Куриер и Руседски: Новак Ѓоковиќ е најдобриот тенисер на сите времиња, неговата статистика го потврдува тоа!
2Куриер и Руседски: Новак Ѓоковиќ е најдобриот тенисер на сите времиња, неговата статистика го потврдува тоа!
ЗабаваЛуѓето се убедени дека тие двајца се татко и ќерка (видео)Прилично се изненадени откако ќе дознаат дека имаат три деца...Керолин Фулц има 31 г., но изгледа како да има 16 г. Керолин Фулц е Американка од Аризона која има 31 г., и речиси 10 години е во брак со Дру Фулц (35), со кого имаат три деца, од девет, шест и три години. Меѓутоа, нејзиниот сопруг е висок околу два метра, а Керолин е висока околу метар и пол, има ситна градба и младолик изглед, па многумина мислат дека таа на Дру му е ќерка, а не жена. Освен тоа, повеќето луѓе што го запознале парот, сметаат дека таа има најмногу 16 г. Еве со кое прашање најчесто се соочува Керолин. -Кога сум сама во паркот со децата, најчесто ме прашуваат во кое средно школо учам. Пред некој ден, работниците што ни дојдоа дома, претпоставија дека сум им постара сестра на моите деца. Луѓето честопати помислуваат дека сум ќерка, а не сопруга на Дру, па се изненадени кога ќе има кажам дека имам повеќе од 30 години – изјавила Керолин, а пренесува „Сан“. Таа и Дру ја започнале врската во 2011 г., а се венчале во 2014 г. За медениот месец решиле да одат на Флорида, во Дизниленд, но тоа не се покажало како добра одлука. Оваа млада жена неодамна ги сподели искуствата од тој ден. - Вработениот во Дизниленд беше убеден дека сум ќерка, а не сопруга на мојот маж, дури и ме избра за претставник на децата за време на ручекот во еден од рестораните на паркот – објаснила Керолин на Тикток. Снимката е прегледана милиони пати и им се допаднала на 775.000 корисници на мрежата, а во коментарите луѓето споделиле слични искуства. - Јас всушност бев со татко ми, и тоа бев полнолетен, отидовме на вечера и келнерот ми го даде детското мени. Имав 22 години и нарачав алкохолен пијалак. - Шминкерот ме праша дали се шминкам за матура, иако се подготвував да ја преземам факултетската диплома, тогаш имав 32 години. -Имав 24 години кога почнав да предавам на училиште како наставник. Кога ме виделе колегите во ходникот, помислиле дека сум ученик, па ме прашаа зошто не сум на час. Еднаш ме одведоа во канцеларијата на директорот мислејќи дека лажам. - Стјуардесата побарала од сестра ми да ги помести седиштата, бидејќи малолетниците не можат да седат покрај излезот во случај на итност, а таа тогаш имаше 28 години. - Луѓето мислат дека јас и мајка ми сме сестри, со тоа што таа има 55 години, а јас 19, тогаш сфатив дека морам да ослабам! @lynwithoutline We’ll go from getting roasted on a viral level for going to #disneyworld ONE DAY of our #honeymoon to now spending our 9th #weddinganniversary at #greatwolflodge ❤️ #husbandandwife #heightdifference ♬ deja vu - sp33dsongsx Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
БалканВо Србија е уапсена градоначалничка на Вучиќ- пред два дена одбила да поднесе оставка Полицијата во Србија ги уапси градоначалничката на Смедерево, Јасмина Војиновиќ, раководителката на градската администрација, Ивана Стаменковиќ, и директорот на општинското комунално претпријатие „Зеленило“ и гробиштата, Мирослав Илиќ.Полицијата во Србија ги уапси градоначалничката на Смедерево, Јасмина Војиновиќ, раководителката на градската администрација, Ивана Стаменковиќ, и директорот на општинското комунално претпријатие „Зеленило“ и гробиштата, Мирослав Илиќ, објави Индекс, а пренесува агенцијата Анадолу. Сите тројца беа уапсени денес по наредба на Основното јавно обвинителство во Смедерево. Полицијата им нареди притвор до 48 часа, по што треба да бидат испрашани. Неофицијално, апсењата се поврзани со градската депонија Според неофицијални информации од локалните медиуми, апсењата се поврзани со проблемите на градската депонија. Засега не е познато за кои кривични дела се осомничени, ниту што конкретно било спорно во работењето на депонијата. Српските медиуми објавуваат дека апсењата се извршени по наредба на обвинителството, но подетално официјално објаснување за причината за апсењето сè уште не е објавено. Која е уапсената градоначалничка? Јасмина Војиновиќ (55) е членка на Српската напредна партија (СНС), предводена од Александар Вучиќ. Таа стана градоначалник на Смедерево во 2023 година, а претходно имаше неколку позиции во градската администрација. Од март 2023 година, таа е претседател на градскиот одбор на СНС во Смедерево. Пред нејзината политичка кариера, работеше како наставничка во основно училиште. По изборите, таа одби да поднесе оставка Војиновиќ се најде во центарот на вниманието по парламентарните избори во Србија на 25 октомври, на кои СНС ја изгуби власта на државно ниво. По изборите, група локални опозициски активисти влегоа во нејзината канцеларија и побараа нејзина оставка, тврдејќи дека по изборниот пораз на СНС, таа повеќе нема политички легитимитет. Градоначалничката одби да поднесе оставка, а Вучиќ потоа јавно ја поддржа. Денешното апсење досега е поврзано со проблемите околу градската депонија, а не со постизборните настани.Тагови: Александар Вучиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаНова драма во Краков: Маж пукал во полицијата, користел посебен пиштолДенеска кратко по 13 часот, во близина на улицата Бежановска во Краков, маж пукал во полицајци, кои одговориле со предупредувачки истрели и го совладале напаѓачот. Во инцидентот нема повредени, јавува Радио Краков. Како што објави полицијата во Краков, полицајците добиле пријава за маж кој се движел низ улицата Бежановска носејќи предмет што личел на огнено оружје. За време на полициската интервенција, мажот почнал да пука кон полицајците. Тие одговориле со предупредувачки истрели, по што напаѓачот го фрлил предметот од кој пукал. Потоа полицајците го совладале и го уапсиле. Осомничен е дека користел пиштол за стартување Според првичните информации, уапсениот најверојатно користел пиштол за стартување, односно оружје што произведува звучен ефект на истрел. Сепак, полицијата нагласува дека точниот вид оружје ќе се утврди по детален преглед. Во инцидентот нема повредени. Полициските екипи се уште се на местото на настанот и ги утврдуваат сите околности на пукањето. Инцидентот се случил пет дена по терористичкиот напад Инцидентот се случил само пет дена по терористичкиот напад во Краков, што дополнително ги зголеми загриженостите за безбедносната состојба во градот. Сепак, во моментов нема информации што укажуваат на поврзаност помеѓу двата настани. Во терористичкиот напад што се случи на 7 ноември на Главниот плоштад во Краков, 24-годишен маж со автомобил влетал на плоштадот, а потоа почнал да пука кон минувачите. Во нападот загинале шест лица, а 15 биле повредени. Напаѓачот потоа се обидел да избега, но бил ранет и уапсен по размена на оган со полицијата. Тагови: краков Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоУтре променливо облачно со температура дури до 25 степени, заладување од сабота Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со повремени локални врнежи од дожд, информираат од УХМР. МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА 12 Попова Шапка, 14 Зајчев Рид, Тетово, Крушево, 15 Лазарополе, 16 Струмица, Претор, 17 Велес, Скопје Петровец, Демир Капија, Гевгелија, 18 Охрид, Кавадарци, 19 Штип, 20 Виница, Берово, Прилеп, 21 Крива Паланка, Битола. ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ Времето денес беше променливо облачно со слаб до умерен, наместа повремено засилен, ветер од јужен правец. Во вечерните часови и во текот на ноќта ќе има услови за слаби локални врнежи од дожд. ВРЕМЕТО УТРЕ Променливо облачно со сончеви периоди и со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува засилен до силен ветер од јужен правец (наместа со брзина над 80 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 13, а максималната ќе достигне од 18 до 25 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 24 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Под влијание на серија од влажни бранови следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Утре ќе преовладува релативно топло време со температури кои ќе бидат значително над просекот за овој период од годината и ќе дува засилен до силен ветер од јужен правец (наместа со брзина над 80 km/h). Од сабота поради продор на постудена воздушна маса од север температурите ќе бидат во опаѓање, особено во северните делови.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter