3Другар од детството му пукал во глава поради „црна лотарија“- детали за убиството на бугарскиот бизнисмен
Мадрид и Казабланка го посакуваат финалето на Светското првенство во 2030, но и Барселона има свој адут
1Мадрид и Казабланка го посакуваат финалето на Светското првенство во 2030, но и Барселона има свој адут
ФормулаЛуис Хамилтон е казнет поради пирсинг на носот: Сево ова ми е глупаво Екипата на Мерцедес е казнета со 25.000 евра по квалификациите за денешната ГН на Сингапур поради процедурална грешка поврзана со контроверзното правило според кое седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон се соочува со едногодишна суспензија.Во Мерцедес погрешно го пополниле формуларот пред трката на која потпишале дека Хамилтон ќе се придржува до правилата за неносење накит во болидот, а тој сепак имал пирсинг на носот. Правилото за неносење накит важи од оваа сезона и одвреме навреме на Хамилтон му се заканува суспензија, но британскиот возач се оправдува поради здравствени проблеми и целата ситуација ја опишува како „малку глупава“. @LewisHamilton PROSSIMA VOLTA PURE SULLA CAPPELLA IL PIERCING AMO COSÌ CAPISCONO CHE TE LA POSSONO SOLO SUCARE pic.twitter.com/mzpte8vwQd — Monique Hamilton Princess of Turin (@whoismonique__) October 1, 2022 „Со години имам пирсинг на носот и секако на почетокот на сезоната имаше сешто. Веќе е заглавен и не можеше да се извади, па ми дадоа ослободување од тркање додека не најдам решение. Потоа отидов да го извадам и сакав да го вратам и повторно да го вадам по потреба, но местото се зарази и ми отече носот“, рекол Хамилтон, а пренесува Би-би-си. „Им го кажав сето тоа пред да се квалификувам. Отидов на лекар за да го поправам тој крвав блистер, го вратив пирсот и се лекував последните две недели. Лекарите ме замолија да го оставам во носот. Неверојатно е дека треба да зборуваме за нешто толку мало. Сѐ друго извадив. Но, веќе не ми е гајле“, објасни британскиот возач. Хамилтон тврди дека веќе е уморен од сѐ и укажа на недоследноста на строгата примена на ФИА на правилата кои важат речиси 20 години, а не се применувале до оваа сезона. Причината е што металот е спроводник на топлина и се загрева во случај на пожар во автомобилот. „Но, имаме метални патенти на оделата, ремените се со метални делови и имаме алуминиумски метални жици во кацигите. Не знам, сето тоа ми е малку глупо. Стјуардите треба да се грижат за нашата безбедност, но ова не е безбедносно прашање“, изјави Хамилтон. Тој на денешната трка во Марина Беј ќе стартува од третата стартна позиција, зад Шарл Леклер во Ферари и Серхио Перез во Ред Бул, а во истиот ред е и Карлос Саинц од Ферари. Актуелниот шампион во Формула 1 и лидер во овогодинешниот поредок Макс Верстапен со својот Ред Бул стартува на осмото место.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотНајтешката тиква има 651,5 килограми, ја подигаат со виљушкар Најтешката тиква во Швајцарија оваа година тежи 651,5 килограми и е одгледувана во приватна градина во кантонот Цирих, објавува швајцарската агенција Keystone-SDA.Ова е трета година по ред одгледувачот Флоријан Ислер од Еслинген, во кантонот Цирих, ја освои титулата швајцарски шампион во одгледување џиновски тикви, објави организаторот на натпреварот, Jüker Farm. Рекорди се уриваат! Тиквата припаѓа на сортата „Атлантски џин“, а нејзиниот одгледувач Ислер постави уште три швајцарски рекорди - за најтешкиот примерок од сортата „Бучел Гард“, тежок 136,6 килограми, највисокиот сончоглед, висок 7,695 метри, и најтешката лубеница, која тежела 97,2 килограми. Срушени се и други швајцарски и светски рекорди во одгледување џиновски зеленчук. Семејството Мајер од Детликон, исто така во кантонот Цирих, сега го држи светскиот рекорд за најтежок сладок компир, еден со тежина од 13,6 килограми, додека Јирг Висли од Досвил, во кантонот Тургау, во североисточна Швајцарија, го постави светскиот рекорд за најдолга лута пиперка, со должина од 54,3 сантиметри. Вкупно 18 џиновски тикви беа измерени на фармата Бихлихоф. Ништо без виљушкар На натпреварот учествуваа 16 тима, вклучувајќи два тима одгледувачи и две семејства. Меѓу 18-те измерени примероци беа 14 портокалови тикви од сортата „Атлантски џин“ и четири зелени тикви. Актуелниот швајцарски рекорд за најтешка тиква е 1.054 килограми, додека светскиот рекорд е 1.278,8 килограми. За време на вчерашниот натпревар, разни видови зеленчук беа транспортирани до вагата со виљушкар.Тагови: тиква Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоУтре сончево време со температура до 29 степениУтре времето ќе биде сончево и релативно топло, информираат од УХМР.МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА 14 Попова Шапка, 17 Крушево, 21 Претор, Маврови Анови, Охрид, 23 Берово, 24 Прилеп, Виница, Битола, 25 Крива Паланка, 26 Тетово, Штип, Демир Капија, 27 Кавадарци, Велес, Скопје Петровец, 28 Струмица, Скопје Зајчев Рид, Гевгелија. ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ Времето денес беше сончево и релативно топло со слаб ветер од променлив правец. До крајот на денот ќе биде стабилно и ведро. ВРЕМЕТО УТРЕ Утрото ќе биде ведро и студено, а во текот на денот сончево и релативно топло. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 6, а максималната во интервал од 22 до 29 степени. Во Скопје, сончево и релативно топло со слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 26 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Во четврток времето ќе биде сончево и релативно топло со променлива облачност во текот на денот. Во петок и за време на викендот, времето ќе биде променливо облачно со услови за врнежи од дожд.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаГаши се сретна со поранешните претседатели на Собранието Претседателот на Собранието, Африм Гаши на денешната трета средба со поранешните претседатели на Собранието, ја потпиша Одлуката за формирање на Совет на поранешни претседатели на Собранието на Македонија. Претседателот на Собранието, Африм Гаши на денешната трета средба со поранешните претседатели на Собранието, Тито Петковски, Никола Поповски, Трајко Вељаноски и Јован Митрески, ја потпиша Одлуката за формирање на Совет на поранешни претседатели на Собранието на Македонија. За идејата, односно целта за донесувањето на одлуката претседателите на Собранието беа известени на претходните две средби, одржани на 21 октомври 2025 година и на 7 април 2026 година. Имено, целта за формирањето на Советот, како неформално советодавно и консултативно тело, е обезбедување континуитет на институционалната меморија на Собранието; унапредување на парламентарната практика и демократијата и давање стручни и советодавни мислења за прашања од значење за работата на Собранието. Покрај ова на средбата беа разменети мислења за одделни процедурални прашања во работењето на Собранието, прашања што се однесуваат на дигитализацијата на работењето на Собранието во рамките на Националната стратегија за дигитализација, идејата за Библиотека на Собранието и за други актуелни прашања од интерес на работењето на Собранието и прашања од интерес на државата, с е наведува во соопштението.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook