Лукровски и Саракинов и го честитаа стотиот роденден на баба Славка - Канал 5

Лукровски и Саракинов и го честитаа стотиот роденден на баба Славка

Љубовта кон најблиските, слогата и заедништвото се тајната за мојот долговечен и спокоен живот - вели една од највозрасните жителки на Карпош, Слава Коцевска, која денеска го одбележува својот голем јубилеј.

Лукровски и Саракинов и го честитаа стотиот роденден на баба Славка

По тој повод градоначалникот Сотир Лукровски и претседателот на Советот на Општина Карпош, Христо Саракинов ја посетија баба Славка, која денеска го слави својот 100-ти роденден. Баба Славка чии очи сè уште зрачат со жар и топлина, им ја раскажа својата животна сторија на своите гости. Родум од Штип во далечната 1925 година, таа го поминува најголемиот дел од својот живот во преубавиот Карпош.

-Нашата стогодишна хероина напоменува дека ја добива најголемата поддршка од своето многубројно семејство. Имено, баба Славка е мајка на три деца (има два сина и една ќерка), но како што вели, најмногу се гордее со тоа што е баба, прабаба и чукунбаба. Во нејзиниот топол дом исполнет со раскошно цвеќе доминираат живописните гоблени кои самата ги изработила. Низ разговор, баба Славка открива дека токму денеска и се исполнила нејзината голема желба – да му подари преубаво цвеќе на градоначалникот Лукровски, кое ќе ја разубави просторијата во неговиот работен кабинет, информираат од Општина Карпош.

Во оваа пригода, првиот човек на Општината, Сотир Лукровски и претседателот на Советот, Христо Саракинов, изразија искрени честитки за едновековниот животен јубилеј кој го празнува баба Славка. Оттука, тие и посакаа добро здравје и уште многу весели насмевки на нејзиното ведро лице, кое навидум ја крие сета мудрост и добрина на светот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кривичниот суд одреди 30 дена притвор за Стефан Богоев и други три лица

Кривичниот суд одреди 30 дена притвор за Стефан Богоев и други три лица осомничени за случајот со злоупотреби  околу тендер за чистење на граничните премини и терминалите, во периодот од јули 2023 до март 2024 година.

Кривичниот суд одреди 30 дена притвор за Стефан Богоев и други три лица

Oсомничените преку фаворизирање на одреден економски оператор и ограничување на конкуренцијата му овозможиле на правниот субјект да се стекне со противправна имотна корист во износ од над 18 милиони денари од обвинителството велат и дека во рамките на истрагата се обезбедени докази и за примање и давање награда за противзаконито влијание и дека првоосомничениот примил награда во износ од 111.600 денари за искористување на својата службена положба.

По распитот обвинителката соопшти дека барањето за притвор е заради опасност од бегство и влијание врз сведоци...

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вучиќ: „Не ме исплашија ниту ме фасцинираат заканите“

Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, изјави дека не се плаши од закани и дека е целосно посветен на напредокот на земјата и подобар живот за нејзините граѓани.

Вучиќ: „Не ме исплашија ниту ме фасцинираат заканите“

„Скинете му ја главата на Вучиќ - ниту се плашам ниту ме фасцинираат заканите. Единственото нешто што ме интересира е како нашите луѓе живеат подобро и како Србија може да биде уште поуспешна“, рече Вучиќ.

Вака реагира претседателот на Србија, Вучиќ на предупрадувањето да не патуват на самитот во Тиван во Црна Гора од српската безбедносна агенција БИА.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Унгарија и Украина постигнаа договор за правата на унгарското малцинство, се отвора патот на Киев за влез во ЕУ

Унгарскиот премиер Петер Маѓар изјави дека Унгарија и Украина постигнале договор за правата на унгарското малцинство во Украина, што би можело да овозможи отворање на првиот кластер.

Унгарија и Украина постигнаа договор за правата на унгарското малцинство, се отвора патот на Киев за влез во ЕУ

Унгарскиот премиер Петер Маѓар изјави дека Унгарија и Украина постигнале договор за правата на унгарското малцинство во Украина, што би можело да овозможи отворање на првиот кластер, односно група преговарачки поглавја за пристапување на Украина во Европската унија.

Договорот претставува потенцијален пробив во долготрајниот спор околу правата на малцинствата, кој ги затегна односите меѓу Будимпешта и Киев и ја комплицира поддршката за пристапувањето на Украина во ЕУ.

„Постигнавме напредок во разговорите со Украина за јазичните, културните и образовните права на етничкото унгарско малцинство“, напиша Маѓар на фејсбук.

Во вторникот тој рече дека е подготвен да се сретне со украинскиот претседател Зеленски следната недела за да отвори ново поглавје во односите, доколку се постигне договор за правата на малцинствата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер