ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење
1ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење
3Јеменската влада започнува голема воена кампања за повторно освојување на сите области во земјата контролирани од Хутите
Саудиска Арабија се откажува од плановите за градење на стадион за Светското првенство вреден 2,5 милијарди долари
2Саудиска Арабија се откажува од плановите за градење на стадион за Светското првенство вреден 2,5 милијарди долари
НБАЛука Дончиќ најмалку еден месец надвор од теренотЕден од најдобрите кошаркари во НБА лигата, ѕвездата на Далас Лука Дончиќ ќе паузира најмалку еден месец поради повреда на листот на ногата. Големиот кандидат за МВП трофејот во најсилната светска лига доживеа повреда на листот на божиќниот дуел против Минесота. Словенецот го напушти теренот уште во првото полувреме, а прегледите покажаа дека степенот на истегнување на мускулот е прилично висок што бара и долга пауза. Luka Doncic went back to the locker room after an apparent injury on this play. pic.twitter.com/R8xlcLdeHQ — NBA on ESPN (@ESPNNBA) December 25, 2024 Еден од најдобрите кошаркари во НБА лигата, ѕвездата на Далас Лука Дончиќ ќе паузира најмалку еден месец Без Лука, Далас ќе одигра најмалку 17 натпревари што значи дека Дончиќ дефинитивно испаѓа од трката за МВП на сезоната во НБА бидејќи условот за да влезе во конкуренција е играње на најмалку 65 во текот на сезоната. Ова ќе биде најдолга пауза во кариерата за 25 годишниот Дончиќ. Предводникот на Далас по прв пат во кариерата нема да одигра најмалку 65 натпревари во НБА.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиењеЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола. Секторот за санитарна контрола во периодот од 28.09.2026 до 02.10.2026 зема 200 примероци за физичко-хемиска и 200 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 45 мерни места во Градот Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18).Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Рецепти„Гответе со Дракче“ - ЊокиВо понеделник (28.09.2026) во емисијата гостин ни бeше Анета Љумаковска.Состојки за денешниот рецепт: 400 гр. њоки 100 мл. павлака за готвење 5 - 6 сушени домати 1 чешне лук малку пармезан масло сол, бибер и др. зачини по избор Погледнете како се подготвува овој рецепт: Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалСелекторот на Португалија: Ако Роналдо сака да се врати, ќе се вратиСелекторот на португалската репрезентација, Жорже Жезус, изјави дека Кристијано Роналдо може да се врати во националниот тим доколку одлучи да го стори тоа.41 годишниот Роналдо кој со децении беше капитен на Португалија, го напушти репрезентативниот камп за време на Лигата на нациите, откако натпреварот против Норвешка го мина на клупата за резерви и потоа дозна дека нема да биде во почетниот состав ниту против Данска. Напаѓачот на Ал-Наср има одиграно 234 натпревари и постигнато 146 гола за Португалија – што претставуваат светски рекорди во двете категории. По напуштањето на кампот, тој на социјалните мрежи напиша: „Кога ќе дојде време, ќе им ја кажам на Португалците целата вистина за причините поради кои ја напуштив репрезентацијата, на која отсекогаш сум ѝ бил целосно посветен“. Селекторот Жезус зборуваше за ситуацијата со Кристијано на пресот по синоќешниот натпревар против Норвешка, во кој Португалија обезбеди пласман во четвртфиналето на Лигата на нации. „Ако сака да се врати во репрезентацијата, ќе се врати“, рече Жезус, кој исто така му беше тренер на Роналдо во Ал-Наср. „Можеме да разговараме пред следниот повик, но Крис е тој што ја носи одлуката. Кристијано треба да ја заврши својата репрезентативна кариера под свои услови; тој е тој што ќе одлучи како ќе замине“, изјави селекторот. Жезус се потсети и на нивниот претходен договор. „Кога го објавив првиот состав, му реков: 'Ми требаш; те сакам покрај себе, без разлика дали играш или не'. И истото му го кажувам и сега.“Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter