Срамен потег на Белата куќа: Трамп се јавил во ФИФА три пати за четири дена за да поништи црвен картон!
1Срамен потег на Белата куќа: Трамп се јавил во ФИФА три пати за четири дена за да поништи црвен картон!
Алармантен број на убоди од инсекти: Над 30 луѓе побарале помош на клиника од убоди на оса, пчела, стршлен
1Алармантен број на убоди од инсекти: Над 30 луѓе побарале помош на клиника од убоди на оса, пчела, стршлен
КошаркаЛука Дончиќ по Олимпијадата ќе потпише договор во НБА од 202 милиони долариОткако пристигна во Далас Маверикс во НБА лигата во 2018 година, Лука Дончиќ ја докажува својата класа од сезона во сезона, и со своите игри и со освоените награди.Тој беше член на најдобрите пет дебитанти и беше прогласен за најдобар дебитант во сезоната 2019 година, а во следните две години со своите настапи освои место во првата петорка на лигата и веќе двапати играше на Ол-стар натпреварите . Во првите три сезони, тој имаше просек од 25,7 поени, 8,4 скокови и 7,7 асистенции по натпревар, а неговите настапи ги натераа да го споредат со Леброн Џејмс и да го наречат комбинација од Меџик Џонсон и Лери Бирд. Далас Маверикс го гледаат како играч на франшиза и се подготвени да го потврдат тоа со новиот договор што го подготвија за него. Според добро информираниот Марк Штајн, тие само го чекаат крајот на Олимписките игри, каде Дончиќ брка добар резултат со Словенија, со цел Мавси да го врзат за себе со продолжување на договорот во следните пет сезони . Договорот што му го нуди Далас е вреден 202 милиони долари.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОпштина Илинден започна со реконструкција на спортската сала „Гоце Делчев“Општина Илинден започна со реализација на проектот за реконструкција на спортската сала „Гоце Делчев“ во населеното место Илинден.Општина Илинден започна со реализација на проектот за реконструкција на спортската сала „Гоце Делчев“ во населеното место Илинден, како дел од континуираните активности за унапредување на спортската инфраструктура и создавање подобри услови за спорт и рекреација. Оваа реконструкција се врши по речиси дво децениско користење на салата, при што се предвидени повеќе градежни и технички зафати насочени кон подобрување на функционалноста, безбедноста и енергетската ефикасност на објектот. Проектот опфаќа санација на таркетот со стругање и нанесување три слоја специјален заштитен лак отпорен на гребење и пролизгување, како и целосно ново бележење на теренот за повеќе спортски дисциплини. Во рамки на реконструкцијата ќе бидат извршени и молерисување на ѕидовите и таваните, бојадисување на трибините, замена на заштитната ограда и поставување нови седишта на трибинскиот простор. Предвидена е и замена на гумираниот под, целосна реконструкција на соблекувалните, како и бетонирање стопи и поставување метални елементи за монтажа на мобилни столбови за одбојка. Дополнително, како дел од претходно реализираните активности за модернизација на салата, извршена е замена на дотраените металхалогени рефлектори со современи ЛЕД светилки, со што значително е подобрена енергетската ефикасност и квалитетот на осветлувањето на просторот. На почетокот на градежните активности увид изврши градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, кој истакна дека локалната самоуправа останува посветена на континуирани инвестиции во спортската инфраструктура. „Со реконструкцијата на спортската сала создаваме современи и функционални услови за спортистите, младите и сите рекреативци. Истовремено, ќе се зголемат можностите за организирање домашни и меѓународни спортски натпревари, како и други мултифункционални настани“, изјави градоначалникот Георгиевски. Општина Илинден и во наредниот период ќе продолжи со реализација на капитални проекти кои придонесуваат за развојот на спортот, унапредување на јавната инфраструктура и подобрување на квалитетот на живот на сите граѓани.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалСрамен потег на Белата куќа: Трамп се јавил во ФИФА три пати за четири дена за да поништи црвен картон! Американскиот претседател ја искористил врската со Џани Инфантино, првиот човек на ФИФА, според информациите од Гардијан и од него побарал помош за поништување на доделен црвен картон. Трамп се јавил во ФИФА три пати за четири дена за да го поништи црвениот картон на Фоларин Балогун! Според информациите од британските медиуми, Доналд Трамп, претседателот на САД, направил сè што можел за да ја спречи суспензијата на Фоларин Балогун. Гардијан добил информации дека Доналд Трамп ја искористил својата врска со Џани Инфантино, првиот човек на ФИФА. Тој ја повикал организацијата-три пати за четири дена, инсистирајќи одлуката да се промени, напорот на американскиот претседател вродил со плод и дошло до промена на одлуката сега таа се води како вродило со плод како „условен црвен картон “. - Ви благодарам ФИФА, го направивте она што беше исправно и ја поништивте големата неправда - напиша Трамп преку социјалните мрежи.Тагови: Доналд Трамп ФИФА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОЈО бара мерки на претпазливост за тројцата насилници 15 дена по крвавиот напад врз детето во ЧентоСкопското обвинителство соопшти дека побарало мерки на претпазливост за тројцата осомничени за нападот врз 14-годишното момче во скопската населба Ченто.Според првичните сознанија, како што соопштија, на 22 јуни осомничените учествувале во насилничките дејствија кон малолетникот, го удирале со тупаници и клоци и му нанеле расекотини со нож по телото. Со предложените мерки им се забранува да го напуштат живеалиштето, да не се доближуваат до местото на настанот, ниту да контактираат со детото и неговите родители... -Во меѓувреме, продолжуваат да се вршат вештачења на пронајдени траги и се преземаат други дејствија за прибирање докази, велат од основно јавно обвинителство Скопје. Иако настанот се случил на 22 јуни, МВР поднесе кривични пријави за против тројцата осомничени дури по 11 дена, откако мајката на детето јавно реагираше дека случајот се води како насилство, а не како потешко дело обид за убиство, и покрај седумте убоди од нож што му биле нанесени. Мотивите за нападот, се уште не се познати.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook