го отвораме и прашањето за неговото патување во Кина и настапувањето со делегацијата на СНС и Вучиќ. Интерпелацијата ги опфаќа и содржините со кои се велича Ратко Младиќ, осуден за геноцид. Луѓе кои величаат осудени воени злосторници и релативизираат воени злосторства не треба и не смеат да извршуваат јавни функции. Особено што во конкретниот случај постои и кривично дело согласно Кривичниот законик, што се однесуваат на одобрување или оправдување геноцид, злосторства против човечноста или воени злосторства. Министер во земја членка на НАТО мора да ги почитува државните стратешки определби. Не може функцијата да ја користи за промоција на политики што ги поткопуваат. На ова се надоврзуваат пцуењето, навредите и заканите во Собранието кон пратениците од СДСМ, до Фатмир Битиќи и до мене лично, како и до пратеничката Арбана Пашоли. Министер има обврска да одговара пред Собранието и да ја прифаќа парламентарната критика. Кога на поставени прашања и критики возвраќа со закани, тој го погазува достоинството на институцијата и покажува дека не е достоен за функцијата. Стоилковиќ не беше повикан на одговорност ниту некогаш лично се извини. Затоа политичката одговорност треба да се утврди пред Собранието. Државната функција не е партиска пропусница. Македонија има свои институции, свои интереси и своја надворешна политика. Стоилковиќ е дел од тој систем. Мицкоски го постави, го задржа и политички го штити. Затоа оваа интерпелација е прашање на државно достоинство, суверенитет и политичка одговорност. Со оваа интерпелација бараме политичка одговорност и јасен одговор од парламентарното мнозинство: дали ќе го заштитат достоинството на Собранието и државните интереси или ќе го заштитат Стоилковиќ? Прес конференција на СДСМ - Митко Трајчулески, пратеник СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаФорум на жени на ЛДП: Жените не се партиски плен за тепање - срамниот блам на телевизија бара итни оставки!Форумот на жени на ЛДП изразува длабок револт и згрозеност од срамните и мизогини ставови на Петар Богојески, кој ги оправда насилството и контролата врз жените под параванот на „машки надзор“. Ова не е никаква слобода на говор, туку брутална промоција на насилство и шовинизам во кој мажот е господар, а жената објект. Ниту една жена во Македонија не должи потчинетост или надзор никому – личната автономија и слободата се темел на секое цивилизирано општество! Поразително е што вакви средновековни сфаќања доаѓаат од коалиционен партнер на премиерот и човек кој образува идни воени кадети. Бараме итна реакција од Министерството за одбрана и Воената академија бидејќи лице кое релативизира семејно насилство нема никаков морален ниту професионален кредибилитет да учи идни офицери. Ја повикуваме Владата и Собранието веднаш да престанат со кукавичкото молчење и уште денес да го изгласаат Законот за електронска нараквица за демначи и насилници. Додека вие му давате простор на коалицискиот партнер да се изживува со жените на телевизија, жртвите на семејно насилство секојдневно живеат во страв за сопствениот живот. Насилниците заслужуваат строга казна а не промоција на национална телевизија. Ние нема да молчиме пред вашиот системски шовинизам!Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter