Лукаревска: Со ребалансот власта крати од граѓаните, а народот тоне во сиромаштија - Канал 5

Лукаревска: Со ребалансот власта крати од граѓаните, а народот тоне во сиромаштија

Ребалансот на Буџетот за 2025 година е фискално нереален, социјално штетен и целосно без развојна компонента. 

Лукаревска: Со ребалансот власта крати од граѓаните, а народот тоне во сиромаштија

Овој ребаланс е скроен по мерка на власта, а не по мерка на граѓаните. Сведоци сме на невидено галопирање на основните трошоци за живот. Според официјалните податоци од Државниот завод за статистика, инфлацијата во јуни изнесува 4,5%, а Владата продолжува да прогнозира нереални 2,8%. Истовремено, основните трошоци за живот енормно се зголемуваат – синдикалната кошничка е повисока за 630 денари во споредба со истиот период минатата година. Едно четиричлено семејство има потреба од најмалку 65.000 денари месечно за да го истурка месецот, а за оние што живеат под кирија – и над 80.000 денари, рече пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на денешната собраниска седница за ребалансот на буџетот.

Лукаревска потенцираше дека ребалансот се темели врз нереални макроекономски проекции на Владата, при што Владата проектира економски раст од дури 7%, додека реалните проекции – од Народната банка и Светска банка – укажуваат на многу понизок раст од 2,6 до 3 %.

„Дополнително, капиталните инвестиции се на незадоволително ниво, а ребалансот предвидува кратење на средства за реални и неопходни проекти, додека се зголемуваат трошоците за договорни услуги. Се кратат субвенции за земјоделците за 478 милиони денари, поддршка за инвестиции, инвестиции во индустриски зони, во општинска инфраструктура, средства за дигитализација (намалени за 157 милиони денари), субвенции во спортот и средства за заштита на животната средина. Само ставката за намалување на загадувањето е намалена за 50% во однос на претходната година“, рече Лукаревска.

Таа потенцираше дека најголема штета се прави врз најранливите граѓани. Се кратат социјалните надоместоци: детски додатоци, образовен додаток, додатоци за деца и лица со попреченост, поддршка за лични асистенти, како и средства за заштитни друштва каде што се вработени лица со попреченост.

„Остануваат со намален буџет и организациите што се борат против семејното насилство – намалување од 20 милиони денари. Да се крати кај најсиромашните е антисоцијален механизам“, нагласи Лукаревска.

Лукаревска потенцираше дека пратеничката група на СДСМ поднесе 160 амандмани со цел да помогне онаму каде што е најпотребно – за локален развој и социјална сигурност, но тие беа масовно одбиени. Вклучително и 934 милиони денари за поддршка на семејствата на загинатите и повредените во трагедијата во Кочани, 60 милиони денари за реновирање на болницата во Кочани и 20 милиони за нова медицинска опрема.

„Дури и компромисните амандмани – 1 милијарда денари за семејствата на настраданите и 500 милиони денари за подобрување на пожарникарскиот систем – беа одбиени од владејачкото мнозинство, и покрај консензусот што го понудивме.“, рече Лукаревска.

Ребалансот ја одлага фискалната консолидација до 2029 година. Тоа значи одржување на високо ниво на јавен долг, финансирање со скапи заеми и целосно непочитување на фискалните правила до најрано 2027.

Наместо средства за економски раст и инвестиции, се таргетира отплата на долгови, камати и покривање на штети од непогоди. Сето ова е директно на штета на граѓаните, на работниците, на ликвидноста на компаниите и на целокупниот економски развој.

„Овој ребаланс нема да ги даде очекуваните резултати. Тој е резултат на политичка кратковидост, а не на визија за развој и социјална правда. Тоа е ребаланс кој кратко ќе трае, но долгорочно ќе ги чини граѓаните скапо. Затоа пратеничката група на СДСМ и колацијата ќе гласа против“, истакна пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, се наведува во партиското соопштение.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Дончиќ ја зема таблата од рацете на тренерот и ја нацрта акцијата за кош

Нов фанастичен меч на еден од најдобрите светски кошакари Лука Дончиќ во НБА. 

Видео: Дончиќ ја зема таблата од рацете на тренерот и ја нацрта акцијата за кош

Утрово Лука Дончиќ и Лос Анџелес Лејкерс го победија Феникс со 131–123. Словенечкиот кошаркар постигна 43 поени, предводејќи ги уште еднаш Лејкерс до нивната 12-та победа во сезоната, во вкупно 14 одиграни натпревари.

За време на натпреварот, Дончиќ повлече необичен потег. На еден тајмаут Лука ја зема таблата од рацете на еден од помошните тренери, Линдзи Хардинг и сам ја нацрта акцијата што сакаше Лејкерс да ја одиграат во следниот напад.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зајкова: Да не ви паднало на памет да ги штитите!

„Да не ви паднало на памет да ги штитите!!! Итно да се постапи и да одговара за обид за убиство, а сите што му давале инструкции во неговата паника (согласно сведочењата неговиот татко и мислам беше тетка) да одговараат за помагање….

Зајкова: Да не ви паднало на памет да ги штитите!

По последниот случај на насилство врз жена, во кој девојка претепана и без свест беше оставена на улица пред маркет во Охрид, а според пишувањата на медиумите, членови на семејството на насилникот се обиделе да ја „заташкаат“ работата, со објава на социјалните мрежи се огласи и претседателката на ЛДП и пратеничка во Собранието, Моника Зајкова.

„Да не ви паднало на памет да ги штитите!!! Итно да се постапи и да одговара за обид за убиство, а сите што му давале инструкции во неговата паника (согласно сведочењата неговиот татко и мислам беше тетка) да одговараат за помагање…. Не ме интересира што функции имаат неговите, ниту од која партија се! Девојката можеше да заврши како следна жртва на фемицид! “, пишува Зајкова во својата објава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026

Тројца млади спортисти ја претставуваа државата во атлетика, пливање и триатлон. Ева Митевска го освои осмото место на 100 метри, Петар Цеков заврши на 21. место во пливање, а Марио Брезовски на 24. место во триатлон.

Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026

Со посветеност, борбеност и достоинствено претставување на државата, македонските спортисти го завршија своето учество на Младинските олимписки игри Дакар 2026, оставајќи зад себе спортски достигнувања и искуство што претставуваат важен чекор во нивниот понатамошен развој.

Младинските олимписки игри кои се одржаа во Сенегал обединија 2.655 спортисти на возраст од 14 до 18 години од 204 национални олимписки комитети. Натпреварувањата се одржаа во 25 спортови, а за секој спорт беа одредени квалификациски критериуми за учество од страна на соодветните меѓународни федерации и Меѓународниот олимписки комитет.

Дакар 2026 беше историски момент за олимпиското движење, бидејќи за првпат еден олимписки настан се одржа на африканскиот континент.

Македонија учествуваше со седумчлена делегација составена од тројца спортисти, тројцата нивни тренери и шеф на делегацијата, кои ја претставуваа државата во атлетика, пливање и триатлон.

Највисок пласман оствари Ева Митевска во атлетската дисциплина 100 метри, освојувајќи го осмото место во финалната трка и вбројувајќи се меѓу осумте најдобри млади спринтерки на Игрите. Особено значајно е што во финалето Ева истрча 12,28 секунди, подобрувајќи го својот најдобар резултат. Овој настап е потврда за нејзиниот напредок и способноста да го даде најдоброто токму на најважната трка.

Во пливање, Петар Цеков настапи во дисциплината 400 метри слободно, со време од 4:10,60 минути, освојувајќи 4. место во својата група и 21. место во генералниот пласман. Неговата главна дисциплина, 800 метри слободно, која претставуваше негов најсилен адут, беше откажана поради високата температура на водата во базенот. Одлуката беше донесена од организаторите во интерес на безбедноста и здравјето на натпреварувачите.

Марио Брезовски е првиот македонски триатлонец кој се квалификувал на едни Младински олимписки игри. Тој настапи во спринт триатлон (750 метри пливање, 20 километри велосипедизам и 5 километри трчање) и го заврши натпреварувањето на 24. место со време од 59:06 минути. Особено впечатлив беше неговиот пливачки дел, во кој Марио излезе прв од водата, пред сите останати натпреварувачи. Неговиот настап беше обележан со висока конкурентност и борбеност, потврдувајќи го потенцијалот што го носи.

„Младите спортисти навистина ме воодушевија со својата посветеност, дисциплина, одговорност и односот кон обврските во текот на целиот престој. За мене, како шеф на делегацијата, беше особено задоволство да ги следам не само нивните тренинзи и настапи, туку и начинот на кој се претставуваа надвор од спортските терени. Ова беше многу повеќе од натпреварување, беше можност да растат како спортисти и личности. Настапите во Дакар треба да се вреднуваат не само низ призмата на конечните пласмани, туку и преку постигнатите лични резултати, конкурентноста, спортскиот напредок и искуството стекнато во меѓународна конкуренција. Финалето и најдобриот резултат на Ева, настапот на Петар во изменети околности и историското учество на Марио се три различни, но подеднакво важни приказни за младинскиот спорт во Македонија“, истакна Елена Зисовска Апостолска, шефица на македонската делегација.

Зад настапите на македонските спортисти стоеше и посветен тренерски тим, составен од Горан Стаменов, тренер по пливање, Данчо Ѓорѓијевски, тренер по триатлон и Божурка Ѓошевска, тренерка по атлетика, чија стручна работа и поддршка беа важен дел од подготовките и настапите на спортистите.

Македонскиот олимписки комитет им честита на спортистите, нивните тренери и националните спортски федерации за вложениот труд, посветеноста и достоинственото претставување на државата.

Младинските олимписки игри се завршени, но за овие млади спортисти тие се само една важна станица на патот кон нови спортски предизвици. Македонија беше дел од историјата, а иднината на македонскиот спорт продолжува да се гради токму преку ваквите генерации.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер