ЖивотЛуѓето ја газат штом ќе видат дека расте во нивниот двор, а всушност од оваа билка може убаво да заработат!Не е за фрлање – билка што сите ја газиме сега носи сериозна заработка!Копривата, растение кое повеќето сè уште го доживуваат како обичен коров, сè почесто добива ново место во земјоделството. Со растечката побарувачка за здрава храна, природни препарати и органско производство, стручњаците оценуваат дека оваа самоникната билка би можела да прерасне во сериозна пазарна култура. Иако расте речиси насекаде, преминот од берење во природа кон организирано производство бара многу повеќе од собирање – клучни се контролата на квалитетот, стандардизацијата и правилното управување со одгледувањето. Каде да се одгледува? Стручњаците истакнуваат дека за пазар се препорачува одгледување од расад или ризоми, бидејќи овозможува подобра контрола на квалитетот и рамномерен развој на растенијата. Копривата најдобро успева на почви богати со азот, со умерена влажност и делумна сенка, а во поинтензивно производство се препорачува и систем за наводнување „капка по капка“. Една од клучните предности на копривата е нејзината способност за брзо обновување. Во повеќегодишни насади можно е да се постигнат од шест до осум косења годишно, што овозможува континуитет во производството. Токму оваа карактеристика ја прави интересна за производители кои бараат стабилен извор на суровина. Фото: Michael Schwarzenberger / Pixabay Пецкањето исчезнува при обработка Препознатливото чувство на пецкање при допир со копривата го предизвикуваат ситни жарни влакненца кои содржат супстанции како хистамин и ацетилхолин. Сепак, овој ефект исчезнува по термичка обработка, па копривата безбедно се користи во исхраната – најчесто во чорби, пити и чаеви, но и како додаток во различни производи. Лековитите својства сè повеќе во фокус Копривата има долга традиција во народната медицина, но сè повеќе се користи и во современата фитотерапија. Богата е со витамини и минерали, а најчесто се користи за: -зајакнување на имунитетот -подобрување на крвната слика -детоксикација на организмот -поддршка на работата на бубрезите Покрај тоа, екстрактите од коприва сè почесто се користат во козметиката, особено во препарати за коса и кожа. Ризици кај самоникната коприва Иако е лесно достапна, копривата од природата може да претставува ризик за потрошувачите. Стручњаците предупредуваат дека растението може да апсорбира штетни материи од околината, особено ако расте покрај сообраќајници или во близина на индустриски зони. Исто така, може да содржи зголемени количини на нитрати, што влијае на нејзиниот квалитет. Затоа, за посериозно производство сè повеќе се препорачува контролирано одгледување. Клучот на заработката е во преработката и квалитетот Најголемата вредност на копривата не е во суровата билка, туку во нејзината преработка. Сушената коприва, прашокот, екстрактите и готовите производи постигнуваат повисока цена на пазарот, додека стандардизацијата и контролата на квалитетот се основа за сериозен пласман. Фото: Silvia/ PixabayТагови: заработувачка коприва природа Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеБесплатни скрининг тестови за рак на простата денеска во ЖелезничарВо здравствениот дом Железничар денеска ќе има бесплатни тестирања за рак на простата. Бесплатниот скрининг е наменет за мажи над 45 години и ќе се спроведува во рамки на кампањата „Мовембер“ односно ноември - месец за подигнување на свеста за машкото здравје. Бесплатните прегледи ќе се одвиваат од 13 часот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПредлог буџет за 2027 година на собраниска комисија Во Собраниската комисија за финансирање и буџет денеска на дневен ред е предлогот на буџетот на Македонија за 2027 година, во второ читање. Поднесени се над 100 амандмани. Согласно проекциите, вкупните приходи на буџетот се планирани на ниво од 395,4 милијарди денари, расходите на ниво од 440,4 милијарди денари, додека буџетскиот дефицит е проектиран во износ од 45 милијарди денари или на ниво од 3,5% од планираниот БДП. Отстапувањето од фискалното правило е резултат на очекуваниот фискален ефект од потребата за исполнување на обврските од членството во нато алијансата за капитални вложувања во одбраната, со утврден износ од 2% од БДП-то. Проекциите на даночните приходи се планирани на ниво од 223 милијарди денари, со што тие учествуваат со 17,4% во БДП-то. Воедно износот на проектираните приходи е намален за 1,5 милјарди денари поради обврската за враќање на солидарниот данок кој се прибираше во 2023 година, а врз основа на законско решение за кое уставниот суд заклучи дека тоа било неуставно.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПредлог буџет за 2027 година на собраниска комисија 08:31По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
МетеоПроменливо облачно со сончеви периоди и температура до диури 25 степениВремето денес ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува засилен до силен ветер од јужен правец (наместа со брзина над 80 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 13, а максималната ќе достигне од 18 до 25 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 24 степени. МИНИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (во 0С) 7 Попова Шапка, 9 Крушево, Лазарополе, 10 Гевгелија, 11 Скопје – Петровец, Струмица, 12 Скопје – Зајчев Рид, Охрид, Претор, Кавадарци, Тетово, Битола, 14 Прилеп, Куманово, Берово, 15 Велес, 16 Штип, Крива Паланка, Виница, Демир Капија. КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 24 часа до 07 часот во (l/m2) 9 Лазарополе, 5 Пожаране, 3 Битола, 2 Претор, 1 Попова Шапка, Крушево, Куманово. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Под влијание на серија од влажни бранови следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Утре ќе преовладува релативно топло време со температури кои ќе бидат значително над просекот за овој период од годината и ќе дува засилен до силен ветер од јужен правец (наместа со брзина над 80 km/h). Од сабота поради продор на постудена воздушна маса од север температурите ќе бидат во опаѓање, особено во северните делови.Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПредлог буџет за 2027 година на собраниска комисија 08:31По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20