МакедонијаЛукровски: Во Карпош ќе има каде да паркираме, ќе изградиме нови паркинг места и катни гаражи со соларни панелиСотир Лукровски, кандидат за градоначалник на општина Карпош од ВМРО-ДПМНЕ за локалните избори закажани на 19 октомври годинава, се обрати од денешниот народен митинг во општина Карпош.Сотир Лукровски, кандидат за градоначалник на општина Карпош од ВМРО-ДПМНЕ за локалните избори закажани на 19 октомври годинава, се обрати од денешниот народен митинг во општина Карпош, во рамки на изборната кампања 2025 година со слоган ,,Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина! ,,Вечерва не ви се обраќам како политичар туку како човек. Како татко, сопруг, пријател, кој исто како сите вие, го живее секојдневието на Карпош. И тогаш си велам доста е. Ваквиот Карпош не е нашиот Карпош. Карпош заслужува повеќе. Заслужува ред, чистина, зеленило, безбедност и гордост“, рече Лукровски. Лукровски истакна дека Карпош ќе стане уредена и зелена општина, со нови паркинзи, катни гаражи, реновирани паркови и спортски зони и ќе се решаваат проблемите со дивата урбанизација, а ќе се реновираат градинките и училиштата. Како што вели тој, со новото јавно претпријатие и редари, ќе се воведе ред и безбедност, а Карпош ќе биде место за култура, спорт и заедништво, со нови патеки, настани и активни маала. ,,Во Карпош ќе има каде да се паркираме. Ќе изградиме нови паркинг места и катни гаражи со соларни панели. Ќе ставиме ред во сообраќајот. Ќе воведеме еднонасочни улици, јасна сигнализација и вистинска безбедност за сите. Ќе ставиме крај на дивата урбанизација. Доста е со мафијашки зделки и бетонски пустини. Јас нема да бидам ничиј партнер во инвестициите. Ќе формираме јавно претпријатие „Карпош План“, со кое ќе воведеме ред во урбанизмот и ќе ги решиме илјадниците легализации, транспарентно и чесно, заедно со вас сите, граѓаните“, кажа Лукровски и додаде: ,,Карпош мора да биде зелен, чист и уреден. Постоечките паркови да ги блеснеме, ќе се гордееме со новиот парк 1020, ќе спортуваме и ќе се рекреираме во новата рекреативна зона Карпош хајкинг делта, тротоарите мора да бидат безбедни, клупите ќе ги обновиме, улиците да ни светнат. Ќе создадеме подобри услови за најмладите. Ќе отвориме нови места во градинките, ќе ги реновираме училиштата и воведеме редари во и надвор од нив , ќе воведеме униформи со печат на општината, симбол на нашето заедништво и на нашата гордост. Карпош ќе живее со спорт и култура. Ќе поддржиме спортски клубови, ќе изградиме нови патеки, сали и забавен парк со картинг. Нашите маала ќе оживеат со концерти, улични настани и уметност на секој ќоше“. Лукровски кажа дека општината ќе биде отворена за граѓаните, без затворени врати и политика за поединци и дека тој секој ден ќе биде на терен, во контакт со народот, со поддршка за пензионерите, лицата со попреченост и сите карпошанци. ,,Ќе ја вратиме општината во рацете на граѓаните. Нема повеќе затворени врати. Нема повеќе политика на поединци. Секој ден ќе сум еден од вас, секој ден ќе сум на терен меѓу вас, меѓу луѓето, меѓу народот, меѓу граѓаните на општина Карпош. Ќе дадам поддршка и за пензионерите, за лицата со попреченост, за секој карпошанец. Ќе ги обновиме фасадите, лифтовите, јавните простори“, вели Лукровски. Лукровски нагласува дека локалната самоуправа нема да биде сама во реализирањето на плановите за развој на Карпош, а со поддршка од централната власт ќе се реализираат големи инвестиции и капитални проекти, со цел да се создаде Карпош кој ќе одговори на современите стандарди за живеење. ,,И што е најважно од се, локалната самоуправа нема да биде сама во реализацијата на мисијата и визијата за развојно ориентиран Карпош, каков што му доликува на современиот тренд на живеење. За сите капитални проекти ќе ја имаме поддршката од централната власт, во која го имаме моторот на обновата на Македонија, нашиот карпошанец, претседателот на Владата, проф. Д-р Христијан Мицкоски. Заеднички ќе реализираме големи и значајни инвестиции и капитални проекти во нашата општина“, заклучи Лукровски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалФИФПРО тимот на годината без освојувачот на Златната топка Хари КејнДобитникот на „Златната топка“ капитенот на Англија, Хари Кејн, изненадувачки го нема во тимот на годината!Легендарниот Лео Меси повтормно е меѓу најдобрите 11-сетмина. Добитникот на „Златната топка“, Хари Кејн, на изненадување на сите, не се најде во идеалниот тим на годината според ФИФПРО (FIFPRO). Од друга страна, Лионел Меси по рекорден 18-ти пат е дел од најдобрите 11 во изборот на професионалните фудбалери. Овогодинешниот добитник на „Златната топка“ (Ballon d'Or), капитенот на англиската репрезентација Хари Кејн, изненадувачки не се најде во идеалниот тим според изборот на ФИФПРО (FIFPRO). Во гласањето учествуваа фудбалери од 73 земји, а Лионел Меси се најде меѓу најдобрите 11 по рекорден 18-ти пат. Аргентинецот повторно е избран во најдобриот тим, откако во 2023 година не беше дел од него. Во нападот, покрај него, се најдоа Ерлинг Халанд, Килијан Мбапе и Ламин Јамал. Во идеалниот тим за сезоната 2025/26 се наоѓаат четворица шпански репрезентативци кои летово ја освоија светската шампионска титула: Родри, Пау Кубарси, Давид Раја и Ламин Јамал. Неочекуван е и изборот на голманот. Голманот на Арсенал која за време на Светското првенство му беше резерва на Унаи Симон е избран за прв голман во идеалниот тим, иако шпанската единивца, беше прогласена за најдобар голман на годината во изборот на списанието „Франс фудбал“. FIFPRO Светски тим (World 11) за сезоната 2025/26. ГОЛМАН: Давид Раја (Арсенал, Шпанија) ОДБРАНА: Пау Кубарси (Барселона, Шпанија), Ашраф Хакими (Пари Сен Жермен, Мароко), Нуно Мендеш (Пари Сен Жермен, Португалија) СРЕДЕН РЕД: Џуд Белингам (Реал Мадрид, Англија), Родри (Манчестер Сити/Барселона, Шпанија), Витиња (Пари Сен Жермен, Португалија) НАПАД: Ерлинг Халанд (Манчестер Сити, Норвешка), Килијан Мбапе (Реал Мадрид, Франција), Лионел Меси (Интер Мајами, Аргентина), Ламин Јамал (Барселона, Шпанија).Тагови: ФИФА Хари Кејн Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Шпагети во сосВо вторник (03.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Игор АндреевскиСостојки за денешниот рецепт: 500 гр. шпагети 200 гр. мелено месо 2 главици кромид 2 чешниња лук 400 мл. доматен сос масло сол, бибер и др. зачини малку свежо нане или магдонос Погледнете како се подготвува овој рецепт: Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУчество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
ТехнологијаНАСА бара луѓе кои ќе живеат на Месечината: Конкурсот е отворен, но условите не се за секогоАмериканската вселенска агенција НАСА бара кандидати со високо образование во научни и технички области, додека договор вреден 10 милијарди долари ги очекува приватните компании.Американската вселенска агенција, НАСА, објави повик за регрутирање нова класа на астронаути. Овој пат, целта е многу поамбициозна од самиот престој во орбитата: се бараат поединци кои ќе живеат и работат на површината на Месечината. Овој процес на регрутирање е дел од програмата „Артемида“, а избраните кандидати ќе сочинуваат тим задолжен за поставување на темелите за постојана месечева база, како и за подготовка на теренот за првите мисии со екипаж до Марс. Обуката ќе опфаќа движење по предизвикувачкиот терен на Месечината и издржување долготраен престој во екстремни услови. Како што се очекуваше, критериумите за подобност се исклучително строги. Право на пријавување имаат само државјани на САД кои поседуваат магистерска диплома од областите инженерство, биологија, физика или компјутерски науки. Нема многу време за размислување, бидејќи крајниот рок за поднесување пријави преку официјалната веб-страница на агенцијата е 3 декември 2026 година, а имињата на новите астронаути ќе бидат објавени кон крајот на 2027 година. Истовремено, НАСА го решава прашањето за логистиката, без која една база не може да опстане. Распшан е тендер во вредност од дури 10 милијарди долари за втората фаза од програмата „Комерцијални услуги за испорака на товар на Месечината“ (Commercial Lunar Payload Services – CLPS). Станува збор за десетгодишен договор со приватни компании за изградба и управување со летала за слетување, наменети за испорака на инструменти, залихи и опрема директно на површината на Месечината. За овие договори се натпреваруваат осум компании, меѓу кои „SpaceX“, „Blue Origin“ и „Lockheed Martin Space“. Впечатливо е отсуството на „Boeing“ од списокот; вселенската програма на оваа компанија, „Starliner“, веќе подолго време се соочува со технички проблеми.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook