„Форбс“ го проценува богатството на поранешниот член на „Битлси“: Пол Макартни е милијардер и третиот најбогат музичар во светот
2„Форбс“ го проценува богатството на поранешниот член на „Битлси“: Пол Макартни е милијардер и третиот најбогат музичар во светот
МакедонијаЛукровски: Ќе ја направам општина Карпош најчисто и најуредно место во СкопјеПочитувани, време е за вистински чист Карпош.Хигиената во Карпош не е прашање на свест и култура, тука на одговорни општински служби што ја работата својата работа. Ако улиците се валкани, ако контејнерите се преполни, ако низ маалата мириса, тоа не е вина на граѓаните. Тоа е доказ дека системот не функционира. Јас нема да го прифатам тоа, затоа што и самиот сум дел од Карпош ќе воспоставам систем во кој чистотата ќе стане брендот за Карпош. Затоа што ништо не зборува повеќе за една општина, отколку хигиената во јавниот простор. Во моментов, изгледаме запоставено, со многу смет наоколу. Јас нема да дозволам Карпош да остане Бела Африка. Ќе ја направам општината најчисто и најуредно место во Скопје. Службите ќе мора редовно да ги чистат парковите, тротоарите и улиците. И да ги празнат кантите, затоа што тоа е нивната работа и затоа земаат плата. Ќе воведам редовно собирање на кабастиот отпад, за да се спречи фрлањето на шут и отпад по улиците. Но јас нема да застанам тука. Ќе воведам ноќно миење на улиците кога градот спие. Специјализирани возила ќе ја мијат коловозната површина со притисок и дезинфекциски средства. Не само, чисто на хартија. Туку вистински измиено и пријатно за секој жител и посетител. Во текот на денот, ќе воспоставам мобилни екипи за постојано одржување кои ќе се движат низ населбите и ќе интервенират веднаш кога ќе има истурен отпад или несоодветно ставени предмети. Нема да дозволам локации да стојат запуштени со денови. Секој агол ќе биде покријен. Ќе го зголемам бројот на корпи за отпад за 10 пати, затоа што не може да бараме ред од граѓаните ако не им дадеме услови да го одржуваат и да ги празниме кантите редовно. Ќе воведам и систем за брза реакција против вандализмот. Ако некој скрши клупа, истури шут, екипите ќе бидат таму во рокот од само неколку часа. Не затоа што јас сакам да глумам херој, туку затоа што тоа е најдобриот начин да се спречи вандализмот. Да не му дадеме време да трае. Со апликацијата Мој Карпош, секој граѓанин ќе може да испрати фотографии, локација и ќе добија известување кога екипата ќе интервенира. Сакам хигиената да стане гордост на Карпош. Не срам како до сега. Бидејќи тоа се пренесува од генерација на генерација. Тоа никако не е прифатливо во 21 век, но хигиената не е само чистење. Таа е одржливост во култура на грижа за нашиот дом. Ќе воведам, едукативна програма во училиштата за селектирање на отпад, ами за општините ќе поставиме специјални контејнери за стакло, пластика и хартија. Не како декор, туку со реално, редовно празнење. Ќе ги поттикнам здруженијата и младите што сакат да организираат акции за чистење. Не со благодарници, туку со конкретна, логистичка и материјална поддршка. Да ја направиме хигиената наша секојдневна навика, видлива, брза и доследна. Сакам граѓанинот на Карпош, кога ќе излезе наутро да не се прашува дали е чисто. Туку да знае дека е чисто. Да знае дека постои служба што работи за него. Не за некого одозгора. Тоа ќе го постигнам со јасен систем, одговорност и редовен мониторинг на службите. И ќе бидам таму, секој ден, на секое ќоше во општината. Затоа што се води општината со ред, со грижа и со присуство. Јас сум Сотир Лукровски и верувајте, така и ќе биде. Изјава на Сотир Лукровски, кандидат за градоначалник на општина Карпош од ВМРО-ДПМНЕ Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Фудбал„Специјалниот“ Жозе Мурињо прогласен за тренер на месец октомври во Ла ЛикаШефот на стручниот штаб на фудбалскиот клуб Реал Мадрид, Жозе Мурињо, денес беше прогласен за најдобар тренер во шпанската Ла Лига за месец октомври.Португалскиот стратег, „Специјалнио“ Жозе Мурињо го доби ова признание благодарение на одличните резултати што Кралевите од Мадрид ги постигнаа во текот на изминатиот месец. Во октомври, „кралскиот клуб“ одигра три натпревари во првенството и забележа исто толку победи. Реал прво го совлада Виљареал со 1:0 на домашен терен, потоа беше убедлив против Севиља (4:1), а месецот го заокружи со голем триумф во „Ел Класико“, каде што како гостин го победи најголемиот ривал, Барселона со 2:1. На тој начин, Мурињо го водеше тимот од Мадрид низ октомвриските предизвици со максимален учинок и сосема заслужено ја доби наградата за тренер на месецот. Инаку, Реал Мадрид продолжи со добрите резултати и во меѓувреме, бидејќи пред два дена, во рамките на 12-тото коло од Ла Лига, славеше на гостувањето кај Валенсија со резултат 3:0. Екипата од Мадрид моментално се наоѓа на второто место на табелата, со три бода помалку од лидерот Барселона.Тагови: Жозе Мурињо Реал Мадрид Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаВидео: Притвор за братот на Виктор Орбан?Според извештаите на унгарските медиуми, меѓу осомничените е и Арон Орбан, братот на поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан. Во Унгарија се приведени четири лица осомничени за трговија со луѓе како дел од криминална група која дејствувала заради стекнување финансиска корист, а полицијата покрена постапка за нивно задржување во притвор, соопшти Националната полициска управа (ORFK). View this post on Instagram A post shared by 360tka.sk (@360tka.sk) Според извештаите на унгарските медиуми, меѓу осомничените е и Арон Орбан, братот на поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан. Иако полицијата експлицитно не го именуваше во своето соопштение, пренесува порталот „Index“. Националното биро за истраги (NNI) го заврши испрашувањето на осомничените, кои беа приведени во понеделникот. Во истрагата учествуваат и Националната канцеларија за повраток и заштита на имот (NVVH), како и Европол. Полицијата се сомнева дека, во текот на неколку месеци во 2024 година, осомничените им помагале на виетнамски државјани да добијат унгарски визи и потоа да отпатуваат во Западна Европа, наплаќајќи им таканаречени „надоместоци за регрутирање“. Според досегашните наоди од истрагата, тие на овој начин им помогнале на повеќе од 100 виетнамски државјани. Надлежните наведоа дека странските државјани тврделе оти доаѓаат во Унгарија на краток престој за да посетуваат курсеви за стручна обука. Сепак, повеќето од нив не ги посетувале овие курсеви, ниту пак ја напуштиле земјата откако им истекле визите. Истражителите се сомневаат дека нивната вистинска цел била да стигнат до Западна Европа преку Унгарија. При претреси на неколку локации во Будимпешта и во округот Пешта, запленети се документи, електронски податоци и уреди кои би можеле да послужат како докази во истрагата за трговија со луѓе и корупција. Еден од осомничените се товари и за тргување со влијание. Орбан се огласи Виктор Орбан на социјалните мрежи изјави дека постапката претставува политичка одмазда и дека неговиот брат е само средство што се користи за напад врз него. „Јас сум целта, мојот брат е само средство“, напиша Орбан, тврдејќи дека целта е да се елиминира политички противник и да се воспостави еднопартиски систем. Петер Маѓар, унгарска политичка личност, реагираше на овие изјави, истакнувајќи дека поранешниот премиер веднаш се обидел да ја префрли одговорноста врз другите и да се претстави себеси како жртва. Претставници на Фидес тврдат дека постапката против Арон Орбан е политички мотивирана, додека членови на опозицијата и правни експерти покренаа прашања во врска со владеењето на правото, тајмингот на започнување на истрагата и протекувањето на официјални информации.Тагови: Виктор Орбан Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизРасел Бренд осуден на 10 и пол години затворБританскиот комичар и актер Расел Бренд е осуден на десет и пол години затвор во Лондон, откако минатата седмица беше прогласен за виновен за силување на една жена и три дела на сексуален напад.Пресудата беше изречена во Кралскиот суд во Саутворк, а веднаш потоа Бренд беше ставен во притвор, пренесува *Page Six*. Поротата донесе одлука по тридневно разгледување на случајот. Бренд беше ослободен од обвиненијата за уште две силувања и еден обид за сексуален напад. Судијата Бенатан претходно го предупреди дека „значителна“ затворска казна е неизбежна, а неговото барање за пуштање на слобода со кауција беше одбиено. Осудата за силување се однесува на инцидент од 2009 година, кога една жена го обвини Бренд дека ја нападнал во неговиот дом во Лондон. Нејзина пријателка сведочеше дека, по средбата, жената ѝ кажала оти неколкупати му рекла „не“ на комичарот и дека потоа чувствувала силна болка. Како што пренесува „Њујорк тајмс“, за време на судењето, Бренд тврдеше дека сексуалниот однос бил доброволен и дека жената никогаш не побарала од него да престане. Сепак, тој призна дека ја искористувал својата слава за да стапува во сексуални односи со жени. Но, пред поротата, тој инсистираше на тоа дека согласноста е „фундаментална, суштинска и неопходна“. Обвинувањата против него првпат излегоа во јавноста во септември 2023 година, по истрагата спроведена од „Сандеј тајмс“ (*The Sunday Times*). Судскиот процес опфаќаше седум обвиненија поврзани со шест жени и настани што се случиле во периодот меѓу 1999 и 2009 година. Бранд се изјасни за невин по сите точки од обвинението. Проблемите на Бранд не завршуваат тука. Лондонската полиција (Метрополитен полиција) истражува уште две пријави за силување. Една од нив се однесува на жена која имала 16 години кога, според пријавата, била во врска со Бранд, кој во тоа време имал 30 години.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУчество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06