Лука Дончиќ на диета вредна 230 милиони долари - Канал 5

Лука Дончиќ на диета вредна 230 милиони долари

Еден од најдобрите светски кошаркари во последните неколку години, Словенецот од ЛА Лејкерс Лука Дончиќ по неспехот во НБА со својот нов клуб, веќе се подготвува за следната сезона. 

Лука Дончиќ на диета вредна 230 милиони долари

Раководството на неколку кратниот НБА шампион од Лос Анџелес е подготвено на Лука да му понуди нов мега договор, но има неколку услови за тоа.

Лука Дончиќ одлучи да ја искористи паузата помеѓу крајот на сезоната во НБА и почетокот на подготовките на Евробаскетот за да ги намали килограмите.Што е еден од условите на ЛА Лејкерс за нов договор.

Дончиќ често е мета на критичарите поради прекумерната тежина. Тој проблем беше наведен и како една од главните причини поради кои Далас го трејдуваше во Лејкерси.

Според некои информации, Лука во текот на сезоната знаел да тежи и до 122 килограми, иако официјалните податоци гласеле - 104 килограми.Но, сега излгеда извонредниот словенечки кошаркар решил да го доведе своето тело до совршенство и да стигне до тежина која се изразува со две бројки.

Изгледа главен предзивик на Лука за овој потфат е новиот договор од ЛА Лејкрес.

Лука има 230 милиони причини да ја оствари својата намера .

Словенечките медиуми пренесуваат дека Дончиќ со својата специјална работа започнал веднаш по пристигнувањето во Љубљана од Лос Анџелес.

Дончиќ се подготвува во длабока тајност, а слабеењето е резултат на комбинација на фитнес тренинзи во теретана и драстична промена во исхраната.

Тоа би го ставило Лука во оптимална позиција, што би му овозможило да биде побрз, пофлексибиле и поагилен на теренот, на што се надеваат Лејкерси.

Популарниот клуб од Лос Анџелес го поставил тоа како услов, па е подготвен на Словенецот да му понуди нов договор вреден фантастични 230.000.000.

Со оваа понуда ЛА Лејкерс покажува дека неговото раководство има намера да ја гради иднината на тимот околу Дончиќ, со идеја да се врати на самиот врв на НБА лигата.

. Лејкерси последен пат беа шампиони во 2020 година, нивна единствена титула од 2010 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Снимател доби отказ поради неа!

Винифер Фернандез долги години важи за една од најубавите и најатрактивни спортистки на светот. 

Видео: Снимател доби отказ поради неа!

Но, таа исчезна преку ноќ: Каде е и што прави најубавата одбојкарка на светот?

Во изминатите осум години, познатото видео од потезите на Винифер Фернандез на YouTube собра дури 15 милиони прегледи.

Ретко кој не ги видел нејзините фотографии што го преплавија интернетот во 2016 година.

Таа се најде на насловните страници ширум светот, многумина ја прогласија за најубава, односно најатрактивна одбојкарка на планетата, а потоа речиси преку ноќ исчезна од центарот на вниманието.

Во изминатите осум години, познатото видео со нејзините потези на YouTube собра дури 15 милиони прегледи.

Винифер Марија Фернандез (30), одбојкарка од Доминиканската Република, во тој период важеше за една од најпопуларните спортистки во светот.

Речиси и да немаше човек што не ги виде нејзините фотографии кои ги преплавија социјалните мрежи и интернетот, но потоа таа одеднаш исчезна од очите на јавноста. Последниот клуб за кој настапуваше беше „Карибењас“, а со години беше една од најголемите ѕвезди на репрезентацијата на Доминиканската Република. Иако денес не е толку присутна во медиумите како порано, на Инстаграм ја следат повеќе од 65.000 луѓе.

YouTube video

Винифер е висока 169 сантиметри и тешка 62 килограми, а додека играше на Куба, се случи интересна анегдота според која еден снимател наводно добил отказ бидејќи, наместо да го сними одлучувачкиот поен во натпреварот, ја насочил камерата кон младата Винифер Фернандез.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Првиот електричен Ferrari е веќе целосно распродаден

Првиот целосно електричен модел на Ferrari, Luce, можеби не ги освои симпатиите на љубителите на автомобили на социјалните мрежи, но тоа не ги спречи купувачите да резервираат речиси секој планиран примерок.

Првиот електричен Ferrari е веќе целосно распродаден

Иако моделот се соочи со критики во врска со дизајнот и преминот на Ferrari кон електричен погон, првичната серија на производство е веќе целосно распродадена.

Ова потврдува дека јавното мислење не секогаш се совпаѓа со желбите на купувачите кои можат да си дозволат огромни суми за ексклузивни автомобили.

Повикувајќи се на два извори запознаени со плановите на компанијата, Financial Times известува дека Ferrari планирало да продаде нешто помалку од 500 примероци од моделот Luce во текот на првата година, пренесува Računalo.com.

Според извештаите, целата планирана серија на производство за првата година била распродадена уште на почетокот на овој месец, и покрај почетната цена од 550.000 евра (без данок).

Иако Ferrari ги демантираше тврдењата дека купувачите мора да го нарачаат моделот „Luce“ за да го задржат својот привилегиран статус кај брендот, многумина сметаат дека овој фактор можеби придонел за големата побарувачка.

Наводно, од дилерите било побарано да не вршат притисок врз долгогодишните колекционери на Ferrari да го купат „Luce“, туку да се фокусираат на нови купувачи – особено на богати клиенти во Кина и во технолошките центри како Силиконската долина, каде што електричните автомобили веќе се широко прифатени.

Се чини дека оваа стратегија дава резултати. Според „Фајненшл тајмс“ (Financial Times), Ferrari планира да продаде приближно 2.500 примероци од моделот „Luce“ до 2030 година, што изнесува околу 600 возила годишно.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уапсен добитникот на 167,3 милиони долари на лотарија

Џејмс Фартинг, добитник на една од најголемите лотариски награди во историјата на Кентаки, повторно е уапсен – што е четврти пат откако го освоил џекпотот вреден повеќе милиони долари. 

Уапсен добитникот на 167,3 милиони долари на лотарија

Педесет и едногодишниот Фартинг од Џорџтаун бил уапсен во неделата, на 26 јули, под обвинение за семејно насилство.

Според затворските евиденции до кои дојде списанието *People*, тој се товари за семејно насилство што вклучува давење и напад од четврт степен со нанесување полесни телесни повреди. Тој моментално се наоѓа во притвор во затворот на округот Скот.

Во април, тој освои 167,3 милиони долари на лотаријата „Пауербол“ (Powerball), што претставуваше најголема добивка во историјата на Кентаки.

Тогаш Џејмс изјави дека планира да ги подели парите со својата мајка, Линда Гризл. „Ќе биде убав Ден на мајката. Ова ќе ми помогне да ги отплатам долговите“, изјави тогаш неговата мајка.

Според полицискиот извештај, наводната жртва – чиј идентитет не е откриен – изјавила дека дошло до расправија по возењето со брод.

За време на расправијата, тој наводно ја фатил за вратот со двете раце, отежнувајќи ѝ го дишењето. Тој се појави пред судот во вторникот, на 28 јули, и се изјасни дека не е виновен. Судот одреди кауција од 15.000 долари, му забрани контакт со наводната жртва и нареди да носи уред за електронски надзор за да се обезбеди почитување на забраната за контакт.

Ова не е првпат добитник на лотарија да има проблеми со законот по голема добивка. Само неколку дена откако го освоил џекпотот, тој бил уапсен на Флорида, каде што се соочил со обвиненија за напад врз полицаец и давање отпор при апсење.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер