Луис Енрике пред полуфиналето со Баерн М.: Нема подобар тим од ПСЖ - Канал 5

Луис Енрике пред полуфиналето со Баерн М.: Нема подобар тим од ПСЖ

Предводникот на бранителот на титулата во Лигата на шампионите, францускиот гигант ПСЖ, Луис Енрике, со голема доза самодоверба го најави првиот полуфинален дуел од Лига на шампиони против Баерн Минхен.

Луис Енрике пред полуфиналето со Баерн М.: Нема подобар тим од ПСЖ

Францускиот шампион верува во своите шанси пред пресметката на „Паркот на принцовите“, особено по освоениот трофеј минатата сезона.

Енрике потенцираше дека во вакви натпревари нема јасен фаворит и дека нијансите ќе ја направат разликата, како што беше случај и во претходните дуели со Челси и Ливерпул. Според него, освојувањето на титулата минатата година донело олеснување, но сега амбицијата е уште поголема и мотивот е да се повтори успехот.

Клучот за евентуален триумф, според стратегот, ќе биде балансот меѓу нападот и одбраната. Тој нагласи дека против тим како Баерн, кој игра офанзивно, неопходно е максимално искористување на шансите, но и дисциплина во дефанзива.

ПСЖ влегува во натпреварот во одлична форма, со речиси комплетен состав, што дополнително ја зголемува самодовербата во тимот. Енрике истакна дека токму завршницата од сезоната е моментот кога сите тренери сакаат нивните екипи да бидат на врвот.

Говорејќи за ривалот, Енрике не штедеше пофалби за Венсан Компани и неговиот тим, нагласувајќи дека Баерн е еден од најатрактивните состави за гледање поради офанзивниот стил на игра.

„Ова се двете најдобрите екипи во Европа, иако и Арсенал има одлична сезона. Ако се гледа константноста, Баерн можеби е малку пред нас бидејќи имаат само два порази. Но според она што го прикажуваме на теренот – нема тим кој е подобар од нас. Уште кога не влеговме во топ 8 во главната фаза, кажав дека не постои подобар тим од нас“, изјави Луис Енрике.

За составот, тренерот порача дека има „слатки маки“, бидејќи сите фудбалери се подготвени и ќе избере најдобра комбинација за да се оствари позитивен резултат.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од недела задолжителна зимска опрема за сите возила

Од недела, 15 ноември, стапува на сила обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилата, вклучително и зимски гуми, која ќе важи до 15 март 2027 година.

Од недела задолжителна зимска опрема за сите возила

Обврската важи за сите моторни возила што учествуваат во јавниот сообраќај, без разлика на временските услови и дали на коловозите има снег или мраз.

Возачите кои нема да ги исполнуваат пропишаните услови ризикуваат да добијат казна од 45 евра а целта на мерката е поголема безбедност во сообраќајот во текот на зимските месеци.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Пица вафли

Во петок (06.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Стојне Карадакоски - Баба Ружа

„Гответе со Дракче“ - Пица вафли

Состојки за денешниот рецепт:

120 гр. брашно

100 мл. млеко

1 јајце

2 лажици доматно пире

100 гр. кашкавал

1 прашок за пециво

1 лажиче италјански зачин или оригано

100 - 200 гр. шунка или салама

100 гр. кечап

100 гр. мајонез

масло

сол, бибер и др. зачини по избор

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Рути: Сè уште не е јасно дали мирот е близу

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека останува нејасно дали мирот е близу, по новите трилатерални разговори во врска со конфликтот во Украина и средбата меѓу американските претставници и рускиот претседател Владимир Путин.

Рути: Сè уште не е јасно дали мирот е близу

„Многу е тешко да се каже. Она што го знам е дека сите вклучени страни – првенствено Стивен Виткоф и Џаред Кушнер, како и Европејците и Украина – работат неуморно за да стават крај на оваа војна“, изјави Руте за агенцијата АФП за време на самитот на европските политички лидери во Даблин.

Тој одби да ја коментира суштината на преговорите, но нагласи дека САД, Европа и Украина се „на иста страна“. Руте ги отфрли сугестиите дека Русија би можела да влијае врз одлуките на Алијансата, откако и од Вашингтон и од Москва пристигнаа навестувања дека европските безбедносни аранжмани би можеле да бидат преиспитани како дел од тековните разговори.

„Ова не е тема за дискусија“, додаде Руте, пренесува агенцијата „Срна“. Руте нагласи дека е „многу важно“ Европејците, Украина и САД да постигнат договор за тоа што е прифатливо, а што не.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер