Луѓето кои остануваат во брак без љубов често веруваат во овие четири лаги - Канал 5

Луѓето кои остануваат во брак без љубов често веруваат во овие четири лаги

Да се остане, или уште полошо, да се заглави во брак без љубов, честопати е сложен и емотивен процес. 

Луѓето кои остануваат во брак без љубов често веруваат во овие четири лаги

Според психологот Рокси Зараби, причините зошто луѓето ја носат оваа „одлука“ се движат од страв од осаменост до чувство на потрошено време во врската, но тоа често води до уште потоксична и безизлезна ситуација.

Иако може да биде тешко и застрашувачки да се започне одново, нема срам во тоа личноста да се избере себеси, да избере искреност и нов почеток - дури и ако на другите им треба време да го прифатат тоа. Според терапевтите и другите советници, луѓето кои остануваат во брак без љубов честопати ги кажуваат следните четири лаги.

1. „Премногу е доцна за нов почеток“

Многу луѓе кои остануваат во брак без љубов веруваат дека е „премногу доцна“ за нив да започнат нов живот, но тоа е само изговор. Без разлика дали имате 25 или 80 години, никогаш не е предоцна да ги ставите сопствените потреби на прво место и повторно да пронајдете среќа.

Почнувањето одново може да биде застрашувачко, но дури и неколку години вистинска слобода и мир вредат повеќе од живот поминат во незадоволство. Луѓето кои живеат свесно, ден по ден, разбираат дека животот и врските се менуваат и дека никогаш не е предоцна за промена, пишува YourTango.

2. „Останувам поради децата“

Психотерапевтот и брачен советник Мел Шварц истакнува дека децата учат преку набљудување на односите на своите родители - нивниот пристап кон љубовта, изборите и комуникацијата го обликуваат нивното разбирање за бракот како возрасни. Затоа изговорот „Останувам поради децата“ честопати прави повеќе штета отколку корист.

Иако разводот може да биде болен и тежок, многу е поштетно за детето да расте во дом без љубов и наклонетост. Давањето прилика себеси и на децата да видат искрен, топол однос со поддршка и разбирање значи да им дадете поздрав пример за љубовта.

3. „Попрво би бил несреќен отколку сам“

Стравот од осаменост е една од најчестите причини зошто луѓето остануваат во врски кои повеќе не ги исполнуваат. Овој страв често произлегува од ниска самодоверба, зависност од туѓото одобрување или финансиска несигурност. Меѓутоа, ако некоја личност не се чувствува добра сама со себе, бракот нема да ѝ донесе мир или сигурност.

Здравиот однос бара рамнотежа помеѓу заедништвото и индивидуалноста, а некој што не може да замисли среќен живот без својот партнер е всушност врзан за врската од погрешни причини.

4. „Не заслужувам подобро“

Многу луѓе ја изедначуваат вредноста на својот живот со квалитетот на врската во која се наоѓаат, што доведува до чувството дека не заслужуваат ништо повеќе. Но, исто како што работата или материјалните добра не одредуваат кои сме, така и односот во којшто сме не мора да ја дефинира нашата вредност.

Ако на некое лице му е тешко да сочувствува со себе и ако не верува дека заслужува мир и среќа, ќе му биде потешко да најде сила да си замине. Сепак, промената е секогаш можна - дури и по многу години, ако врската носи повеќе стрес и вознемиреност отколку поддршка и љубов.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Паѓа цената на нафтата на светските берзи: Барел Брент се стабилизира на околу 85 долари

Сигналите за смирување на ситуацијата на Блискиот исток, по најавите на амеркинаскиот претседател Доналд Трамп за нова рунда преговори со официјален Техеран втор ден по ред ја намалуваат цената на нафтата на светските берзи.

Паѓа цената на нафтата на светските берзи: Барел Брент се стабилизира на околу 85 долари

Сигналите за смирување на ситуацијата на Блискиот исток, по најавите на амеркинаскиот претседател Доналд Трамп за нова рунда преговори со официјален Техеран втор ден по ред ја намалуваат цената на нафтата на светските берзи, но ситуацијата и натаму е неизвесна.. Барел од типот Брент денеска падна на околу 85 долари.

Премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање рече дека очекува следната недела да има поголемо намалување на цената на горвата, но владата вели внимателно ја следи ситуацијата. Ако има потреба најави дека може да има ново намалување на акцизата или евентуално намалено ДДВ кај дериватите, но тоа вели ќе се знае в понеделник откако ќе го завшрат анализирањето на движењето на цените на берза за втората половина од месецов.

„Сега завршува онаа втора половина од месецот и веќе во понеделник ќе направиме просек за втората половина од месецот и врз основа на тие параметри ќе се делува на цената на нафтените деривати добро е што два дена по ред паѓа цената денеска се стабилизира на некој 85 – 86 долари за барел така што веќе следната недела очекувам поголемо намалување на цената на дизелот и бенизните ..... “- Христијан Мицкоски – претседател на Влада.

Инаку со вчерашната последна одлука на регулаторна бензините поскапеа за 3, дизелот за 4,5 денари – тоа значи дека од денеска еуросупер 95ка се продава по цена од 93 денари, 98ца се точи за 95 денари, додека литар дизел чини 98,5 денари.

Вчера првиот регулатор Ацо Ристов, објасни дека причина за енергетската криза не е самото производство на нафта туку преработката на деривати, бидејќи вели воените дејствија оштетиле голем дел од капацитетите на рафинериите на глобално ниво.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Крилниот центар Дерек Вилис е шестото засилувања на Партизан

Српскиот евролигаш КК Партизан го претстави шестото засилување! 

Крилниот центар Дерек Вилис е шестото засилувања на Партизан

Американскиот кошаркар Дерек Вилис е официјално новото засилување на Партизан.

205 сантиметри високиот Вилис потпиша двегодишен договор со „црно-белите“ од Белград.

Станува збор за класичен крилен центар, односно играч на позицијата „четири“.

Дерек Вилис имаше солидна сезона во Евролигата, со просек од 5,8 поени, 3,9 скока и 1,2 асистенции, при што реализираше 55 проценти од обидите за два поена и 37 проценти од оние за три поени, што го направи атрактивна опција на пазарот.

Вилис забележа уште подобри бројки во француското првенство, со просек од 7,6 поени, 4,8 скока, 1,2 асистенции и 0,8 украдени топки за помалку од 19 минути по натпревар, остварувајќи импресивни 65 проценти реализација за два и 43 проценти за три поени.

Американецот роден во Кентаки му се приклучи на тимот на Жоан Пењароја и е шестото засилување во екипата што се формира за претстојната натпреварувачка сезона во Евролигата.

Пред него, во црвно белиот табор пристигнаа Кевариус Хејс, Ламар Стивенс, Алесандро Пајола, Никола Танасковиќ и Лука Вилдоса.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

О. Крушево: Водата за пиење во Општина Крушево е исправна и безбедна за употреба

Трите последователни анализи извршени од Центарот за јавно здравје – Прилеп потврдија дека водата е здравствено исправна и ги исполнува сите законски пропишани критериуми за безбедност.

О. Крушево: Водата за пиење во Општина Крушево е исправна и безбедна за употреба

Општина Крушево ја информира јавноста дека, согласно резултатите од трите последователни лабораториски испитувања извршени од страна на Центарот за јавно здравје – Прилеп, водата од градскиот водовод ги исполнува сите законски пропишани параметри за квалитет и е здравствено исправна и безбедна за пиење.

Причината за привременото отстапување во квалитетот на водата беше технички прекин во функционирањето на системот за хлорирање, предизвикан од прекин во снабдувањето со електрична енергија. Веднаш по отстранувањето на дефектот беа преземени сите неопходни мерки за нормализирање на процесот на хлорирање и континуирано беа спроведувани контроли на квалитетот на водата.

Трите последователни анализи извршени од Центарот за јавно здравје – Прилеп потврдија дека водата е здравствено исправна и ги исполнува сите законски пропишани критериуми за безбедност.

Ги известуваме граѓаните дека водата од јавниот водовод во Општина Крушево може слободно да се користи за пиење, подготовка на храна и за сите останати потреби во домаќинствата, без потреба од дополнителни мерки или ограничувања.

Општина Крушево и Јавното комунално претпријатие ќе продолжат со редовен мониторинг на системот за водоснабдување и со континуирана соработка со Центарот за јавно здравје – Прилеп, со цел обезбедување сигурна, квалитетна и здравствено исправна вода за сите граѓани.

Им благодариме на граѓаните за трпението, разбирањето и довербата што ја покажаа во текот на изминатиот период.

Општина Крушево

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер