Лукајиќ: На дуелот со Партизан се е отворено - Канал 5

Лукајиќ: На дуелот со Партизан се е отворено

Кошаркарите на македонскиот првак МЗТ Скопје Аеродром утре гостуваат во Белград и за противник го имаат Партизан, екипа која исто така се наоѓа во лоша серија резултати и во текот на неделата го смени тренерот и место Мирослав Николиќ сега „црно-белите“ ги предводи Ненад Чанак.

Лукајиќ: На дуелот со Партизан се е отворено
Нов тренер (десетина дена) има и МЗТ Скопје Жељко Лукајиќ, кој досега има два натпревара на клупата на „металците“ пораз во АБА лигата од Морнар и победа во домашната лига над Кожув.

- Против Партизан треба да покажеме голема желба за надигрување, како и дел од енергијата која беше очигледна на неодамнешниот дуел со Морнар, а која секојдневно ја гледам на тренинзите. Факт е дека не може да му се заканувате на Партизан во Белград, особено во една ваква ситуација кога и кај нив доаѓа до шок терапија со промена на тренерот. Веднаш се гледа поинаква филозофија во нивната игра, пред сѐ во пристапот. Но, ова е дуел во кој сѐ е отворено. Ќе мора да одиграме цврста одбрана и да го спречиме противникот да не постигнува лесни поени во транзиција и во секундарни напади. Ако ни се укаже шанса сигурно ќе пробаме да изненадиме, за клупскиот сајт изјави тренерот Лукајиќ.

МЗТ Скопје има само две победи во АБА лигата, додека Партизан има за него скормни пет победи.

Натпреварот од 12. коло од АБА лигата меѓу Партизан и МЗТ Скопје А. се игра утре и почнува во 19 часот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Левица повторно ја игра улогата на сателит на Мицкоски - услуга во неговата кампања за предвремени избори

Левица најави дека во понеделник ќе бара координативна средба на опозициските партии за Изборниот законик. 

СДСМ: Левица повторно ја игра улогата на сателит на Мицкоски - услуга во неговата кампања за предвремени избори

Тоа е веќе видено сценарио во кое сателитските партии на Мицкоски се обидуваат да ја вовлечат опозицијата во неговата валкана игра.

Прашањето е едноставно: Зошто опозицијата би требало да се собира по нарачка на Мицкоски?

Дали тој е класен наставник кој ќе ја повикува опозицијата кога сака?

Дали ние треба да ја играме неговата игра и да му правиме театар за јавноста?

СДСМ веќе ги даде своите јасни и конкретни предлози во Собранието. Нема потреба од нови предлози.

Нашите предлози се јасни: гарантираат фер и транспарентни избори и спречуваат можност за изборна кражба, особено на гласовите од дијаспората. Сè друго е претстава.

Ова е класичен обид на Мицкоски, преку своите сателити, да создаде привид дека опозицијата ја блокира реформата на Изборниот законик.

Но вистината е спротивна. Мицкоски е тој кој сака закон со кој ќе може да се крадат гласови од дијаспората.

Тој е оној кој сака да го наметне својот модел на изборна манипулација.

СДСМ нема да учествува во оваа претстава. Нема да му бидеме алиби на Мицкоски.

Нема да се собираме за да му правиме услуга во неговата кампања за предвремени избори.

Единственото што Мицкоски треба да го направи е да се откаже од законот со кој сака да ги намести изборите и да ја украде волјата на граѓаните.

Сè друго е театар.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ДЗС: Уште една опасна артилериска граната пронајдена кај битолското с. Меџитлија

Гранатата беше пронајдена при градежни работи што ги изведуваше ЈП „Стрежево“ - Битола, во атарот на село Меџитлија.

ДЗС: Уште една опасна артилериска граната пронајдена кај битолското с. Меџитлија

Пиротехничарот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Ѓорѓи Стефанов, безбедно отстрани неексплодирана артилериска граната со калибар 75 mm, што потекнува од Првата светска војна и ја транспортира до Армискиот полигон „Криволак“, каде што ќе биде уништена.

Гранатата беше пронајдена при градежни работи што ги изведуваше ЈП „Стрежево“ - Битола, во атарот на село Меџитлија, Општина Битола, во близина на македонско-грчката граница. Пријавата до ДЗС беше доставена преку бројот за итни случаи 112.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Авионска несреќа во Австрија: Има мртви и повредени

Две лица загинаа, а две се тешко повредени кога се урна мал авион во градот Гаминг во најголемата австриска покраина, Долна Австрија, објавија локалните медиуми.

Авионска несреќа во Австрија: Има мртви и повредени

Во несреќата загинаа 47-годишен пилот и една жена, додека 15-годишно девојче и 41-годишен маж се тешко повредени, објави Кроне.

Голем број пожарникари, персонал на брза помош, полиција и други служби за итни случаи реагираа на местото на настанот.

Се известува дека причина за падот на авионот е технички дефект. Пајпер ПА-28 се урна во шумска област, на околу 100 метри од населбата Нојхаус.

Во авионот имало четири лица, сите од округот Амштетен. Непристапниот терен ја отежнал спасувачката операција, а пожарникарите морале да користат моторни пили за да си го пробијат патот до малиот авион и да преминат поток.

Тие морале сами да ја носат тешката опрема за спасување по теренот.

Во исто време, бидејќи во областа нема сигнал за мобилни телефони, спасувачите морале да комуницираат преку радио.

На местото на несреќата беа 90 пожарникари, како и членови на планинската спасувачка служба, брзата помош и полицијата.

Тие го пронајдоа леталото целосно уништено, а тешко повредените беа евакуирани од местото на несреќата со помош на опрема за спасување и специјално јаже, и беа пренесени со хеликоптер во болниците во Линц и Амштетен.

Местото на несреќата е заградено, а на местото на несреќата пристигна Комисијата за истрага на воздушни несреќи.

Според првичните извештаи, причината можеби била технички дефект, а очевидци наводно слушнале необични звуци од моторот.

Обвинителството нареди обдукција на телото на пилотот, објави Кроне.

Фото: ВИ илустрација

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер