Лутфи Хазири: Победничката ЛДК, како опозициски блок, постигна висок резултат

Шефот на Изборниот штаб на ЛДК, Лутфи Хазири, на прес-конференција рече дека ЛДК е победник на изборите, пренесува КланКосова.

„Според примероците што ги добивме од центрите за гласање и откако беа процесирани од стручниот тим, ЛДК е победничка партија на овие избори. ЛДК е првата партија со граѓанската поддршка на овие избори и секако, ние сме среќни што како опозициски блок постигнавме многу висок резултат “.

„Резултатите јасно покажуваат дека ЛДК има предност и лидерство над Ветевендосја (Самоопределување) како втора партија. Сега очекуваме дека до 21:30 часот ќе знаеме колкава е разликата меѓу нас и втората партија  “.

„Гледаме некои партии што се изјаснија  рано за победници, но нека бидат убедени дека ЛДК е уверена во победничкиот исход“.

Хазири не сакаше да зборува за тоа дали официјалните резултати  ќе му донесат апсолутна победа на ЛДК и со кого ќе формираат коалиција.

„Голема вистина е дека опозицијата е голем победник во овој случај, сè додека не се случи големиот кам-бек на ЛДК. Ова е факт - по 12 години, ЛДК се враќа како прва партија во Републиката “.

притисни ентер