Луј Витон чантичка во облик на авион чини повеќе отколку вистински авион (ВИДЕО) - Канал 5

Луј Витон чантичка во облик на авион чини повеќе отколку вистински авион (ВИДЕО)

Чантичката  во форма на авион од Луј Витон неодамна стана вирална бидејќи наводно чини повеќе од користен авион со еден мотор.

Луј Витон чантичка во облик на авион чини повеќе отколку вистински авион (ВИДЕО)

Чантата од годинашната машка колекција, дизајнирана од уметничкиот директор на луксузната марка, Виргил Аблох, ги подели мислењата на социјалните мрежи, како и многу други негови креации досега.

Торбата во форма на авион беше претставена во јануари, но неодамна привлече внимание на многумина на Интернет - поради вртоглавата цена од 39 илјади долари. Иако фотографиите кружат на Интернет веќе неколку месеци, тие неодамна привлекоа повеќе внимание, кога една корисничка на Твитер сугерирала дека може да се купи вистински користен авион за истите пари.

YouTube video

„Всушност може да се купи авион за помалку“, додаде таа, а некои објавија и реклами за авиони кои го докажуваат тоа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Прекрасна сонатна вечер со виолинистот Ниек Бар и пијанистот Бен Ким

Харизматичниот  холандски виолинист Ниек Бар кому му се воодушевува публиката од целиот свет  и американско-холандскиот пијанист Бен Ким настапија вчеравечер во рамки на Холандската вечер на фестивалот „Охридско лето“.

Прекрасна сонатна вечер со виолинистот Ниек Бар и пијанистот Бен Ким

Двајцата извонредни музичари вечерта ја зпочнаа со Сонатата за виолина и пијано од Ц.Франк, а продолжија со уште една Соната за виолина и пијано од Франсис Пуленк. Репертоарот го заокружија со Фантазија за виолина и пијано од Шуберт, ремек-дело напишано во декември 1827 година. Ова е всушност неговото последно дело за овие два инструмента, познато по својата извонредна уметничка длабочина и екстремна техничка тежина за двајцата изведувачи кое беспрекорно беше доловено пред фестивалската публика на „Охридско лето.

Ниек Бар свири на виолина „екс Форнбаум“ изработена од Карло Бергонци во Кремона во 1729 година. Како камерен музичар, има долгогодишна соработка со американскиот пијанист Бен Ким со кој веќе има одржано неколку рецитали на сцената на амстердамскиот „Концертгебау“, во „Концертхаус“ во Берлин и во минхенскиот „Гастајг“ (концерт пренесуван во живо од „БР класик“) и деби во Филхармонијата во Есен во 2021 година. Ова камерно партнерство резултира и со ЦД снимено за „Авротрос класик“ со дела од Крајслер, Моцарт, Бах и Бетовен.

Изведбите на американскиот пијанист Бен Ким се опишани како „еуфорични и полни со виталност“, додека пак сензибилноста и интегритетот во интерпретацијата му носат респект и репутација кај публиката, но и кај стручната критика.

Победникот на 55-от АРД натпревар во Минхен во категоријата пијано, Бен, настапува низ светот во концертните сали како „Карнеги Хол“, „Музикферајн“, „Гевандхаус“, „Сантори Хол“, „Кенеди Центар“, со оркестрите на Германското радио, Баварскиот радиосимфониски оркестар, со оркестрите во Лајпциг, Балтимор, Кјушу, Сеул, со оркестарот „Ермитаж“ во Санкт Петербург, со Симфонискиот оркестар во Дизелдорф, со оркестарот „Тонхале“ под диригентската палка на Кристоф Ешенбах, со Келнскиот камерен оркестар под водство на Кристоф Попен и со Филхармонискиот оркестар на Бусан на „Музикфест Берлин“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Северна Кореја изврши ново лансирање на ракета

 Северна Кореја истрела балистичка ракета со краток дострел од својот источен брег кон Источнокинеското Море, соопшти јужнокорејската војска, додека се засилуваше надзорот во регионот.

Северна Кореја изврши ново лансирање на ракета

Јужнокорејската војска соопшти дека Северна Кореја денеска истрелала најмалку една балистичка ракета со краток дострел кон Источното Кинеско Море, додавајќи дека лансирањето било извршено од областа Вонсан на источниот брег на земјата.

Здружениот штаб на Јужна Кореја објави дека ракетата била лансирана околу 17 часот по локално време од областа Вонсан, додека бројот на истрелани ракети сè уште не е потврден, пренесува „Јонхап“.

Војската на Јужна Кореја соопшти дека ги засилила надзорот и извидувањето поради можноста за нови лансирања, како и дека одржува целосна борбена готовност во тесна соработка со САД и Јапонија.

Ова е прво лансирање ракета од страна на Северна Кореја по повеќе од еден месец, откако Пјонгјанг на 25 јуни, под надзор на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, тестираше тактичка балистичка ракета, нови повеќецевни ракетни фрлачи и друго оружје.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Редовно одржување на фонтаните во Карпош

Општина Карпош спроведе активности за санација, реконструкција и редовно одржување на фонтаните на својата територија, со цел обезбедување нивна непречена, безбедна и ефикасна работа во текот на целата сезона.

Редовно одржување на фонтаните во Карпош

Активностите беа реализирани на фонтаните лоцирани на плоштад „Делфина“ во Влае, кај детското игралиште во Карпош 3, плоштадот во Бардовци, како и во паркот спроти Студентскиот дом „Гоце Делчев“.

Во изминатиот период беа реализирани повеќе интервенции на системите на фонтаните, при што беа извршени замена и сервисирање на прскалки, пумпи, како и делови од системите за филтрација и циркулација на водата.

Дополнително, извршена е проверка и оптимизација на работата на инсталациите, со цел подобрување на нивната функционалност, ефикасност и сигурност.

Со реализираните активности, Општина Карпош обезбедува квалитетно функционирање на фонтаните, подобар изглед на јавните простори и продолжување на работниот век на опремата преку навремено одржување и превентивно делување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер