Јаневска во посета на Јапонија: Отворање нови можности за продлабочување на соработката во образованието и науката
2Јаневска во посета на Јапонија: Отворање нови можности за продлабочување на соработката во образованието и науката
МакедонијаЛукаревска: Владата ги намали парите за загаден воздух за 50% во споредба со ланиПратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на денешната седница посветена на пратенички прашања упати прашање до министерот за животна средина и просторно планирање, Мухамед Хоџа.Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на денешната седница посветена на пратенички прашања упати прашање до министерот за животна средина и просторно планирање, Мухамед Хоџа, кое се однесуваше на кратењето на буџетските средства за заштита на животната средина, но и како Владата планира да се справи со аерозагадувањето кога од година во година ги намалува средствата за оваа намена. Таа посочи дека со ребалансот на Буџетот за 2025 година средствата за животна средина се намалени за 13,4%, а ставката „намалување на загадувањето“ е скратена за околу 20%, односно речиси 50% во однос на претходната година. Лукаревска постави прашање и до министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, за неисполнувањето на обврските од Реформската агенда, односно обврските за три реформи, кои се однесуваат на подобрување на деловната клима за малите и средни претпријатија. Во продолжение интегрален текст од прашањата: Почитуван министер, И бидејќи„ специјалитет“ на оваа Влада е да се повикува на претходната, сакам да ви „олеснам“ и да ве потсетам дека во ноември 2018 година, Владата предводена од СДСМ промовираше План за чист воздух , како стратешки документ за 2019 година со јасно изразена политичка волја за намалување на аерозагадувањето, спроведувањето на мерките да се одвива преку интегриран и координиран пристап, отвореност на Владата и на државните институции за партнерски однос со граѓанските организации, деловните компании и меѓународните организации. Исто така, овој План предвиде, за прв пат, посебни буџетски средства исклучиво за намалување на аерозагадувањето. Планот за чист воздух опфати мерки за намалување на аерозагадувањето во Скопје до 50%, и приближно толку и за останатите градови во државава со исклучително загаден воздух. Овој План за чист воздух, во својот Извештај во 2019 го нотираше и Европската комисија поздравувајќи го конечно донесувањето на таков документ. Тогаш, амбасадата на Шведска во Босна и Херцеговина. ги повика властите во Сараево да го видат Планот за чист воздух што е донесен во Македонија. Дали го виделе, не знам. Повеќе ме засега дали нашата актуелна Влада го видела. Да , потребни се години за да се намали аерозагадувањето, но токму овој План беше темелот на сето тоа. И за да се остави впечаток дека е „проширено и надоградено“, оваа Влада меѓу приоритетните програмски определби во областа на заштитата на животната средина , наведува и ,,План за обезбедување на чист воздух за сите“. На хартија со леснотија се напишани и уште неколку приоритети : ,,Заштитата на животната средина е начин како да ја заштитиме иднината на Македонија. Еколошките предизвици со кои се соочуваме како држава не поврзуваат со реалните предизвици насекаде во светот. Нашата визија е да создадеме услови за индустријата да создава еколошки производи со мал отпечаток на загадување и со зголемена додадена вредност“. Понатаму, дека „ќе се формира Фонд за животна средина, кој ќе поддржува посебни програми за поддршка на стартап компании и иновации кои ќе работат на проекти за помало загадување, намалување на последиците од загадувањето или решенија без загадување на животната средина. Владата ќе воспостави механизми за формирање на централно инспекциско тело со ингеренции на сите нивоа, надлежно за справување со загадување на животната средина и со отпадот’’. Но, реалноста ја отапе острицата и на лесно на пишаните зборови. Дебатирајќи за Буџетите за 2025 и 2026 година , како и за Ребалансите секаде имаме кратење на средства токму за овој специфичен ресор и за ресорното министерство. Во Ребалансот на Буџетот за 2025година - Заштитата на животната средина како функција на државата има евидентно намалување на буџетските средства за 13,4% во износ од 868 милиони денари помалку, сведувајќи се од 6,4 милијарди на околу 5,6 милијарди денари за фискалната година. Најголемата промена е во ставката - Намалување на загадувањето, каде што првично планираните 3,2 милијарди денари се сведуваат на 2,6 милијарди денари, што претставува приближно 19% намален буџет, а во однос на претходната година истиот е планирано да се намали за 48,2%, тоа е скоро 50%. Исто така, во структурата на Буџетот за 2026 година, имаме намалување од 14,1% или во износ, 727 милиони денари помалку од Ребалансот 2025 или 1,2 милијарди денари споредено со Буџетот за 2025 година. Несвојствено е да се кратат средства за области кои се рак рана на општеството, како ќе се справиме со загадувањето, кој ќе биде третманот за отпадни води, како ќе ја заштитиме природата, каков квалитет на воздух ќе имаме, како ќе се зајакне надзорната функција на Државниот инспекторат за труд и како ќе се унапредува животната средина. Не се доволни само препораките за ослободување од работни обврски на ризичните групи. Сите полека влегуваме во таа група справувајќи се со последиците, а не со причините. Моето прашање е кои конкретни мерки ги превземате како Влада, односно како ресорно министерство во борбата против аерозагадувањето , имајќи го во предвид фактот дека од година во година, со секој буџет и ребаланс на буџет, ги намалувате средствата за справување со овој огромен проблем ?, се наведува во партиското соопштение. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски: Честит 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје!Премиерот Христијан Мицкоски упати честитка по повод 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје.„13 Ноември е еден од најзначајните датуми во историјата на нашиот главен град, денот кога Скопје ја дочека слободата и го означи почетокот на едно ново поглавје во своето историско постоење. На овој ден се сеќаваме на храброста, пожртвуваноста и непоколебливата решителност на борците кои го положија својот живот за слободата, достоинството и иднината на генерациите што доаѓаат. Нивната борба е трајно вградена во темелите на современо Скопје и претставува обврска да го чуваме историското паметење и вредностите врз кои се гради едно слободно општество.“- напиша Мицкоски. Тој потенцираше дека денес нашата одговорност е да продолжиме да го градиме Скопје како модерен, уреден, безбеден и достоинствен европски град, град на можности, солидарност и просперитет за сите негови граѓани. „Скопје не е само географски и административен центар, туку срцето на нашата државност, нашиот заеднички дом и симбол на истрајноста на македонскиот народ. Со почит кон минатото, одговорност кон сегашноста и визија за иднината, да продолжиме да создаваме град со кој ќе се гордеат сегашните и идните генерации. Честит 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје!“- додава Мицкоски.Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Технологија„Microsoft“ се огласи по глобалниот прекин на услугите: „Работите не се одвиваат според планот“Од „Microsoft“ соопштија дека напорите за решавање на проблемот – за кој не се верува дека е резултат на сајбер-напад – не ги дале очекуваните резултати.Американската технолошка компанија изјави дека работи „итно“ на решавање на прекините во услугите, кои влијаеле врз голем дел од нејзините понуди. Во петок, „Microsoft“ пријави „делумно обновување“ на услугите во одредени региони, но напомена дека преземените мерки сè уште не обезбедиле трајно решение. Компанијата наведе дека разгледува „дополнителни чекори“ за „подобрување на севкупната стабилност на инфраструктурата“, притоа припишувајќи ги проблемите на „зголемено оптоварување“ на нејзината инфраструктура. „Ја цениме трпеливоста и разбирањето додека работиме итно на решавање на овој инцидент“, додадоа од „Microsoft“. Извештаите за проблеми со „Outlook“ – програмата за е-пошта на компанијата – се зголемија на приближно 130.000 на веб-страницата „Downdetector“ (која следи прекини во работата на сервисите) веднаш по 13:00 часот по источно време во четвртокот. Корисниците исто така пријавија потешкотии при пристапот до „Microsoft Teams“, апликацијата на компанијата за деловна комуникација, како и до асистентот со вештачка интелигенција „Copilot“ и други услуги во рамките на пакетот „Microsoft 365“. Од компанијата посочија дека проблемите би можеле да влијаат врз корисниците во кој било регион. „Microsoft“ објави на социјалните мрежи дека серверите станале недостапни и не ги поминувале автоматските проверки на функционалноста, што создало дополнителен притисок врз оние сервери што останале оперативни. Компанијата соопшти дека тестира промена во конфигурацијата за прераспределба на сообраќајот – кој се интензивирал во одредени делови од инфраструктурата – и дека ги рестартира погодените услуги за повторно да ги стави во функција. „Работиме на тоа безбедно да ги вратиме услугите во функција“, изјавија од компанијата. Сепак, американската компанија извести дека напорите за обновување не напредуваат според очекувањата, при што во петок наутро беа пријавени проблеми во Азија и Австралија. Австралискиот министер за внатрешни работи и сајбер-безбедност, Тони Бурк, изјави дека според „Microsoft“, ова не е сајбер-напад. „Тие веруваат дека се соочуваат со нешто слично на она што го видовме кај „CrowdStrike“ – ажурирање што тргнало наопаку“, изјави Бурк на прес-конференција. „Последиците со кои се соочуваат... значително влијаат врз системите за е-пошта“, додаде тој. Австралиската разузнавачка агенција и федералната полиција се меѓу организациите погодени од овој прекин. Извор: Б92Тагови: Microsoft Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈаневска во посета на Јапонија: Отворање нови можности за продлабочување на соработката во образованието и наукатаМинистерката за образование и наука, проф. д-р Весна Јаневска, престојува во посета на Јапонија, каде што оствари повеќе средби со високи претставници на образовни, научни и државни институции.Министерката за образование и наука, проф. д-р Весна Јаневска, престојува во посета на Јапонија, каде што оствари повеќе средби со високи претставници на образовни, научни и државни институции, со цел унапредување на билатералната соработка и отворање нови можности за партнерство во областа на образованието и науката. На средбата со јапонскиот министер за образование, култура, спорт, наука и технологија, Јошихиро Секи, се разговараше за организацијата и функционирањето на образовните системи во двете земји, како и за механизмите и мерките за поттикнување на научно-истражувачката дејност. Министрите разменија идеи за можни заеднички иницијативи, при што посебен акцент беше ставен на можноста за обезбедување јапонска поддршка за основање центри за извонредност во Македонија. „Јапонија е долгогодишен стратешки партнер на нашата земја и ви благодарам за досегашната поддршка, како и за можностите што им ги овозможувате на македонските студенти преку системот на стипендирање да се образуваат на престижни јапонски универзитети. Од особено значење за нас е и поддршката што ја добиваме во процесот на техничка модернизација и опремување на училиштата. Верувам дека дел од идеите за кои денес разговаравме наскоро ќе прераснат во конкретни проекти и активности“, истакна Јаневска на средбата во јапонското Министерство за образование. Унапредувањето на квалитетот на наставата и развојот на компетенциите кај учениците беа во фокусот на посетата на Националниот институт за образовни политики на Јапонија, каде што Јаневска оствари средба со генералната директорка Мизуе Шиоми. Соговорничките разменија искуства за методолошките пристапи во наставата, поттикнувањето на креативното и критичкото размислување кај учениците, а се осврнаа и на подготовката на учениците за меѓународното ПИСА тестирање, каде Јапонија традиционално покажува исклучително високи резултати. За можностите за реализација на нови партнерски проекти меѓу двете земји се разговараше и на средбата со парламентарната заменик-министеркa за надворешни работи, Икуина Акико. Таа посочи дека Јапонската организација за надворешна трговија (JETRO) и Јапонската агенција за меѓународна соработка (JICA) ќе продолжат активно да работат на идентификување и развивање нови можности за соработка. Во рамки на агендата, министерката го посети и Универзитетот во Токио, каде што со претседателот на Универзитетот, проф. д-р Теруо Фуџи, разговараше за интензивирање на соработката со македонските универзитети. Во таа насока, беа разгледани можностите за заедничко учество во програмата „Хоризонт Европа“, размена на наставно-научен кадар и студенти, како и воспоставување нови академски партнерства. Посетата на Јапонија опфати и средби во македонската амбасада во Токио. Јаневска и вршителката на должност амбасадор, Кристина Стојчевска, се сретнаа со Казуја Оцука, поранешен амбасадор на Јапонија во нашата земја, со македонски студенти, како и со средношколци од јапонско училиште кои го изучуваат македонскиот јазик. Средбите и разговорите во Токио претставуваат значаен чекор кон продлабочување на традиционално добрите односи меѓу двете земји и создавање нови можности за размена на знаења, искуства и експертиза, во интерес на унапредувањето на македонското образование и наука.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook