Прославата за независноста не ги чинела граѓаните ниту денар, финанисрана е од општествено одговорни компании -тврди Мицкоски
2Прославата за независноста не ги чинела граѓаните ниту денар, финанисрана е од општествено одговорни компании -тврди Мицкоски
ЗабаваЛука Дончиќ го „запали“ ИнстаграмЕден од најдобрите светски кошаркари,новиот член на ЛА Лејкерс, Лука Дончиќ предизвика хаос на социјалните мрежи. Неговата објава за неколку часа доби повеќе од милион реакции!Последната објава на Лука Дончиќ на социјалните мрежи предизвика невидено внимание. Шокантниот трејд на НБА суперѕвездите Лука Дончиќ и Ентони Дејвис, во ЛА Лејкерс односно Далас, и понатаму е главна тема во спортската јавност . Светот остана во неверување кога Далас реши да го испрати својот најдобар играч во Лос Анџелес Лејкерс во замена за искусниот центар Ентони Дејвис. Словенечкиот ас веруваше дека целата своја кариера ќе ја помине во Далас, но на почетокот од годинава доживеа невиден шок - клубот му „забоде нож во грб“. Раководството на Далас тајно се додека не го заврши трејдот воопшто не го информилало Дончиќ за својата намера . Лука бил информиран кога се билозавршено. Поради тоа словенечкиот кошаркар сега е максимално мотивиран да им докаже дека ја направиле најголемата грешка во историјата. Во вторникот тој официјално беше претставен во својот нов клуб, облечен во дресот на Лејкерси со број 77, Лука е подготвен за освета. По промоцијата тој на својот Инстаграм профил објави фотографија на која го држи новиот дрес и брзо собра повеќе од милион лајкови. Голем број на коментари имаше и од познати спортисти, а особено се издвои пораката што му ја испрати асот на Реал Мадрид Винисиус . -Реал Мадрид и Лејкерс... Воопшто не е лошо“, напиша играчот на кралскиот клуб под фотката на Лука.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЗапочнува изградбата на ветерен парк во ШтипЗа три години треба да биде готов ветерниот парк на компанијата „Алказар“ во Штип. Ќе содржи вкупно 54 ветерни електрани и ќе биде најголем во регионот. Според најавите ветерниот парк ќе обезбедува енергија за 148.000 домаќинства и ќе донесе околку 300 нови вработувања. Целата инвестиција за неговата изградба изнесува 500 милиони евра.. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПрославата за независноста не ги чинела граѓаните ниту денар, финанисрана е од општествено одговорни компании -тврди Мицкоски Нула денари од државниот буџет за големите музички спектакли за 35 годишнината од незваисноста ова лето – тврди премиерот Христијан Мицкоски. Според него, сите настани, вклучително и вчерашниот настап на светскиот диџеј Дејвид Гета, биле организирани од општествено одговорни компании, без да се одвојуваат буџетски средства. „Имам лоша вест за сите кои лиферуваа лажни информации. Тоа е дека буџетот овие настани го чинеа нула денари. Може да проверите. Сè е организирано од општествено одговорни компании. Секој денар буџетски пари се троши на транспарентен начин.“ – Христијан Мицкоски – претседател на Влада Кулминацијата на прославата на 8 септември беше синоќа на преполниот стадион „Тоше Проески“. Неколку десетии илјади луѓе два часа уживаа во импресивното шоу на Гета, кој допатува директно од Ибица. Спектаклот не беше само музички – Гета на сцената приреди вистинско аудиовизуелно шоу со ласери, пиротехника, светлосни и видеоефекти. По шоуто со светските хитови на Гета, вечерта заврши со македонска музика и традиционални ора. Дел од публиката го продолжи славењето и пред стадионот каде ечеше „Бисер балкански“. Од МВР информираа дека за време на концертот биле регистрирани две нарушувања на јавниот ред и мир, по што биле приведени пет лица. Сепак, од МВР оценуваат дека настанот поминал исклучително мирно од безбедносен аспект. Со вчерашниот спектакл се заокружи прославата на 35 години независност. Претходно, караванот „Силно светнал ден“ помина низ повеќе градови, а на градскиот плоштад во Скопје настапи и светската оперска ѕвезда Хозе Карерас.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11Перпарим Бајрами, обвинет во случајот на Државна лотарија, се предал на македонските власти09:08Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста18:19Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста15:16
По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11
МакедонијаПовторно под просекот - ПИСА со аларм за македонските ученициЕкстремно лоши резултати и назадување на македонските ученици. Најновите податоци од меѓународното оценување ПИСА 2025 повторно го вклучуваат алармот за состојбата во образованието.Министерката Весна Јаневска причините ги лоцира во реформите и образовните политики од претходниот период. Посочи дека најдобри резултати македонските ученици постигнале во 2018 година, во периодот на „Кембриџ“ реформата, по што следувало назадување. ,, За жал резултатите повторно се многу лоши но сакам да потенцирам дека ова се резултати од реформите кои се претходно направени.,, Но, реформите не се единствениот фактор. Според Јаневска, значајно влијание врз резултатите има и технологијата. Не може да се тврди дека вештачката интелигенција е главната причина, вели таа, посочувајќи дека можеби многу поголемо влијание имаат социјалните мрежи и неконтролираната употреба на мобилните телефони. -Децата мора да се вратат и на основните навики – да се учат да читаат и пишуваат на традиционален начин. Но, технологијата не треба да се исклучи од образованието. Истражувањето на ПИСА, покажа дека само третина од 15-годишниците во земјава имаат основни познавања за математика, читање и наука, што е значително помалку во однос на развиените земји. Наодите покажале дека само 26 отсто од учениците во Македонија го достигнуваат ниво 2 или повисоко по читање, а просекот во земјите на ОЕЦД изнесува 69 отсто. По математика, основното ниво го достигнуваат 32 отсто од учениците, наспроти 65 отсто просек во ОЕЦД, а по природни науки 36 отсто, во споредба со 74 отсто во ОЕЦД. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11Перпарим Бајрами, обвинет во случајот на Државна лотарија, се предал на македонските власти09:08Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста18:19Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста15:16
По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11