Лукаревска: Кога ќе гласате задутре и на 8 мај и ќе го заокружите бројот 1, гласате за иднината

Важни се овие избори, можеби и најважни зашто важно е кој ќе ја води државата, важен е континуитетот. 

Важно е СДСМ и после овие избори да продолжи да ја води Македонија таму каде што ни е местото на сите, на цела држава, после НАТО, влез во Европската унија, како Македонци со македонски јазик, по исправниот пат, рече носителката на третата изборна единица, Сања Лукаревска, вечерва во Свети Николе.

Го прифатив предизвикот да бидам носител на листата во оваа изборна единица зашто верувам во исправните политики на СДСМ, во чесноста и љубовта на нашите членови кон државата и кон сите нејзини граѓани, рече Лукаревска.

-Ние сме должни да одговориме на потребата за спокојна, безбедна и предвидлива иднина за државата и за граѓаните. Одиме кон тоа и ви ветувам, ќе дадеме сè од себе за да ги оправдаме вашите очекувања и верба во нас. СДСМ е силна, голема, одговорна партија која секогаш, без двоумење и без калкулирање за својот рејтинг, носела тешки одлуки во уште потешки околности. Сега ви ветуваме ИДНИНА, предвидлива, европска иднина и затоа, клучно е СДСМ да победи на изборите. Сите добро знаете, само кога СДСМ победува, победници се и државата и граѓаните.

Македонските граѓани, рече Лукаревска, виделе и потешки времиња и поголеми маки. Но, предводени од одговорни луѓе, нема предизвик кој не може да се надмине, нема проблем кој не може да се реши.

-СДСМ бил, е и ќе биде со граѓаните секогаш, и во добро и во лошо, затоа, убедена сум дека Свети Николе, и на 24 април и на 8 мај, ќе го направи најдобриот избор - Стево Пендаровски и Социјал демократскиот сојуз на Македонија. Слободата и демократијата мора да останат да живеат во Македонија.

Кога ќе го заокружите бројот 1 , и задутре и на 8 мај, вие гласате за иднината. Сè друго е пат од кој можеби нема да можеме да се вратиме. Не се откажуваме од иднината, таму е нашата заедничка победа, рече носителката во третата изборна единица Сања Лукаревска, се наведува во партиското соопштение.

Во Берлин нападната сенаторка, трет напад врз владин политичар за само неколку дена

 Во Берлин физички е нападната сенаторката за економија и поранешна градоначалничка Франциска Гифи од Социјалдемократската партија на Германија, (СПД).

Ова е трет последователен напад врз владини политичари за само неколку дена.

Гифи вчера попладне била нападната од непознат маж во библиотека во Берлин со удар со торба во главата, по што и била укажана прва помош.

По нападот напаѓачот успеал да побегне.

- По првичниот шок, сега сум добро. Благодарна сум за добрите желби и се враќам на работа, изјави Гифи денеска.

Минатиот викенд во Саксонија беше претепан и тешко повреден кандидатот на СПД за изборите за Европскиот парламент, Матијас Еке, додека лепел изборни плакати.

Непосредно пред тоа беа нападнати и политички активисти на партијата Зелени.

Кремљ одби да го коментира украинското тврдење за планиран заговор за убиство на Зеленски

 Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков изјави дека малку е веројатно дека тоа се точни информации, пренесуваат британските медиуми.

Кремљ не ги коментираше украинските тврдења за приведени руски агенти во Украина кои планирале да го убијат шефот на украинската држава, Володимир Зеленски, но портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков изјави дека малку е веројатно дека тоа се точни информации, пренесуваат британските медиуми.

Украинската служба за безбедност вчера соопшти дека фатила двајца агенти, кои работеле за Русија, за планирање убиство на Зеленски и други високи политичари како „подарок“ на рускиот претседател Владимир Путин за неговата инаугурација.

Песков, истовремено, одби да даде коментар и за тоа дали руската војска користи ракети произведени во Северна Кореја, како и за украинските тврдења дека ги испитува остатоците од таквите проектили. Тој изјави дека работата е воена, па затоа не може да зборува за тоа, пренесуваат руските медиуми.

На прашањето дали Русија пренесува преработена нафта во Северна Кореја со што ги прекршува резолуциите на Советот за безбедност на ОН, Песков кажа дека Кремљ го цени својот однос со Пјонгјанг.

-Имаме намера да ги развиеме во сите можни области, рече тој, додавајќи дека Северна Кореја „е наш добар и многу перспективен партнер“.

Британските медиуми вчера цитираа неименуван извор од американската Влада дека руските пратки на преработена нафта го донеле севернокорејскиот увоз „над границата на Советот за безбедност од 500.000 барели годишно“.

Олимпискиот оган дочекан со спектакуларна парада во Марсеј

Историскиот едреник со три јарболи „Белем“ денеска го донесе олимпискиот оган во Франција, пречекан од 1.024 бродови на спектакуларна парада во пристаништето во Марсеј, точно 79 денови пред почетокот на Игрите во Париз.

Звуци на гајди, сирени и труби се слушаа од бродовите кои го славеа пристигнувањето на олимпискиот факел, дванаесет денови откако „Белем“ исплови од Грција.

Бродот „Белем“ е изграден во 1896 година, годината кога се одржаа првите модерни Олимписки игри.

Свечената парада во Марсеј ќе трае до 17 часот, а на церемонијата се очекува да присуствуваат повеќе од 150.000 луѓе.

Околу „Белем“ има силни безбедносни мерки. Мобилизирани се 6.000 полицајци и четириесетина чамци за да се обезбеди непречено одвивање на парадата.

Прв носител на олимпискиот факел во Франција ќе биде пливачот Флоран Манаду.

Штафетата ќе тргне кон Париз в четврток пренесувана од поранешните фудбалери на Олимпик, Жан-Пјер Папен, Дидие Дрогба и Базиле Боли, а меѓу носителите ќе биде и познатиот готвач Александре Мациа.

Повеќе од 10.000 луѓе ќе бидат вклучени во пренесувањето на олимпискиот факел пред пламенот да стигне во Париз и да биде поставен во близина на Лувр.

Свеченото отворање на Олимписките игри ќе се одржи на реката Сена на 26 јули.

притисни ентер