АЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица
1АЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица
МакедонијаЛукаревска и Јаревски на конференција во Брисел: Усогласување со новата финансиска рамка на ЕУ и поддршка за земјите кандидатиПратениците Сања Лукаревска и Тони Јаревски учествуваа на интерпарламентарна конференција посветена на стабилност, економска координација и владеење во ЕУ, што се одржа на 23 и 24 февруари 2026 година во Брисел, Белгија.Конференцијата, како што се информира собраниската прес-служба, беше организирана од Европскиот парламент и од Домот на претставниците на Република Кипар во рамките на кипарското претседателство со Советот на министрите на ЕУ. На настанот учествуваа и претставници од националните парламенти на земјите членки и кандидатите за членство во ЕУ, како и претставници од повеќе европски институции. Во фокусот на дискусиите беа финансирање на буџетот на ЕУ, новата повеќегодишна финансиска рамка, можностите и предизвиците на единствениот европски пазар, отпорноста на пазарот на труд во рамките на ЕУ. Беше посочено дека се предлагаат нови извори на финансирање за поддршка на проекти што ќе ја зголемат конкурентноста на европската економија, со посебен акцент на инвестиции во образование, дигитализација, зелена енергија, земјоделство, одбрана и рамномерен регионален развој. - Спроведувањето на потребните реформи ќе придонесе за дополнителен развој на единствениот европски пазар. Исто така, и пазарот на труд треба да се приспособува на новите технологии и затоа од особено значење ќе биде постојаната едукација на вработените за да може да одговорат на новите предизвици - се наведува во соопштението. Во своето излагање Лукаревска истакна дека Република Македонија, како и другите земји кандидати за членство во Европската Унија, треба да ја следат повеќегодишната финансиска рамка и да инвестираат во истите сектори, како што е предвидено и на ниво на ЕУ, со што ќе се овозможи побрзо усогласување на нивните економии и општества при идното членство во ЕУ. Како пратеничка од земја кандидат за членство во ЕУ, Лукаревска особено го поздрави делот од повеќегодишната финансиска рамка 2028 - 2034 година, кој се однесува на поддршката на земјите кандидати за членство во ЕУ преку инструментот „Глобална Европа“, кој претставува продолжение на повеќедецениската поддршка што ја добиваме од ЕУ. Добро би било дел од оваа поддршка да биде насочена за прекугранична соработка меѓу земјите членки на ЕУ и земјите кандидати за членство и особено во делот на заштита на животната средина. Во однос на рамномерниот регионален развој, според неа, позитивно е што и со предложената финансиска рамка се планираат значителни инвестиции во помалку развиените региони со цел да се овозможи рамномерен регионален развој. Пратеничката изрази надеж дека за периодот на важност на новата повеќегодишна финансиска рамка 2028 - 2034 година, Република Македонија и другите земји кандидати ќе станат земји членки на Европската Унија. Пратеникот Јаревски истакна дека како земја кандидат спроведуваме низа реформи во повеќе сектори, со цел да се приклучиме кон ЕУ и да бидеме дел од единствениот европски пазар. Тој посочи дека во делот на енергетиката како членка на Енергетската заедница, земјава го транспонира потребното европско законодавство, со цел што побргу да пристапиме кон европскиот енергетски пазар. - Последите години значајни инвестиции се прават и во делот на дигитализацијата и сè повеќе се нудат разни форми на дигитални усуги. Во наредниот период една од најзначајните заеднички цели на земјите од Западен Балкан е со заеднички настап да се постигне договор и со ЕУ за драстично намалување на цените за користење на роаминг услугите - истакна Јаревски. Посочи дека за слободно движење на стоките и зголемување на трговската размена секако големо значење има и инфраструктурното поврзување помеѓу земјите. Позитивно го оцени неодамнешното ратификување на договорот во македонскиот и во бугарскиот парламент за железничко поврзување, со што се овозможува реализацијата на овој значаен проект, кој е дел од Коридорот 8. За полесно и побрзо интегрирање на земјите од Западен Балкан на единствениот европски пазар во рамките на Берлинскиот процес, потпишана е заедничка декларација за создавање заеднички регионален пазар. Целта на неговото создавање е посилна економска интеграција на регионот на Западен Балкан и подготовка со поголемата конкуренција на заедничкиот внатрешен пазар на ЕУ. Јаревски изрази надеж дека актуелниот проблем со возачите на камиони, кои потекнуваат од земјите на Западен Балкан, што побргу да биде решен во насока на унапредување на надворешнотрговската размена.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаАЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и СтрумицаОд денеска, клиентите на АЛТА банка ќе можат да располагаат со поголем износ од своите средства. Неделниот лимит за подигање готовина од банкомат и плаќање со платежни картички се зголемува од 10 на 15 илјади денари. Истовремено, се проширува и мрежата за шалтерска исплата. Од денеска ќе бидат отворени и шалтери и во тетово и во струмица, каде што клиентите кои немаат платежни картички ќе можат да подигнат до 20 илјади денари во период од две недели, исто како и во експозитурата во Битола. Олеснување, како што најави гувернерот Трајко Славески, ќе има и за идните приливи. Платите, пензиите и социјалните трансфери кои допрва ќе легнуваат на сметките на клиентите, доколку доаѓаат од институции или компании кои имаат сметки во други банки, ќе можат да се повлекуваат во целост..Тагови: Алта банка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоПроменливо облачно со повремени локални врнежи од дождВремето денес според УХМР ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд.Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени. Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд со слаб интензитет. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 12 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Од вторник следува период на променливо облачно и потопло време. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Локални врнежи од дожд ќе има кон крајот на седмицата. Ќе дува слаб до умерен, а во петок повремено засилен до силен ветер од јужен правец.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица08:35Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29
АЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица08:35
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
ХороскопДневен хороскоп за 9. ноември 2026 година Дневен хороскоп за понеделник, 9. ноември 2026 година. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Би можеле да се најдете на малечка вага меѓу чувствата и должностите. За среќа, набргу ќе го препознаете вистинскиот пат. Кариера Денеска не влегувајте во расправии, а доколку може, ниту разговарајте со шефовите , зашто тие ќе мислат едно , а вие сосема друго. Здравје и совет Обидете се да бидете полежерни. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Некои денеска ќе ја покажат својата сентиментална нишка, а тоа малку ќе ја збуни личноста која ве сака. Таа ќе очекува да бидете поцврсти. Кариера Според вашите идеи би можело да се покрене еден проект , но во сето тоа има и доста заблуди. Здравје и совет Разделете ја реалноста од фантазијата. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Повторно ќе станете онаа позната заводлива личност , која предизвикува внимание каде и да се појави. Ќе проивлечете доста внимание на забавите што се пред вас. Кариера Ќе решавате мали финансиски проблеми и ќе најдете решение. Во нив ќе има и тактика и претприемништво во исто време. Здравје и совет Внимавајте на грлото. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Зближувањето со саканата личност дава резултати , па денеска ќе дадете се од себе така да остане. Кариера Малкумина ќе се решат да вложат средства во вашите напредни идеи , поради што се чувствувате по малку осамени. Здравје и совет Честопати сте пред своето време. Искористете ја предноста. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Колку ќе имате потреба за нежност, толку ќе имате и за грубости. Ќе бидете во подвоена состојба. Кариера Повеќето од работите што ќе ги преземете , ќе вродат со плод , а вие ќе имате многу причини за задоволство. Здравје и совет Бидете трпеливи во љубовта. Овен 21.3-20.4. Љубов Поради празнината што ја чувствувате , ќе се трудите да бидете што пољубезни , но ќе се препознае дека тоа не е природно. Кариера Во договорите и преговорите ќе бидете склони на другите да им го препуштите главниот збор , дури и тогаш кога ќе бидете во право. Здравје и совет Искреноста е доблест. Бик 21.4- 20.5. Љубов Тешко денеска ќе го разберете партнерот зашто кон вас ќе се однесува на моменти мирно , а на моменти налутено. Подгответе се за тоа. Кариера Она што сте го замислиле нема да се развива според планот. Потребно е поголемо разбирање за другите и почеток на сериозна соработка. Здравје и совет Бидете искрени кон себеси и кон другите. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Пред вас е прекрасен ден за секој вид дружење , воспоставување на нови контакти и за ширење на хоризонтите. Искористете го тоа. Кариера Доколку имате работа што вклучува односи со луѓе , ќе ви биде убаво. Во другите дејности ќе барате друштво. Здравје и совет Почитувајте ги другите. Рак 22.6-22.7. Љубов Ќе ги заборавите непотребните грижи и ќе се обидете да се концентрирате на она што мора да се решава во односите. Нема веќе да се збунувате. Кариера Вашиот позитивен став ќе ви донесе поен повеќе во договарањето на работите. Ќе го употребите и својот шарм. Здравје и совет Не сте на трка . Опуштете се. Лав 23.7-22.8. Љубов Посветеноста кон љубовните тајни ќе доведе до едно интересно откритие , кое ќе ве заинтригира. Кариера Во предложената работа со пријателите немојте да бидете попустливи , зашто и покрај добрите намери , ќе бидете во загуба. Здравје и совет Утре ќе биде сосема поинаку. Бидете трпеливи. Девица 23.8.-23.9. Љубов Ќе се потпирате на вашето шесто чуло. Тоа ќе ве поттикнува за подобро да соработувате со другата страна. Кариера Ништо нема да ви биде премногу, нити премалку. Токму вие ќе бидете онаа личност , која работите ќе ги доведете во рамнотежа. Здравје и совет Понекогаш ви е од се преку глава. Поминете го денот осамени. Вага 24.9.-23.10 Љубов Пред вас е квалитетен ден во кој ќе ги игнорирате повремените мали нервози и со љубов ќе ги победувате. Кариера На цврстите темели вие почнувате да развивате нов долгорочен план на дејности кои имаат иднина. Здравје и совет Ја одржувате добрата форма.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter