Универзитетска клиника за психијатрија: Расте бројот на пациенти кои побарале помош поради претрпено семејно насилство
Клиника за онкологија: Од дистрибутерот добивме уверување дека терапијата „Phesgo“ ќе се реализира во понеделник
1Универзитетска клиника за психијатрија: Расте бројот на пациенти кои побарале помош поради претрпено семејно насилство
2Клиника за онкологија: Од дистрибутерот добивме уверување дека терапијата „Phesgo“ ќе се реализира во понеделник
ЖивотЛукоил ги продава сите свои имоти надвор од Русија, познат е купувачотРускиот нафтен гигант Лукоил соопшти дека прифатил понуда од глобалниот трговец со енергенси Гунвор за продавање на целиот имот надвор од Русија.Потегот на втората по големина руска нафтена компанија е директен резултат на санкциите што Вашингтон ѝ ги наметна минатата недела на Русија, објави Ројтерс. Планираната продажба е најзначајниот чекор досега преземен од руска компанија како одговор на западните санкции воведени поради војната во Украина, која започна со руската инвазија во 2022 година. Лукоил потврди во соопштение дека ја прифатил понудата на Гунвор да ја продаде компанијата Лукоил Интернешнл ГмбХ, која управува со сите странски имоти на нафтениот гигант. „Клучните услови на трансакцијата беа претходно договорени меѓу страните. Од своја страна, (Лукоил) ја прифати понудата, обврзувајќи се да не преговара со други потенцијални купувачи“, соопшти Лукоил. Гунвор, во мнозинска сопственост на шведскиот милијардер Торбјорн Тернквист, исто така потврди дека е во преговори со Лукоил за можна аквизиција. „Гунвор“ се здоби со популарност во 2000-тите како најголем трговец со руска нафта во светот. Меѓу неговите акционери во тоа време беше Генадиј Тимченко, близок соработник на Владимир Путин, кој го продаде својот удел откако САД му воведоа санкции по руската анексија на Крим во 2014 година. „Гунвор“ оствари значителен профит од зголемувањето на цените на нафтата и гасот откако започна војната во Украина и оддалечувањето на Европа од руската енергија. „Гунвор“ и конкурентите како што се „Витол“ и „Трафигура“ сега ги користат тие профити за да стекнат средства, почнувајќи од рафинерии и нафтени полиња, па сè до електрани и ветерни фарми. Лукоил, со седиште во Москва, е одговорен за околу 2% од глобалното производство на нафта. Нејзин најголем странски имот е нафтеното поле Западна Курна 2 во Ирак, едно од најголемите во светот, во кое поседува 75% удел, а чие производство надмина 480.000 барели дневно во април. Компанијата е исто така сопственик на рафинеријата Лукоил Нефтохим Бургас во Бугарија, најголемата на Балканот, и рафинеријата Петротел во Романија. Покрај тоа, Лукоил испорачува нафта во Унгарија, Словачка и турската рафинерија СТАР. Портфолиото вклучува и акции во нафтени терминали, малопродажни синџири за гориво во Европа и бројни проекти во Централна Азија, Африка и Латинска Америка.Тагови: лукоил Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеУниверзитетска клиника за психијатрија: Расте бројот на пациенти кои побарале помош поради претрпено семејно насилствоВо пораст е бројот на пациенти кои побарале помош од ЈЗУ Универзитетската клиника за психијатрија поради стрес поврзан со претрпено семејно или партнерско насилство. Психијатри од клиниката ретроспективно ги прегледуваа електронските здравствени записи во системот „Мој Термин“ за периодот од јануари 2025 до јули 2026 година, за дијагнозите F.43 (растројства поврзани со стрес ), со цел идентификување на случаите на семејно или партнерско насилство поврзани со оваа дијагноза. Податоците покажуваат дека во 2025 година биле евидентирани 79 лица кои имале потешкотии поврзани со трпење семејно или партнерско насилство, а само во првите седум месеци од 2026 година – 101. Ова покажува дека вкупните 101 случај во првите седум месеци од годинава веќе ја надминуваат бројката за целата 2025 година. Оваа медицинска евиденција ја претстави проф. д-р Славица Арсова на предавањето „Форензички аспекти на семејното насилство: епидемиологија, последици врз менталното здравје и терапевтската и форензичката улога на психијатарот“, во рамки на Меѓународната конференција за форензичка психијатрија 2026 што викендов се одржува во Охрид. Најголем број случаи во 2026 година биле евидентирани во март - 27, април - 23 и во јуни - 21. Токму овој период се поклопува со трагичниот настан кога мајка заедно со своето дете скокна од балкон во Скопје, како последица на претрпено долготрајно семејство насилство. Проф. д-р Арсова посочи дека бројките од Клиниката треба да се толкуваат како податоци за евидентирани случаи во медицинската документација и тие сами по себе не мора да покажуваат дека насилството во општеството се зголемило. Промената може да биде поврзана и со подобро препознавање, документирање или упатување на пациентите или со поголема ажурност на институциите кога станува збор за случаите поврзани со семејно насилство. Анализираната медицинска документација покажува дека психолошките потешкотии поврзани со семејно или интимно-партнерско насилство, во вид на акутен одговор на стрес ,пострауматско растројство или потешкотии во адаптација се евидентирани кај пациенти од различни возрасни групи. Просечната возраст во анализата е 40 години. Евидентирани се 19 пациенти помлади од 18 години и 29 пациенти на возраст од 60 години или повеќе. Во однос на полот, три пати повеќе се застапени жените. Податоците од Клиниката за психијатрија се надоврзуваат на пошироката слика во државата. Според статистиката на Министерството за внатрешни работи, пријавите за семејно насилство се зголемиле од 4.421 во 2022 година на 5.436 во 2025 година, што е раст од 23 проценти. Во 2025 година, во категориите на МВР најчесто како жртви биле евидентирани сопруги – 1.438, родители – 1.000 и поранешни брачни партнери – 708. Во истиот период биле регистрирани 1.195 кривични дела поврзани со семејно насилство, наспроти 1.117 во 2022 година.. Во предавањето беше нагласена потребата здравствените професионалци да поставуваат прашања за безбедноста на пациентите, обезбедувајќи сигурен простор, систематски да ги документираат видот и траењето на насилството и да ги следат протоколите за вклучување на сите надлежни институции. Препознавањето на насилството е важно за соодветна психијатриска поддршка, процена на ризикот и поврзување на пациентите со потребната заштита.Тагови: психијатрија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветПетмина загинати во поплави во Турција – издадено предупредување за 45 провинцииПет лица загинаа, а три се водат за исчезнати во поплавите што погодија неколку региони во Турција, како резултата на силните поројни дождови.Турската генерална дирекција за метеорологија издаде жолто и портокалово предупредување за 45 провинции, вклучително и за Истанбул, поради најавените обилни врнежи и силен ветер, објавија турските медими. Поради опасноста од ненадејни поплави, свлечишта, удари од гром и град, граѓаните се повикани да бидат внимателни и да ги почитуваат предупредувањата на надлежните служби. Портокалово предупредување е издадено за Истанбул, Бурса, Коџаели, Јалова и Сакарија, додека жолто предупредување важи за уште 40 провинции. #Pianist #plays #a #melody #from "#Titanic" #while #his #hotel #in #Antalya #floods: #Record-breaking #downpours #hit #Turkey 📌 Heavy rains struck the region on October 14. According to authorities, the flooding has affected more than 800 homes and 280 businesses. https://t.co/n8bifR8KeB — Us Un (@UsUn583176) October 16, 2026 Тагови: турција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканНов бран насилни судири во Тирана – над 150 повредени, најмалку 160 приведени во изминатите деновиНов бран насилни судири меѓу полицијата и демонстрантите избија синоќа во Тирана, четврти ден во Албанија. Полицијата употреби солзавец и водени топови за да ги растера демонстрантите, кои фрлаа камења и блокираа улици со запалени контејнери за отпад. Според извештаите, судирите продолжиле до доцна во ноќта во неколку делови од главниот град. Демонстрантите бараат оставка од премиерот Еди Рама, кој е на власт 13 години, а истовремено го изразуваат незадоволството од условите за студирање и висината на школарините на универзитетите. Албанскиот министер за внатрешни работи Ервин Дема соопшти дека во изминатите денови биле повредени 156 лица, од кои 97 полицајци. Албанскиот премиер Еди Рама ги обвини неодредени странски сили дека стојат зад немирите и дека се обидуваат да го попречат патот на земјата кон членство во Европската Унија, отфрлајќи ги тврдењата дека протестите се резултат на реалните проблеми и незадоволството на граѓаните. Тагови: Тирана Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter