Тејлор Свифт блесна во неверојатна креација, сите останаа без зборови кога таа ги покажа своите витки нозе
2Тејлор Свифт блесна во неверојатна креација, сите останаа без зборови кога таа ги покажа своите витки нозе
МакедонијаЛукаревска до Кочовска: Дали ќе се суспендира Законот за јавни набавки?Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања, упати прашања до министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочовска, а се однесуваше на историско задолжување од 6 милијарди евра.Лукаревска се осврна на преседанот во собранието, да меморандум биде ратификуван како меѓународен договор, укажувајќи дека власта не само што ја турна земјата во ново задолжување туку и ги суспендираше нормите и законите. Во продолжение интегрален текст на прашањето Почитувани пратеници, почитувани граѓани. Вчера овде во македонското Собрание се случи ратификација на Договорот за партнерство за реализација на инфраструктурни проекти, склучен меѓу Владата на Македонија и Владата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска. Сметаме дека е преседан, да меморандум биде ратификуван како меѓународен договор и на вчерашната седница се дискутираше и се бараа одговори на повеќе прашања , како за правата и обврските, така и за правната заштита, и најбитното финансиските импликации за граѓаните. Власта не само што ја турна земјата во ново задолжување, тоа значи и задолжување за новите генерации и ги суспендираше нормите и законите. Бидејќи граѓаните имаат право да ја знаат вистината, најпрво имам две пратенички прашања до министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочовска. Министерке Кочовска, Знаеме две работи. Прво,знаеме дека одобрената рамка за задолжување е 6 милијарди евра, или приближно еднакво на буџетот за 2025 година, од 6,5 милијарди евра. Второ,знаеме дека ќе биде проектно финансирање. Но, не знаеме кои се другите услови, колкава ќе биде каматната стапка, како ова задолжување ќе се рефлектира врз јавниот долг. Граѓаните заслужуваат јасни и прецизни одговори на овие прашања. Граѓаните мора да знаат како ова задолжување ќе се рефлектира на нивната иднина. Во едно ваше интервју, рековте дека изборот на фирми од Обединетото Кралство што ќе градат проекти во државава од овие 6 милијарди евра ќе се прави врз основа на Законот за јавни набавки. Како што рековте, ве цитирам „има јасни одредби што се случува при вакви договори „влада со влада“. И додадовте дека нема да има само една, туку повеќе понуди од фирми, согласно Законот за јавни набавки. Но, она што вчера помина во Собранието друго кажува. Па прашање е дали ќе важи Законот за јавни набавки или сепак нема да важи. Имено, членот 2 од договорот предвидува, цитирам ,, Учесниците ќе работат заедно на идентификување можности за финансирање на проекти, вклучително од УКЕФ. Дали финансирањето ќе оди целосно од УКЕФ или од комерцијални банки за кои УКЕФ би дал гаранции. Ова е многу значајно прашање, особено затоа што се работи за договор влада во влада. Во член 2 став 2 од овој меморандум што вие го нарекувате Договор со Владата на Обединетото Кралство се наведува дека „ќе се олесни запознавање со британски деловни субјекти за поддршка на реализацијата на проектите“. Јавноста треба да знае што значи оваа одредба, за какво запознавање се работи, дали такво запознавање веќе се случило, и за какво олеснување од страна на британските деловни субјекти“, станува збор. Дали овие деловни субјекти се предефинирани изведувачи, што е во спротивност со тврдењето дека ќе се користи законот за јавни набавки. Знаејќи ги основните начела на законот за јавни набавки за конкурентност, фер пристап и транспарентност, не може да има конкурентност на предефинирани деловни субјекти. Во членот 3 стои дека учесниците заеднички ќе работат и заеднички ќе ги истражат можностите за финансирање на приоритетните проекти , таксативно наброени во анексот А, т.е. дека за секој поединечен проект дополнително ќе има финансирање вклучително од комерцијални банки. Што значи оваа одредба, дали се веќе предодредени фирмите? Особено што финансирањето се одвива преку UK Export Finance (UKEF), чии услови подразбираат дека минимум 30% од вредноста на финансираните проекти оди кај британски компании или како плаќања во Велика Британија. Како Владата ќе обезбеди доследна примена на Законот за јавни набавки, кога однапред се знае кои компании ќе бидат вклучени во реализацијата на проектите? Значи со овој меморандум, договор, како сакате крстете го, де факто ќе се суспендира Законот за јавни набавки кој предвидува конкурентност, транспарентност. Моето прво прашање до вас е: 1. Дали на овој начин владата со овој меморандум или Договор, како сакате целосно ќе го суспендира Законот за јавни набавки? И второто прашање, врзано со првото, 2. Дали се веќе познати фирмите што ќе бидат ангажирани за реализација на проектите, и кои се тие, зошто не се соопштени на јавноста? Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваФото: Златна фудбалерка го „фрли“ дресот и облече проѕирен фустан, Градите ѕиркаат од фустанотЕдна од најсексапилната фудбалерка на светот, атрактивната Клои Кели повторно воодушеви со својот секси стајлинг.Јавноста е навикната да ја гледа во фудбалски дрес и на теренот, но Клои Кели овојпат покажа сосема поинакво издание. Англиската фудбалерка Клои Кели привлече големо внимание на доделувањето на наградите „GQ Мажи на годината“ во Лондон, каде што се појави во мошне смело издание. Наместо спортскиот дрес во кој сме навикнати да ја гледаме, овојпат таа се одлучи за елегантен црн фустан што ѝ го откриваше грбот, додека проѕирната ткаенина му даде на целиот изглед дополнителна доза на сензуалност. Припиениот фустан ја истакнуваше нејзината фигура, а отворениот грб беше еден од најефектните детали во оваа комбинација. Со овој избор, Клои покажа сосема поинаква страна на својот стил, далеку од фудбалскиот терен и спортската опрема. Бројни познати личности од светот на спортот, модата, музиката, филмот и забавата се собраа на свечениот настан, а фудбалерката на Арсенал беше меѓу гостите што го привлекоа вниманието на фотографите. Клои Кели е една од најпрепознатливите фудбалерки во англиската репрезентација, со која освои европски титули во 2022 и 2025 година. Особено е впечатлив нејзиниот гол против Германија во финалето на Европското првенство во 2022 година, кога го постигна одлучувачкиот погодок во 110-тата минута.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваТејлор Свифт блесна во неверојатна креација, сите останаа без зборови кога таа ги покажа своите витки нозеСветската музичка ѕвезда, Тејлор Свифт блесна во неверојатна креација на еден настан, а љубителите на модата останаа без зборови.Каков фустан! Сите останаа без зборови кога таа ги покажа своите витки нозе . Светската музичка ѕвезда, Тејлор Свифт блесна во неверојатна креација на еден настан, а љубителите на модата останаа без зборови. Навистина, ова беше глетка за паметење. Тејлор Свифт се врати на голема врата кога станува збор за кантри-музиката. Неодамна, по пауза од 10 години, таа учествуваше на доделувањето на наградите на Здружението за кантри-музика (CMA Awards) во Нешвил. Последен пат таа присуствуваше на оваа церемонија во 2016 година. Овој пат, таа одлучи да блесне во жолта креација на дизајнерот Оскар де ла Рента, оставајќи го модниот свет воодушевен. Станува збор за едноставна, речиси ненаметлива тоалета, одликувана со минимализам. И додека горниот, корсетен дел се одликува со едноставен крој, долниот дел се карактеризира со асиметричен крој, долга опашка и џебови, кои на целиот стајлинг му даваат нота на модерен гламур. Не смееме да ја изоставиме ниту впечатливата жолта боја на фустанот, која беше главниот акцент во нејзиниот изглед. Ретко која дама би одбрала облека во оваа нијанса на жолта боја за некој голем настан, но Тејлор покажа дека за неа не важат овие стереотипи. Тагови: Тејлор Свифт Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваВидео: Новак го зема микрофонот и направи „хаос“! Ѓоковиќ го запеа хитот на легендарниот Џеј Ново шоу надовор од теренот на најтрофејниот тенисер во историјата, Новак Ѓоковиќ го испеа хитот на легендарниот Џеј и предизвика „хаос“ во еден белградски клуб!Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, го искористи престојот во Србија за да се опушти во друштво на пријатели, а потоа приреди вистинско шоу во еден познат белградски клуб, што ги воодушеви сите присутни. Ноле уживаше во ноќното излегување, пушејќи и пеејќи, а кулминацијата на вечерта се случи кога пејачката Маријана Злопаша го забележа во публиката и го покани да ѝ се придружи на сцената. Ѓоковиќ не се двоумеше многу! Ја прифати поканата, го зеде микрофонот и ја запеа песната „Ниедни усни не бакнуваат сами“ голем хит на легендарниот Џеј Рамадановски. Атмосферата во тој момент го достигна својот врв, а присутните имаа можност да го видат Новак во сосема поинакво издание – наместо рекет, во рацете држеше микрофон и уживаше во музиката. https://www.instagram.com/reel/Df_Qk2Ts0g5/?utm_source=ig_embed Ѓоковиќ моментално е во Белград, бидејќи тениската сезона за него е завршена. Тој ќе помине уште неколку дена во својот роден град, а оваа сабота ќе ја искористи за да го прослави Свети Архангел со своето семејство. Потоа, планира да замине на одмор.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПротестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33МВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00Во 13 часот протест пред Владата против родово базирано насилство08:49Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08
Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33
Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08