Луис Хамилтон е најдобриот спортист на Европа за 2019!!!

Светскиот шампион во Формула 1, Британецот Луис Хамилтон е избран за најдобриот спортист на Европа во 2019 година, во традиционалниот 62 –ти по ред избор на новински агенции.

Во гласањето кое го организира Полската агенција ПАП , извонредниот  возач од Британија ја освои својата гтрета круна најдобар европски спортист на годината. Хамилтон во изборот на новинските агенции собра 151 глас, на второто место со 140 гласови е лидерот во светскиот тенис, Шпанецот Рафаел Надал, а трет а австрискиот скијач Марсел Жиршер.

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е на четвртата позиција меѓу десетте најдобри на изборот се и Сифан Хасан ( Холандија – атлетика), Вирџил Ван Дајк – фудбал), Карстен Вархолм( атлетика Норвешка), Марк Маркез(Шпанија мотоциклизам), Јанис Адетокумбо (кошарка Грција) и Јохан Тингнес Бе ( Норвешка биатлон).

Португалската фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо е дури на 18 место, а словенечката кошаркарска сензација Лука Дончиќ е на 16 позиција.

притисни ентер