Нови 560 квадрати училишен простор: Напредува доградбата на ООУ „Невена Георгиева – Дуња“ во Кисела Вода
1Нови 560 квадрати училишен простор: Напредува доградбата на ООУ „Невена Георгиева – Дуња“ во Кисела Вода
Меси доби понуда што не се одбива: Аргентинецот доби покана да го направи единственото нешто што го нема направено?!
2Меси доби понуда што не се одбива: Аргентинецот доби покана да го направи единственото нешто што го нема направено?!
3Тргна на патување околу светот пред речиси три децении: Неверојатен потфат на човек кој никогаш не се откажува
МакедонијаЛукаревска: Со ребалансот власта крати пари од граѓаните, СДСМ поднесува 160 амандмани за да ги исправи неправдитеПредложениот ребаланс на Буџетот наместо да понуди подобрување на состојбите во економијата е всушност доказ за целосниот неуспех на економската политика на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.Овој ребаланс ја разоткрива вистината – дека економијата тоне, граѓаните се оставени сами на себе, а власта продолжува да се луксузира додека ги задолжува идните генерации. Со овој ребаланс нема пари за соодветно и заслужено покачување на платите на работниците, за поголеми плати во образованието, здравството. Нема пари за повредените и семејствата на настраданите во Кочани. Нема пари за нови мерки за заштита на стандардот на граѓаните, за намалување на цените. Граѓаните се оставени сами на себе. Вака сиромаштијата ќе расте, граѓаните ќе имаат се помалку пари, а животот ќе биде потежок. Власта крати пари од граѓаните за да има повеќе пари за луксузирање на функционерите! Со овој ребаланс власта ги намалува субвенциите и социјалните трансфери за 30 милиони евра. Тоа е директен удар врз земјоделците, врз работниците, семејствата со ниски приходи, социјално загрозените. Истовремено, се зголемуваат трошоците за стоки и услуги за владата– значи за повеќе папаја, манго, приватни авиони и скапи авантури на функционерите. Ова е срамно понижување, Владата избра да го штити својот луксуз, а не стандардот на народот. Јавните претпријатија се нова жртва на алчноста на власта. Со ребалансот, Владата сака да земе 70 милиони евра од неданочни приходи. Тоа значи – ќе им ги земат профитите на јавните претпријатија кои успешно работат. Наместо развој, инвестиции и подобри услуги, јавните претпријатија власта ги гуши, ги кочи, со што директно удира и по вработените и по економијата. За Фондот за ПИОМ власта одвојува дополнителни 35 милиони евра. Ова значи дека придонесите не се наплаќаат доволно, дека дупката во Фондот за пензиско се зголемува. Ако вака се продолжи идните пензии се доведуваат во прашање. Се зборува за ’’раздвижување,,, но реалноста е сурова, до мај се реализирани само 22% од планираните капитални расходи, а тоа е за 14% помалку од истото време минтата година која ја нарекуваа катастрофа. Со овој тренд неможе да се исполни ни половина од тоа што се проектира. Празни ветувања, без реална имплементација. Ова значи или ќе имаме нов трет ребаланс, или нов дефицит, кој повторно ќе го плаќаат граѓаните. Нерелни бројки има и кај капиталните инвестици и кај растотот. Владата проектира мал раст од 3,7% додека се фали со раст од 3%. Но за економија во оваа состојба, тоа е ползење, не развој. За споредба, во 2021 година растот беше 4,5% во година после тешка криза. Со ова темпо, Македонија никогаш нема да го стигне ни просекот на ЕУ, камоли нешто повеќе. Од ресорното Министерство за финансии зборуваат за наводно намалување на јавниот долг за 50 милиони евра. Но ја кријат вистината – во 2024 година јавниот долг порасна за 1 милијарда и 100 милиони евра. Државата ја заврши годината со рекордни 62,4% долг од БДП, а над 90% од зголемувањето е дело на оваа Влада. Во ребалансот ги нема 7 милијади евра од Британија. Тоа значи дека нема договор за изворите на парите, не се знае каматата, не се знае ништо. Како тогаш се лицитира со проекти ако нема извори на финансирање и камати? Колкава камата ќе обезбеди Владата, дали ќе успее да најде пари со камата од 3 посто или 5 е голема разлика. Тоа останува да го видиме. Да заклучиме, овој ребаланс е фискално нереален, социјално штетен и без развојна компонента. Затоа, СДСМ поднесува 160 амандмани со кои бараме поддршка да се исправат неправдите кои ги планира власта. Денеска објавуваме дел од нив: -934 милиони денари за финансиска поддршка за семејствата на загинатите и повредените во Кочани -60 милиони денари за реновирање на болницата во Кочани и 20 милиони за нова опрема во болницата во Кочани. -Апарати за магнетни резонанци, 20 дефибрилатори, 10 вентилатори, 50 кислородни боци, инсулински боци, за здравството и брзата помош -Зголемување на студентски стипендии и поддршка за студенти од ранливи семејства. -Бесплатен превоз за ученици во руралните средини -10% зголемување на платите на наставници во основно и средно образование -Пари за колекторски систем во Дојран, Дом за стари лица во Штип, откупен центар за земјоделски производи во Охрид, Жичарница на Пелистер, поликлиника во Кисела Вода, градинка во Крњево. -Повеќе пари за реконструкција на училишта, градинки, патишта, канализации, водоводи низ различни општини во државата, за Сојузот на борци од НОБ. Ова се реални и одговорни предлози за кои има простор во буџетот, но треба да се намали луксузирањето и расипништвото на власта. Овие амандмани ги поднесовме – затоа што не смееме да дозволиме со државни пари да се зголемува луксузот на функционерите, додека настраданите и обесправените се заборавени. Ги повикуваме сите пратеници во Собранието – без разлика на политичка припадност – да учествуваат во расправата, да ги разгледаат амандманите на СДСМ и да ги поддржат. Ова не е момент за партиска калкулација, туку за солидарност, одговорност и праведност. Време е за економија која им помага на граѓаните, на земјоделците, работниците, наставниците, лекарите, на поврдните и семејствата од Кочани. Македонија заслужува повеќе! Не за луксузирање на власта, ДА за повеќе пари кај народот и конечно поддршка за Кочани. Прес-конференција, Сања Лукаревска, пратеничка на СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНови 560 квадрати училишен простор: Напредува доградбата на ООУ „Невена Георгиева – Дуња“ во Кисела ВодаГрадоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, денес изврши увид во градежните активности за доградба на ООУ „Невена Георгиева - Дуња“. Проектот во моментов се наоѓа во напредна фаза на реализација.Карабината на новата доградба е целосно завршена, поставени се потребните инсталации, а во моментов активно се работи на уредување на внатрешноста на просторот. Новиот училишен простор се простира на околу 560 квадратни метри и опфаќа шест нови училници и современи санитарни јазли. Проектот се реализира со поддршка од Владата на Република Македонија и Министерството за образование и наука преку програмата за капитални инвестиции во општините, како дел од успешната и континуирана соработка помеѓу локалната и централната власт. - Доградбата на ООУ „Невена Георгиева - Дуња“ напредува со навистина одлична динамика. Градежните работи на карабината се комплетирани, инсталациите се поставени, а сега фокусот е целосно насочен кон внатрешното уредување на новите простории. Oвој проект е најубав доказ за тоа какви резултати можеме да постигнеме кога постои заедничка визија и силна поддршка од централната власт. Заедно инвестираме во она што е најсуштинско, во подобри услови за настава, во квалитетно образование и во сигурна иднина за нашите деца-изјави градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска.Тагови: Општина Кисела Вода Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаМеланшон; „Бастилја повторно освоена“ по големиот студентски митинг во ПаризЖан-Лук Меланшон, лидер на екстремно левичарската партија „Непокорна Франција“, изјави дека бастилја е „повторно освоена“, откако студентите организираа демонстрации низ целата земја - вклучително и голем митинг на озлогласениот плоштад Бастилја воВо меѓувреме, подоцна истиот ден, францускиот министер за образование, Едуар Жефри, објави дека 3.000 заменски наставници ќе бидат распоредени во училиштата што се соочуваат со недостиг на кадри. Главните протести во четвртокот беа дел од движењето предводено од студентите кое започна на 17 септември во предградијата на Париз, пред постепено да се развие во поширока кампања за решавање на проблеми, вклучувајќи ги долгите училишни денови, преполните училишта и отсуствата на наставниците.лидерот на „Непокорна Франција“ и неговите сојузници беа обвинети од нивните противници за поттикнување немири и манипулирање со младите луѓе за политичка корист. Меланшон ги отфрли овие критики, нагласувајќи дека и покрај фактот дека неговата партија ги поддржува протестите, тие беа независно започнати од студенти. Коалицијата на студенти и професионални синдикати повика на уште еден ден протести и штрајкови на 13 октомври, а понатамошна голема мобилизација е планирана за 17 октомври.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Црна хроникаМВР отвори истрага, ДУИ бара оставка од Астрит Исени- двајцата млади му одзеле пиштол на полицаец Демократската унија за интеграција (ДУИ) преку соопштение побара оставка од заменик-министерот за внатрешни работи Астрит Исени.Демократската унија за интеграција (ДУИ) преку соопштение побара оставка од заменик-министерот за внатрешни работи Астрит Исени, како и целосно расветлување на случајот со двајца млади на 21 и 23 години, кои тврдат дека биле физички малтретирани од полициски службеници. Според ДУИ, во интерниот полициски извештај се наведува дека младите му го одзеле пиштолот на полициски службеник. Тие, пак, тврдат дека оружјето завршило во нивното возило откако полицијата го скршила стаклото. Според нивните наводи, службениците пукале со огнено оружје, им ги дупнале гумите на автомобилот, а потоа ги врзале и ги легнале на земја, при што биле малтретирани. Партијата бара итна, непристрасна и транспарентна истрага, како и утврдување на одговорност доколку се докаже дека полициските службеници ги прекршиле овластувањата. „Правата и достоинството на граѓаните не смеат да бидат повредувани од оние чија должност е да ги штитат“, наведуваат од ДУИ, инсистирајќи на целосна институционална одговорност. Во меѓувреме, Министерството за внатрешни работи соопшти дека министерот му наложил на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди да го испита случајот. Ова следува по објавите дека на 7 октомври во Скопје две лица биле физички нападнати од полициски службеници и дека им бил оштетен автомобилот. Од МВР информираат дека се преземаат мерки за утврдување на фактичката состојба и околностите на настанот, како и за евентуалната одговорност на инволвираните службеници. По завршувањето на проверките ќе бидат преземени соодветни законски мерки, а јавноста ќе биде известена. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook