Лука Дончиќ платил вистинско богатсво за стан во Љубљана - Канал 5

Лука Дончиќ платил вистинско богатсво за стан во Љубљана

Најдобриот словенечки кошаркар Лука Дончиќ решил да инвестира во недвижнини како и многу други познати личности.

Лука Дончиќ платил вистинско богатсво за стан во Љубљана

По куќата во Далас, еден од најдобрите светски кошаркари има постојано живеалиште и во родната Словенија, поточно во вила кај Смледник.

Според „Репортер“, предводникот на Далас неодамна купил вила во Љубљана, а сега, според магазинот Лејди, ќе стане сопственик на луксузен стан во новиот станбен комплекс „Палас Шеленбург“, каде претходно се наоѓаше популарниот Колосеум во Љубљана.

Во две згради има 125 станови, становите вредат вистинско богатсво и достугуваат цена и до 4,2 милиони евра.

На отворањето на комплексот присуствуваше и таткото на Лука, Саша Дончиќ.

Еден од соседите на Лука Дончиќ во новиот комплекс е и мегапопуларниот пејач Дино Мерлин.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре променливо облачно со сончеви периоди

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. 

Утре променливо облачно со сончеви периоди

Во попладневните и вечерните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, кој попладне наместа долж Повардарието повремено ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 20, а максималната ќе достигне од 29 до 36 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во делови од котлината ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 34 степени.

Следува период на претежно стабилно време. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен северен ветер. Во четврток и во недела се очекува локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорѓиевски: Град Скопје со помош за Венецуела - Скопје, град на солидарноста!

Град Скопје доделува финансиска помош во висина од 1.200.000 денари за справување со последиците од земјотресот.

Ѓорѓиевски: Град Скопје со помош за Венецуела - Скопје, град на солидарноста!

„Скопје многу добро знае што значи болка по разорен земјотрес.

Нашиот град ја носи таа лузна длабоко во својата историја, но ја носи и најсилната порака, дека кога е најтешко, човечноста мора да биде најгласна.

По катастрофалниот земјотрес во 1963 година, Скопје не остана само.

Светот подаде рака, народи од сите континенти помогнаа градот повторно да се роди од урнатините, а меѓу првите земји кои застанаа со помош и солидарност беше токму Венецуела.

Тоа Скопје не го заборава.

Токму затоа, денес, кога народот на Венецуела се соочува со последиците од земјотресот, Град Скопје возвраќа со човечност, почит и поддршка.

Град Скопје доделува финансиска помош во висина од 1.200.000 денари за справување со последиците од земјотресот, како искрен чин на солидарност кон пријателскиот народ на Венецуела.

Изразуваме длабоко сочувство до семејствата на жртвите, а на повредените им посакуваме брзо закрепнување.

Нашите мисли се со сите граѓани кои минуваат низ овие тешки моменти.

Скопје беше изградено од солидарноста на светот, меѓу кои беше и Венецуела.

Затоа Скопје денес е светски град.

Скопје памети.

Скопје сочувствува.

Скопје помага.“- објави на Фејсбук, градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Куба сè уште во мрак: Милиони луѓе чекаат струја

Куба се бори да ја врати струјата откако колапсот на националната мрежа еден ден претходно остави милиони луѓе низ карипската островска земја без струја, објави Ројтерс.

Куба сè уште во мрак: Милиони луѓе чекаат струја

Струјата постепено се враќа

Националниот оператор на мрежата „UNE“ соопшти рано во вторник дека повторно ја поврзал централна Куба, од западното пристаниште Мариел до покраината Санкти Спиритус. Сепак, источните и западните делови на островот остануваат без струја. Во главниот град Хавана, струјата беше вратена во околу една третина од градот до вторник наутро, но снабдувањето сè уште беше прекинато и големи делови од градот останаа во темнина.

Трет голем прекин оваа година

Властите сè уште не ја објасниле целосно причината за прекинот на струјата што се случи во понеделник. Тоа беше трет голем колапс на мрежата што ја погоди земјата оваа година, оставајќи исцрпено население од речиси 10 милиони луѓе без струја преку ноќ.

Зголемен притисок од САД

Најновиот колапс на мрежата доаѓа во време кога САД значително го зголемија притисокот врз Куба. Администрацијата на претседателот Трамп ги прекина испораките на гориво на островот и воведе строги санкции во обид да наметне промена во комунистичката влада на Куба. Куба и Обединетите нации ги оценија овие мерки како нелегални и како кршење на човековите права на жителите на островот.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер