Луис Хамилтон на пол – позиција на „Интерлагос“ во Бразил

Новиот светски првак Луис Хамилтон ќе ја има пол – позицијата на „Интерлагос“, на утрешната трка за Големата награда на Бразил

Хамилтон имаше најдобро време во квалификациите , истовремено и рекорд на патеката, и заврши пред Себастијан Фетел и пред Валтери Ботас. Вториот ред ќе го пополни и Кими Раиконен, пред утрешната трка на Формула 1.

„Го имам ликот на Аиртон Сена на мојот шлем. Секогаш со радост се враќам во Бразил. Во мојата прва трка овде за голем противник го имам Фелипе Маса, овојпат до последен момент не знаев дали ќе се изборам за пол – позиција. Временските услови беа променливи, но на крајот се излезе добро“, изјави Хамилтон.

притисни ентер