Луксузната вила на разведената двојка Џенифер Лопез и Бен Афлек се уште без купец - Канал 5

Луксузната вила на разведената двојка Џенифер Лопез и Бен Афлек се уште без купец

Луксузната вила што светските ѕвезди, Џенифер Лопез и Бен Афлек ја купија за време на нивниот брак повторно не успеа да најде купувач, иако, според извештаите на американските медиуми, заинтересирано лице веќе имало уплатено капар. 

Луксузната вила на разведената двојка Џенифер Лопез и Бен Афлек се уште без купец

Имотот во Беверли Хилс, кој располага со 12 спални соби и 24 бањи, првично беше понуден за 68 милиони долари; подоцна цената беше намалена на 52 милиони долари, а последната барана цена изнесуваше 49,95 милиони долари. Тоа е значително помалку од 60,85 милиони долари што поранешните сопружници ги платија за овој огромен имот во 2023 година.

Џенифер Лопез и Бен Афлек официјално го финализираа својот развод на почетокот на 2025 година, по обновената романса и двегодишниот брак што привлече големо внимание во јавноста.

Според извештаите на американските медиуми, Афлек веќе го пренел својот сопственички удел на својата поранешна сопруга, што значи дека приходот од евентуална продажба ќе ѝ припадне нејзе, иако е речиси сигурно дека притоа ќе се претрпи финансиска загуба.

Вилата – која меѓу другото располага со базен, терени за кошарка и пиклбол, боксерски ринг, теретана, луксузен пентхаус за гости и паркинг за 80 возила – моментално повторно е повлечена од понудата, па не се знае кога повторно ќе се најде на пазарот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Одговорност има, СДС и Филипче се тие кои велеа да се поддржи сегашното раководство на Гостивар

На СДС и Филипче не им е до заштита на здравјето на граѓаните, туку како да добијат политички поен плус, затоа ја злоупотребуваат ситуацијата во Гостивар.

ВМРО-ДПМНЕ: Одговорност има, СДС и Филипче се тие кои велеа да се поддржи сегашното раководство на Гостивар

СДС со очајни соопштенија се обидуваат да ја искористат ситуацијата во Гостивар за дневнополитички поени, наместо да дозволат институциите да си ја вршат работата, да се произнесат и да се утврдат фактите.

Во случајот со Гостивар, надлежните институции постапуваат согласно своите законски овластувања и секоја евентуална одговорност ќе ја утврдат надлежните органи, врз основа на докази, а не врз основа на политички прес-конференции.

Локалната самоуправа има јасно дефинирани надлежности во однос на водоснабдувањето и комуналните услуги. Доколку се утврдат пропусти во работењето, тие треба да бидат предмет на одговорност, без разлика на политичката припадност.

Обидите за префрлање на вината, без завршена истрага претставуваат неодговорно политизирање на случајот од страна на СДС.

ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот дека секој што има законска или службена одговорност треба да одговара, доколку тоа го утврдат надлежните институции. Нема да дозволиме трагедии и здравствени инциденти да бидат злоупотребувани за ширење политички конструкции и неосновани обвинувања, се наведува во партиската реакција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Митева: Нема да има селективност, ќе се санкционира секој доколку се утврди одговорност за случајот со водата во Гостивар

Сакам да ја информирам јавноста дека Владата од првиот момент кога беа добиени информациите за состојбата со водоснабдувањето во Гостивар реагираше брзо, координирано и институционално.

Митева: Нема да има селективност, ќе се санкционира секој доколку се утврди одговорност за случајот со водата во Гостивар

„Почитувани,

Сакам да ја информирам јавноста дека Владата од првиот момент кога беа добиени информациите за состојбата со водоснабдувањето во Гостивар реагираше брзо, координирано и институционално, со единствен приоритет, заштита на здравјето на граѓаните и обезбедување безбедно снабдување со вода.

Веднаш беа активирани сите надлежни институции, воспоставена е постојана координација помеѓу Министерството за здравство, Институтот за јавно здравје, Центарот за јавно здравје, Државниот санитарен и здравствен инспекторат, како и останатите институции кои имаат надлежности во овој процес.

Паралелно со преземањето на мерките за заштита на населението, Владата одлучи да обезбеди 50.000 литри вода за граѓаните на Гостивар, со цел во ниту еден момент да не биде доведено во прашање снабдувањето и потребата на граѓаните, како и вчера така и во идните денови ќе продолжиме со оваа помош.

Во вакви ситуации, најважно е институциите да постапуваат брзо, одговорно и професионално. Токму тоа и го правиме, иако многу од надлежностите се под надлежност на локалната самоуправа. Но, исто толку важно е и да се утврдат причините за настанатата состојба.

Затоа, надлежните институции се на терен, се спроведуваат инспекциски контроли, се земаат примероци, се вршат лабораториски анализи и се прибира целокупната документација.

Очекуваме целосно расчистување на случајот и утврдување на сите околности кои довеле до оваа состојба. Било каква одговорност која ќе се утврди, институционална, службена или индивидуална таа ќе биде соодветно санкционирана.

Нема да има селективност, ниту компромис кога станува збор за здравјето на граѓаните.

Во оваа фаза најважно е јавноста да добива точни, проверени и навремени информации, без шпекулации.

За таа цел, денес со нас се министерот за здравство Сашо Клековски, директорката на Институтот за јавно здравје Марија Андоновска, и директорот на Службата за општи и заеднички работи Ивица Томовски, кои ќе дадат подетални информации околу почетокот до денес какви се информациите со кои што располагаат владините институции.“, рече Марија Митева, портпарол на Владата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мароканец почина додека го апселе во Болоња- избувнаа насилни протести (Вознемирувачко видео)

Градоначалникот на Болоња, Матео Лепоре, вечерва организира демонстрации на градскиот плоштад Нетуно поради смртта на Абдерахим Факир, 42-годишен Мароканец.

Мароканец почина додека го апселе во Болоња- избувнаа насилни протести (Вознемирувачко видео)

Градоначалникот на Болоња, Матео Лепоре, вечерва организира демонстрации на градскиот плоштад Нетуно поради смртта на Абдерахим Факир, 42-годишен Мароканец кој почина синоќа кога полицијата го собори на земја и се обиде да му стави лисици.

На видео снимено од очевидец, може да се слушне како Факир вика „помош“ и „стоп“ додека полицијата се обидуваше да го врзе, пред да умре. Можете да го видите видеото, но ве предупредуваме за неговата вознемирувачка содржина.

Полицијата беше повикана да интервенира во населбата Пиластро бидејќи Факир покажуваше знаци на „психичка криза“, го нарушуваше јавниот ред и мир и се однесуваше чудно, открија истражителите.

Починал за време на приведувањето

Наводно му се заканил на човек кој штотуку го паркирал својот автомобил во гаражата. Полициските службеници прво се обиделе да го смират, но тој почнал да се однесува агресивно, удирајќи го полициското возило. Потоа го совладале со спреј и се обиделе да му стават лисици на рацете и нозете.

„Тој живеел легално во Италија уште од дете, но се плашел од депортација“, изјави Барбара Спинели, адвокатка која му помогнала на Факир да ја продолжи дозволата за престој.

Полицијата објави дека снимките од камерите што ги носеле полицајците им биле предадени на истражителите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер