Луѓето полудеа по најновата комбинација на облека на Ријана (фото) - Канал 5

Луѓето полудеа по најновата комбинација на облека на Ријана (фото)

Би имале ли храброст за вакво нешто?

Луѓето полудеа по најновата комбинација на облека на Ријана (фото)

Пејачката Ријана (35) го покажа трудничкиот стомак во мантил од змиска кожа, спортски дуксер со качулка и сандали со змиски принт. Гордата идна мајка на уште едно бебе, вака дотерана, повторно доминираше за време на една вечера во Санта Моника, и никој не остана имун на нејзиниот изглед.

Со сивата качулка од дуксерот, Ријана ја покрила косата, но го покажала лицето со едноставна шминка што ја надополнила со црвен кармин.

Ријана и нејзиниот избраник, раперот Aсап Роки (34), добија син во март минатата година и моментално го очекуваат своето второ дете.

Минатиот месец, британскиот Дејли Мејл откри дека американската поп-ѕвезда го именувала својот син РЗА Ателстон Мајерс по продуцентот и рапер РЗА, лидер на кланот Ву-Танг, кого раперот и пејачката го обожаваат.

За време на појавувањето на Мет Гала, Ријана за „ЕТ“ открила дека нејзината втора бременост се разликува од првата.

-Не чувствувам глад и мачнини, сè е поинаку и јас уживам - изјави пејачката.

Ријана додаде дека е опседната со своето синче. Таа слично нешто вели и за второто бебе чијшто пол не го открива.

Да потсетиме, Ријана и Aсап Роки се пријатели и соработници повеќе од една деценија, а во последните години заедно посетија многу „црвени теписи“. Тие ја обелоденија нивната врска дури на крајот на 2020 година.

По настапот на Супер Боул и откривањето на бременоста, парот се појави на мартовската насловна страна на британскиот Вог, каде Ријана изјавила дека Роки и е „најдобар пријател“ и признала дека не може да се сети каков ѝ бил животот пред да основа семејство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Акциска контрола за брзо возење – за шест часа констатиран 541 прекршок

За сите констатирани прекршоци преземени се соодветни мерки согласно законските прописи.

Акциска контрола за брзо возење – за шест часа констатиран 541 прекршок

На 15.10.2026 година, во периодот од 14:00 до 20:00 часот, на територијата на целата држава, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола насочена кон санкционирање на возачите кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната.

При спроведената контрола констатиран е вкупно 541 прекршок, од кои 250 се однесуваат на возачи кои ја пречекориле дозволената брзина надвор од населено место, додека 291 прекршок е констатиран во населено место.

Во текот на контролата констатирани се и 58 прекршоци од друг вид.

За сите констатирани прекршоци преземени се соодветни мерки согласно законските прописи.

Министерството за внатрешни работи продолжува со зајакнатите сообраќајни контроли на целата територија на државата и апелира до возачите да ги почитуваат ограничувањата на брзината и да го приспособат управувањето со возилата на условите на патот, со цел поголема безбедност на сите учесници во сообраќајот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Поплави ја пустошат Турција: Бројот на жртви расте (ВИДЕО)

Четири лица загинаа, а тројца се водат како исчезнати во поплавите што ја погодија Турција, додека Генералниот директорат за метеорологија издаде жолто и портокалово предупредување за 45 провинции поради нови обилни врнежи од дожд и бурски ветрови.

Поплави ја пустошат Турција: Бројот на жртви расте (ВИДЕО)

Портокалово предупредување е издадено за Истанбул, Бурса, Коџаели, Јалова и Сакарја, додека жолто предупредување важи за уште 40 провинции, објави денес Хуриет.

Локално се очекуваат многу обилни врнежи од дожд во Истанбул, особено од пладне, а северните и анадолските делови на градот би можеле да бидат најизложени на ризик.

Многу обилни, локализирани и интензивни врнежи од дожд се прогнозираат и во Бурса, Билеџик, Коџаели, Сакарја, Зонгулдак, Бартин и крајбрежните области на Дизенгоф.

Обилни врнежи од дожд и грмотевици се очекуваат и во делови од Егејското, Медитеранското, Централно и Источно Анадолија, како и во западните и централните региони на Црното Море.

Метеоролозите предупредуваат и на силни ветрови и бури, со налети од 50 до 70 километри на час, повремено и до 80 километри на час.

Во некои области се очекуваат налети на бура од запад и северозапад, додека во други региони ветерот ќе дува од југ.

Поради ризикот од ненадејни поплави, лизгање на земјиштето, удари од гром, град, оштетување на покривите и прекини во сообраќајот, на граѓаните им се препорачува да бидат внимателни и да ги следат предупредувањата на надлежните служби.

На поголеми надморски височини во провинциите Бурса и Кутахја се очекуваат лапавица и снег во текот на ноќните и утринските часови.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

АХВ: Запленети и уништени се 1000 килограми пилешки желудник

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведоа вонредни инспекциски контроли во месарници во Струга и Охрид, при што запленети и уништени се 1000 килограми пилешки желудник кој е забранет за увоз и користење. 

АХВ: Запленети и уништени се 1000 килограми пилешки желудник

Дополнително, запленети и уништени се и 55 килограми подготовки од месо каде бил употребен пилешки желудник. Против две месарници кои не го почитувале донесеното Решение за забрана за увоз и употреба на пилешки желудник наменети за човечка исхрана, во производство на подготовки и производи поднесени се соодветни прекршочни санкции.

Спроведените контроли на Агенцијата во месарниците во Охрид и Струга се дел од засилените контроли кои се спроведуваат во насока на спречување на нелегалните активности во прометот со овој вид храна, сузбивање на овој вид криминал и заштита на здравјето на потрошувачите.

Со цел обезбедување на висок степен на заштита на јавното здравје и интересите на потрошувачите, Агенцијата во јули 2024 година донесе решение за забрана за увоз и употреба на пилешки желудник наменети за човечка исхрана, во производство на подготовки и производи од поради утврдени потенцијали ризици од употребата на мускулниот дел од желудникот на живината по здравјето на луѓето - можна контаминација со патогени- бактерии и вируси, присуство на токсини и сл. Решението за забрана АХВ ја донесе врз основа на резултатите од спроведената анализа на ризик од можни опасности по здравјето на граѓаните од консумација на овој тип внатрешни органи од живина по здравјето на граѓаните и од резултатите од спроведените инспекциски контроли со кои тогаш беше утврдена злоупотреба и измама на потрошувачите од страна на неколку месни индустрии.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер