Лустраторите го отвораат досието на Ченто - Канал 5

Лустраторите го отвораат досието на Ченто

Лустраторите ќе го расчистуваат случајот на Методија Андонов Ченто. Тој беше разрешен и осуден на 11 годишна затворска казна во 1946 година. Претседател на тогашниот судски совет бил судијата Панта Марина, а членови политичарот Лазар Мојсов и писателот Чашуле.

Лустраторите го отвораат досието на Ченто

Со отворањето и евентуалната лустрација на сите инволвирани во судењето на првиот претседател на Президумот на АСНОМ ќе се дојде до национално помирување меѓу Македонците, соопшти денеска комисијата за верификација на фактите.

На денешната седница бил усвоен извештајот за овој предмет, а решението за тоа дали и кои од лицата ќе бидат лустрирани ќе биде донесено по проверката на личните податоци. Всушност според портпаролот на комисијата иако со судска одлука Ченто е рехабилитиран во 1990-та година, ќе треба да се лоцира одговорност за лицата што ги прекршиле човековите права

Комисијата ќе ги отвори и досиејата на сите членови на Президумот на АСНОМ за да се утврдат сите оние кои ги прекршиле човековите права и слободи од идеолошко - политички причини.

Членот на лустрациска Чедомир Дамјановски не се согласува со одлуката на мнозинството затоа што според него се работи за поранешни функционери кои се веќе починати, што е спротивно на одлуката на Уставен суд.

Методија Андонов Ченто беше разрешен и осуден на 11 годишна затворска казна во 1946 година. Претседател на тогашниот судски совет бил судијата Панта Марина, а членови политичарот Лазар Мојсов и писателот Чашуле.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Опра Винфри откри која одлука во кариерата ја смета за голема грешка (ВИДЕО)

Опра Винфри откри дека сè уште смета дека една одлука во нејзината кариера е голема грешка. 

Опра Винфри откри која одлука во кариерата ја смета за голема грешка (ВИДЕО)

Во гостувањето во подкастот „Бејби, ова е Кеке Палмер“, таа се потсети на својот единствен музички сингл „Run On“, кој во 1999 година послужи како воведна шпица за 13-тата сезона на нејзиното иконско ток-шоу „Шоуто на Опра Винфри“. Иако со децении беше една од најпознатите телевизиски презентерки во светот, таа признава дека пеењето никогаш не било нејзина работа.

Во времето на создавањето на песната, Винфри размислувала дали да продолжи да ја води емисијата или да се сврти кон нови деловни предизвици. Таа рекла дека во тоа време се молела за одговор, а инспирацијата ја пронашла во старата духовна „Run On“, која зборува за фактот дека човек не може да избега од вистината и од сопствените постапки. „Исус ми рече: „Мора да продолжиш“, рекла таа, објаснувајќи зошто одлучила да ја сними својата верзија на песната, според „Пипл“.

YouTube video

Призна дека пеењето била нејзина голема грешка

Иако во тој момент ѝ се чинеше дека донела правилна одлука, денес таа гледа на таа музичка екскурзија сосема поинаку. „Сфативме дека не можам да пеам, иако земав часови по пеење“, призна таа. Кога Кеке Палмер ѝ кажа дека песната не е толку лоша како што мислеше, Винфри одговори со насмевка: „Го кажуваш тоа само затоа што ме гледаш во очи. Беше доста лошо.“

Подоцна откри дека тоа сепак не е нејзиното најголемо жалење во кариерата. Таа рече дека не жали што го завршила „Шоуто на Опра Винфри“ во 2011 година, туку дека во исто време ја започнала својата телевизиска мрежа, OWN.

„Не би ја рестартирала сопствената мрежа и би ја завршила емисијата во исто време. Тоа е единственото нешто за кое жалам“, рече таа, додавајќи дека требало да земе една година пауза пред да се впушти во нов голем проект.

Денес, вели дека најмногу ужива во едноставните работи и потивкиот начин на живот. „Кога е дождлив ден, го сакам животот“, рекла таа. Додала дека дождот, каминот, ќебето, кучето и добрата книга ѝ носат најголема среќа бидејќи тогаш нема притисок или очекувања од другите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре наутро ќе бидат затворени трите грчки гранични премини

Цариниците во Грција утре ќе одржат штрајк, а границите ќе бидат затворени вкупно четири часа, јавија локалните медиуми.

Утре наутро ќе бидат затворени трите грчки гранични премини

Од 5 до 9 часот наутро по македонско време (6 до 10 часот по грчко), сите гранични премини ќе бидат затворени.

Автомобилите ќе се пропуштаат на секои десет минути, додека за камионите границите ќе бидат целосно затворени, најави синдикатот.

Така ќе биде и на трите гранични премини кон Македонија, „Евзони“ („Богородица“), „Дојрани“ („Дојран“) и „Ники“ („Меџитлија“).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев: Пожар во близина на селото Трстеник, пожарникарите интервенираат

Во моментов пожарникарите од ТППЕ Кавадарци интервенираат на пожар во близина на селото Трстеник.

Јанчев: Пожар во близина на селото Трстеник, пожарникарите интервенираат

Со брза и координирана интервенција се преземаат сите неопходни мерки за локализирање и ставање на пожарот под контрола, објави ноќеска по полноќ на ФБ градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев .

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер